Кај нас вика дека завршил пред 2 дена 3 скок ама може и покасно да почнал. Буквално од бебе што ми заспиваше на цицка и одспиваше по 3 саати од 10 до 1(тука си спојуваше две дремки мислам дека) , после втора дремка од 3 до 4ипол 5 па трета од 5ипол до кај 7 ипол, секако со пола саат разлика не баш стриктно ама тоа време. Сега сум изгубена со детево еве го денес стана во 9, во 10ипол го заспав 30мин и се опули. Во 12 побара да цица пак заспа 30мин и еве сме среќни и весели на подлога јас му возам камион а тој се смее како во слика
Тие се циклусите на спиење до кај 8/9 месеци. 30 или 45 мин. За да поспие повеќе, на 29мин земи го во раце да врзе два циклуса. После 9м би требало сами да врзуваат пивеќе од 1 циклус. Инаку ко тајмер се, нема утка до минута
6+ сме, спиеше цела вечер со будење за цицање, сега почна да станува и да си седи така едно саат време. Најадена е, чиста пелена, поминавме скок, докторката вика нема абер за заби. Што може друго да биде?
Вие со 8 месечни бебиња што спијат ко што треба, може ли да ми кажете отприлика каков распоред имате во текот на денот. Детево мое крај не му се фаќа. Не знам веќе што да направам и сменам за да почне да спие. Има денови има дремки по саат ипол , два. Има денови само пола саат и се. Некогаш навечер само 1,2 пати се буди, некогаш на 1 саат. Стварно не знам што да правам веќе. Ама почнувам со работа уште малку и така страв ме фаќа како ќе функционираме.
Регресија во спиење има тој период. Имаше денови ни еден саат не врзуваше навечер моево, а и најдолго траеше таа регресија. Хаотично беше.
Дали е нормално бебе скоро месец дена старо немирно да спие? Ќе заспие па почнува да кемка и да си го трие лицето со рачињата и да се тегне, па ќе се смири и за неколку минути пак исто.
Има некој искуство со индивидуална програма за спиење кај Сања, др Гуднајт? Решена сум да земам, па да ми кажете дали кај некој стварно има помогнато?
Мајки кога бебињата почнаа да ви спијат денски настрана од вас? Читам многу често новороденчиња денски спијат само во скут, на гради, во раце.. Како се одвикнавте потоа од тоа, и кога? Моето е 2 месеци и само така дреме, во креветче 5-10 минути само спие откако ја ставам цврсто заспана. Слушам различни мислења, едно дека мала е и сака гушкање, друго дека стварам лоши навики за понатака...
Да не има грчеви? Слично правеше, ама и се будеше скроз многу често навечер, со кенкање и тегнење, и кога објаснив на педијатарот даде дијагноза грчеви.
Моето искуство вели дека нема да се навикне. Јас ја држев да спие некаде до 4ти месец постојано, потоа кога видов дека не се буди толку често почнав да ја оставам. Инаку секое оставање се будеше за 5мин. Кога ќе научи убаво да спие сама, нема да сака веќе во раце, такада мислам дека не е до држењето туку до самото бебе и неговото спиење.
Околу 4-5 месеци, веќе и поголемко ќе стане и ќе си сака простор, ќе почне да се врти Не е лоша навика, ќе се навикнете после во креветче, јас го гушкав/нишкав и после спуштав во креветче, се бунеше и сѐ така додека се измори.. ама за неколку пати се научи
Моето уште има една до две дремки на мене, сега до душа се сите со мене зошто не знам со спиењево преку ден што му се дешаваше ваљда е последица од скокот па изгубивме ред некако и пак се учиме. Инаку сме 3++ ама обавезно една дремка ја спие кај мене на гради и веќе гледам дека уште малку и нема да го збира и сака да се тегне повеќе, ќе ми фали многу да ми биде гушкалче за дремки. Гушкај додека можеш
Од кога почнаа вашите бебиња да имаат само една дремка? Цел 9ти месец теравме со две дремки и тоа скоро во исто време, за по еден месец буквално 1 дремка да и е малку, две многу. Спиеше на пример денес од 16:00-17:00 втора дремка и тоа и на неа успивањето хорор и еве сега за жива глава не сака да заспие. Значи 6+ часа е будна. Ни без светло, ни бели звуци, ни со млеко, никако. Или пак има некоја регресија во 10ти месец?
Пред вакцината моето бебо спиеше прилично ок (заспиваше пред 9, будење од 2 до 4 некој момент, па околу 5 - 7). После вакцината пред 2 недели се се поремете, ама еве последниве неколку дена си се враќа во нормала. Прашањево ми е, дека сега сме 3 месеци и недела, дали таа фамозна регресија околу 4 месец е иста кај сите бебиња; со неспиење и све тоа и трае долго?? ептен ме фаќа паника за неспиење
жПред вакцината моето бебо спиеше прилично ок (заспиваше пред 9, будење од 2 до 4 некој момент, па околу 5 - 7). После вакцината пред 2 недели се се поремети, ама еве последниве неколку дена си се враќа во нормала (пу пу!!) или барем така изгледа. Прашањево ми е, дека сега сме 3 месеци и недела, дали таа фамозна регресија околу 4 месец е иста кај сите бебиња; со неспиење и све тоа и трае долго?? ептен ме фаќа паника за неспиење