Да си се пожалиме само ние си се разбираме... Големата имаше поголеми дремки преку ден одев на предавања тогаш ќе ја заспиев и излегував. И моево ме преморува иако е 3ипол месеци и криво ми е што не е расположено. По твоево да очекувам и на 6 мес ќе биде нерасполжено. И јас секако пробав единствено што надвор некогаш повеќе поспива. Мм си доаѓа во 15ч ама има обврски со големата, на активности, на родендени, така да и јас сум сама. Бебе е цицач лепенка и не можам јас да искочам а тој да ја чува.
Мене ми викаа после 3 месеци дека ќе смени ама не се случи тоа. Можеби ќе смени, се зависи од детето. Знам некои бебиња кои после 3 месеци беа спијачи, ние не бевме едни од тие.
Јас за малку ќе се помирев со тоа такво си е детето Се прашував што правев погрешно, дека второ... Ама ме фати инает, видов отприлика распореди за возраст и секој ден легнување и будење во истото време ако се успие А ако потстане го лулав за да си ја фати дремката до кај што треба така успеавме некако.. е сега при скокови, еве и настинст беше, се измести малце тоа, ама се врати брзо на старо
Здраво мајки, ве молам за помош навистина не знам каде грешам со детето а второ ми е ( демек имам искуство). Малата е 5 месеци, вечер заспива покрај 20:00-20:30h и се буди за еден саат кенкава и неке да зпрезаспие и се така до 22:00-23:00.Време на будност пред успивањето и е 2-3h.
Колку спие вкупно и колку спие дење? Кога завршува последната дремка, и зошто не се обидеш подоцна да го легнеш, да видиш како ќе е ? Поубаво е порано да, ама некогаш не функционира..
Претходно спиеше 11ч ноќе и преку ден околу 4ч, ова со будењето го прави отприлика една недела веќе, пробав и покасно да ја успијам пак се буди за 1ч и пак се презаспиваме
Мајки каде грешам кажете еве веќе недела дена не можам да го заспијам за денско спиење, пробав порано, пробав покасно, на време никако не оди. Спие 40-45мин се буди и после половина час почнува да е кенкав зошо не е доспан. Еве сме и денес, стана во 7 како по обичај, цицаше се пресоблековме играше, во 9 цицање облекување во количка и на прошетка (единствен саат, саат ипол што го спие мирно) дојдовме дома кај 10ипол стана, во 1 пак дремка од 40мин од кој 25 на града, не цица не влече ама не ја пушта никако. Се тргнав го оставив на кревет ете ти го се опулил. Сега во 3ипол го легнав во 4 се опули, ајде да не му давам да цица пак лежев до него, не бе прсти ке си изедеше во 4и20 го земав а ја фати градата одма мижи спие, преморен за спиење е. До 10 до 5 и ја пушти. Сега да видам до кога ке спие. Не знам нормално ли е ова, што му стана на детево, убаво заспиваше со доење ама ке го оставев и ке отспиеше саат два нормаално ова сега мир се нема
Не мора да значи дека не е одспан. Моето во денот скоро никогаш не спие повеќе од 30мин, после 2часа будност 30 мин дремка. Сум гледала на саат точно ги отвара очите како да има некој внатрешен часовник. Можеби сака да си спие помалку денски за да ти спие повеќе навечер.
Не можам за навечер да се пожалам, во 9и30 ми заспива до 7 спие со 2 станувања, се надевам дека нема тоа да му се изремети..
Нема да те утешам за жал мојот кој наполни 2ипол 3 месеци почна вака да праи, безврска цели денови ни биле ова траеше до негови 8 месеци.. преку ден никако не знаеше да врзе дремка освен надвор у количка... се надевам нема да е и твојот така пробај со бели звуци, на yourube пушти му фен или правосмукалка види што ќе упали.. едно време само усисував по дома за он да поспие или го оставав така усисивачот да работи мојов и сега на 8+++ спие со бели звуци преку ден, инаку одма се буди...
Ох... да не се мачам значи, само што наполни 3 месеци пред една недела. Ја не знам како се наспива ноќе мрда прета, истото што го прави преку ден и преку ноќ, нема ли умор ова дете...
@Carolin. Мало е бебето за да е толку долго будно од 10:30 до 13. Саат и пол будност од прилика е за таа возраст. Колку дремки има? Моето има 5 и пол месеци и максимум може да е будна 2 часа и околу 10-15 мин.
Кога ќе помине 1 час, следи знаци за спиење. Сепак 2,5 часа се многу за тримесечно бебе. Кога ќе дојде регресијата и ќе смени на 3 дремки, тогаш ќе почне полека да зголемува прозорец од 1,5 час и да стигне до 2 часа.
Помагајте ☹️☹️ Бебе има 9,5 месеци и уште нема преспиена ноќ. Конкретно синоќа легна во 8 и се будеше во 10, 11:30, 1:30 цица и си презаспива. Следно стана во 3:30 и беше будна еден саат. Сега е на градата ама онака мислам за утеха, нервозно шмука. Преку ден две дремки по 45 мин, или некогаш првата и саат и пол може да е. Преку ден има 3 оброци ама едвааај до 300-350 грама да изеде вкупно и сака постојано да цица. Пример и да касне оброк 130 грама, ако треба за пола саат да спие кај мене обавезно бара да цица. Мм може да ја успие без да се буни. Како да ја одвикнам од толку цицање навечер? Како да почне да преспива? Како да почне да јаде повеќе? Од јануари во градинка треба да оди паника сум цела...
Пробај прати ги прозорите на будност како што ти кажа Оли, види и нет има отприлика распореди види кој ќе ви одговара да се обидеш да го вметнеш, ма да мислам е малечко за тоа, после 4-6ти месец со распоред да си пробате.. сега само прозори на будност и ти посакувам да не е ко мојов вампир
Вака некако и кај мене е деновиве. Не спие долго, го сеќавам кога му се спие и го заспивам, некогаш и пола саат од ко ќе стани пак заспива, спие 20, 30 мин, некогаш 2 саати ќе отспие. Последнава недела е вака, ама па последниве 2 дена ноќе спие поубаво, од 11 до 6 и пол завчера без ич да се разбуди, сношти од 11 до 5, па цица и презаспива, обично 7 е станат, денес до 8 спиеше, стана го преслеков, цицаше малку, повеќе си играше на града, малку полежа и пак бараше да спие, пак цицаше и еве заспа а 9ч е. Јас го следам него штом почни да плачи со раце да се греби по лице го заспивам. Иначе ми е чудно како спиеше овие 2 дена ноќе толку, тешки вака да спие ноќе, со првото се премачив, по цели ноќи на цицка, дури на 2 и пол год цела ноќ почна да ја спие. И пак сум истата мајка ама децава се скроз различни од сега, ова неколку пати има само заспиено, со првото тоа и ден денес го немам доживеано. 3 скок од денес почнува според апп. 3 месеци вчера направи
Има надеж. Најголем бебе неспијач имам, само чекај да помине 6ти скок и ќе промени. Мојот е сега 10месеци, веќе почна да спие навечер со едно будење. Инаку 9месеци заборавив што е спиење