@elcezelce @Igle колкави ви се бебушите? Моево е 6 и пол месеца и последниов месец е исто така. Ај викам до забите е, и му излегоа два но уште ми правеше така навечер. И решив да му воведам уште еден оброк, со консултација со педијатар и еве посмирен е ноќеска веќе четврта ноќ по ред. Планирав ручек со 7 полни месеци да воведам, но не секогаш се оди по табела. Докторот рече бидејќи напредува, си бара и повеќе оброци. Бил гладен.
@Вереничка грчеви може и до 6 полни да има, не е правило дека до 3 месеци траат. Кај твоето грчеви ми личат, кај останативе ко да е скок во развој, повеќето околу 6тиот месец. Мене така ми беше со првото, со второво не толку изразено.
За една недела полни 6. Ќе одиме и на контрола, па ќе прашам за втор оброк. Иако не би брзала, и овој сега кога како го јаде
Моето е 6 месеци и 9дена, ние баш вчера бевме на педијатар и ни кажа да воведам втор оброк и еве почнав да пробам само новите намирници по неколку дена и ќе воведам и оброк па ќе видиме како ќе биде.
Цел ден ти го чуваш? Или ти доаѓа бар некој близок да те замени малце да поспиеш едно 2-3сата? Дали го уморуваш убаво детето за да заспие порано?
За бебињата кои цицаат, ако сакате да се наспиете земете ги да спијат со вас на спална. Кога ќе закенка малку само му ја даваш градата и тоа си цица ти си спиеш. Јас можам да кажам дека од како почна да спие со нас, а тоа беше некаде околу 6тиот месец се наспав ко човек. Се буди и сега по неколку пати во ноќта, ама не му дозволувам да се расони, само му ја нудам градата (и така ми е цело време надвор) ќе цицне некогаш помалку, некогаш повеќе и продолжува да си спие. И бебе среќно и мајка среќна!
Го чува и мм, доаѓа понекогаш сестра ми или некој, не е тоа проблем... како д ауморам 6 месечно бебе? Се глед адека пп три триипол саати е веќе уморен и му се спие, ама не сака да спие :/ @Lolipop23 мојов не цица легнат нит мене ми е така удобно...нит него... и секако не с ебуди за цицање цело време па плаче ако понудам, а не му се цица...
Вака на пример кај мене е следнава ситуација бебе легнѕва во 7 максимум 8 часот и спие се до 6 или 7 сабајле зависи, во текот на ноќта јас станувам за млеко моето е на ад и се буди околу 3пати и продолжува со спиење, кога станува сабајле се пресоблекуваме и станува мм,и го превзњма со чување а јас поспивам 3-4 сата обавезно, (среќа што мм има своја фирма) па може да си дозволи да биде дома кога сака, потоа станувам и ги почнувам обврските секојдневни јадење пиење играње и бебе заспива околу 12 и спие саатипол, (прва дремка), потоа станува играме пееме се галиме вежбаме и доаѓа време за ручек, после ручекот повторно играме и знае некогаш да го фати втора дремка околу 5 но нркогаш и не, после одиме кај баба му и дедо му или кај тетка му колку воздух да го фати бидејќи не го изнесувам мн надвор и тие многу го играат и детево се уморува бара млеко и заспива сам и тера до сабајле нели како што ти кажав по редослед со неколку пати станување за млеко, те прашав за уморување бидејќи некогаш и самите бебиња имаат вишок на енергија и потребно им е навистина да ја истрошат истата целосно за да би можеле да заспијат мирно инаку во спротивно се кенкави, бараат почесто во рака, итн итн
@Igle и јас спијам со бебче и дојам, исто воопшто не ми е згодно легнати да се доиме, но се поткревам, бебе во раце и го дојам. Тој уште не е расонет, го сеќам уште штом закенка, па само ќе се нацица, пак го местам до мене и си продолжува. Моментално спие од 18.30ч ќе спие до 06 - 06.30ч сигурно Како да измориш 6м бебе! Јас моево 2.5м успевам да го изморам, а не пак ти. Го шеткам, со тропалциња си играме, некоја светлечка играчка му пуштам, му пеам и го закачкам и чекам сам да клапне, инаку не успивам. Ти со 6м бебе можеш и многу повеќе, па биди креативна
Во право си, инаку заборавив да пишам дека ние сме 7+ месеци, го потседнувам и во мало послужавниче метално му ставам тропалките и тој само тропа со тоа играчките врз послужавничето ама и дека е металик уште толку му е интересно или пак обожава ќеси шарени што шушкаат многу, му ги врзувам неколку или за дубачето или за нешто што има стабилна рачка и тој само ги фаќа жив среќен е, ете ние така се заигруваме
Си игра така, тропалки, џампер, подлога, на меше поминува време...верувам се изморува... Браво за бебето на емкаемка
Некои бебиња се едноставно такви Мојата во 1 ке заспиеше и во 3 се будеше свежа и играше до 6_7сабајле,така до пред некој месец ми правеше И сега се буди до душа ама макар не си играме Значи година дена секој ден,спиев вкупно од 2 до 4 часа
Ве читам и исто како јас да сум пипувала. Еве и ние почнавме да не спиеме навечер. Бебе е за некој ден 7 месеци. И точно како што кажавте почна накај 6ти месец. Се надевам дека е некој скок што ќе помине за кратко. Еве вчера сам заспа на кревет што до сега не ми се случило. Се заспиваше во раце. Го оставив на кревет да се врти да се измори малце и планирав да го успивам. Се вртеше се вртеше и сам заспа. Ама затоа ноќта се будеше на секој саат. Тоа е ќе се надеваме дека ќе помине, а ако не помине ќе се навикнеме.
Јас многу работи сум пробала ама нема никакви шанси да заспие сам ,значи преуморно е го играме го закачаме занимации еден куп има ама заспивање сам никако ,заспива или со цицање или со нишање(второво во последно време почесто) .Сум пробала приспивни песни ,проџектор му пуштам го оставам не заспива резултатот е само се разлутува и почнува да плаче .Така кога ќе ми речат некој роднини ти си крива ти сама си го научила така ,глупости и јас сакам само да заспие ама едноставно не сака ,а несакам да го оставам бебето да ми плаче зашто да го вознемирувам дополнително .
Да бе да знам мајката е крива за се, може да заспива со шише сврти го на страна шишето до него и нека си цица и така ќе заспие.
Isto i jas, i davam mleko so sise go ispiva mlekoto ja vrtam na strana i zaspana e..u slucaj da pocne da kenka samo za glavata ke ja pogalam,ne ja zimam da ja niskam ili pa ke i zboruvam deka sum tuka i se smee pa ke zaspie..
Јас прва сум за тоа бебе да спие во креветче. Ама во последно време се почесто се будам со извадена цицка и бебе до мене. Душа немам. Станува секој саат некогаш и помалку од саат. И цело време вади, стави во кррветче. Не знам што ќе беше ова... Кај нас трае 2/3 недели. Ама ај си викам,нека е жива и здрава. Како сите така и јас. Инаку сме врсничиња со @elcezelce 2 дена разлика.
До сега несакаше, се имам пробано. Ама еве сега може ќе се научи. Сега го ставив во креветчето си го испи млекото и си заспа.