Уфф мислам да пробаш уште два дена, па ако не бива почекај 2-3 недели па пробај пак.. еве сега наполни една годинка и 50:50 е, некој ден си заспива сам без да плсче а некогаш не ми дава да го ставам во креветче, го гушкам на спална и кога ќе зацврсти го ставам во креветче. Колку месеци направи?
Мајки дали треба да ставам нешто под душекот за да се накоси да не е на рамно бебето? При испис не ни кажаа ништо, во болница му ставаа само тетра пеленче под главче на тенко па не знам дали да пикам нешто ќебенце од доле или нема потреба? И дали малце како на страна да го оставам или на грб да спие?
И подигнато и на страна се става ако има мака со бљуцкање многу, со рефлукс, ако се е во ред нема потреба, на грб си е најдобро. Ако е во некоја друга позиција треба да го проверуваш да не се излизга надоле или да не се сврти на стомак, зошто додека не научат сами да се вртат, на грб е единствената позиција за безбедно спиење на новородено.
Ако не бљуцка, на грб најубаво и најбезбедно Ќерка многу бљуцкаше и ѝ ставав перниче под душек, колку да не е на рамно скроз.
@Fenix05 Јас само тетра ставам,под главче исто како што беше во болница. И настрана ми е свртено ради формирање на главчето ми рекоа да го ставам на страна, наизменично и лева и десна да вртам. На грб не би да го легнувам,бидејќи ако поврати назад може да му се врати, а на страна нема опасност. Со првото ми беше благо подигнат душекот и плус перниче ама тоа дека повраќаше.
Супер фала ти, јас така како во систина го местам и гледам дека бебко само се подместува полустрана лево десно, со рачињата, знае да бљуцне па и јас се чувствувам посигурно кога не е скроз на грб а и сам се преместува кога ќе го оставам целосно така.
На грб легнато, а главчето свртено на страна е најбезбедна положба за новороденче. Без перници и слични реквизити во креветче
Има 4 месеци, знам дека е рано, затоа не форсирам. Ама не заспива со цицање, не во количка, треба мнооогу нишкање за да заспие и знам дека и за неа не е добро толку многу клатење па затоа се трудев да најдам друг начин..
Дали нон стоп е вака или сега почна да ти прави ? Најверојатно сте во 4 скок. Не го форсирај во креветче, прераздразлив им е скокот, бараат повеќе комфорт. Така да само повеќе гушкање, да го смируваш и не го оставај само да спие премногу се раздразливи и се плашат. Ние цел 4 месец го поминавме со спиење со нас и заспиваше само со цицање легнато така, како почна да поминува скокот и да се смирува без проблем си продолжи да спие во креветче.
Дали има некоја регресија во спиење на 11-12 месечна возраст? Или се успиваме по 2 часа или ако заспие без проблем, па се буди сред ноќ и добар час, два си седи, си игра во креветот. Ок, некогаш има и плачки. Цела недела веќе трае ова.
Да. Врзана е со проодувањето. Додека не прооди стабилно ќе се буди. Следната регресија по оваа е на 18м
Да во 4ти скок сме се уште, а веќе подолго време е вака, од почеток на трет скок.. Во право си многу се раздразливи, фала многу за совет
Е баш ќе потрае ова како што нема абер од одење. Секој ден како зомби сум на работа. До толку мака со спиење сите минати 11+ не сме виделе.
Да, и се вика co-sleeping Некогаш нема поента да одиш против ветрот, земи го со тебе на спална и наспијте се. Нема да му стане навика пошо цело време нешо менуваат.
Не ми е јасно 2.5ч е веќе буден не плаче само гледа сменета пелена најаден денес не знам што му се случи скроз е различен од претходниве денови.... 1 недела има
Не се секирај малечко е бебето. Знам дека многу работи можат чудни да изгледаат, ама мало е и ќе си дојде понатака на редот. Всушност, секоја недела може промена да има во спиењето. Не се секирај, и да плаче и да спие повеќе или помалку, сѐ е очекувано од мало бебе.
Мајки, дали 11 месечно бебе е веќе задоцнето за тренирање за спиење? Сакам да го учам да заспива на креветче самото, како би изгледало тоа? Ајјде дајте некакви tips and tricks please.
Човек учи доддка е жив па така и бебињата. Да пробаш да ставиш душек на земјата, јас така направив, ќе игра бебето додека не заспие од умореност. И така се научи сама да си спие оти пред тоа беше навикната во една лулашка да заспива, со саати ја лулав во тоа, мускули набив