Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиењето на вашето бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 2 октомври 2013.

  1. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.705
    Допаѓања:
    11.231
    Пол:
    Женски
    Не ми е опција, фучи студено од паркетот и некако не ми е соодветно местово за така. Имам транспортно креветче, фино е засега. Само предизвикот е да го префрлам во него и детето кога ќе го ставам, фино да си заспие. Тој уште не е распентерен многу, досега се исправи на нозе ама не е толку спретен, колку брат му што беше. Е кога брат му го истренирав на 9 и пол месеци а одеше по мебел од 7 месеци, овој уште имам шанса.
    Вечерва го легнав, ама не ми е гаранција дека ќе ја тера цела ноќ.
    Спиење...кога...
     
  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Не е задоцнето туку само треба нерви да имаш зошто ќе има плачки, но ако се решиш да го тренираш треба упорна да бидеш и трпение. Јас на година и пол кога имаше ми прекипе веќе и сред ноќ му реков ако ти се спие спиј ако не глас да не чујам и толку беше стануваше уште 4 вечери ама глас не пушташе после тоа веќе не ни стануваше до ден денес :) Али кога ќе се разбудеше се преправав дека спијам и не реагирав на ништо зошто ако изреагираш толку ти е. Али јас бев претепана за спиење веќе зошто до 1 година плачеше ден и ноќ и ми скисна веќе тогаш.
     
    На elenaklasik и Spidy им се допаѓа ова.
  3. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.496
    Допаѓања:
    13.600
    Пол:
    Женски
    Супер пример си кажа, кога ќе ти прекипе тебе како родител да се заинатиш да воведеш ред тогаш ќе се научи детето. Единствено има разлика возраста и темперамент на детето дали 4 дена или 4 недели ќе се расправаш, ама ако доволно време му дадеш, нема шанси да не се научи на редот кој ќе го воведеш.
     
  4. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.705
    Допаѓања:
    11.231
    Пол:
    Женски
    Ќе имам нерви ако го знам начинот.
    За првото дете се обратив на доктор гуднајт и автоматски штом имам упатства и некој ме поддржува, тогаш знам што правам.
    Е сега не ми се плаќа повторно и као демек ќе искористам школото од тогаш. Ама пак имам сопки, не знам како. Немам трпение ако се буди ноќта.
    Еве до кај 1 часот спиеше ок, после се подразбуди, не знам дали од мојата нервоза и шо му свикнував, еве не може да продолжи.
    Не може да поврзи сон детево, одвреме навреме. Што му се случува?
    Па како јас ќе го тренирам вака ако е
    Сега татко му е со него, јас сум нервозсн, раката ме стегна од тапкање. Џабе трудот
    А скокот му заврши, забите подизлегоа, какан вчера стопати...не знам која е причината значи
    Многу ме измачи последен период, скоро месец има. Па за седмиот скок не беше вака ко сега.
    Блазе на тие што им спијат без тренинг по цела ноќ.
     
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Епа тоа е проблемот кај сите нас што малце трпение имаме си викаш ајде еднаш не бива два пати не бива си викаш ова нема ни да биде. Имаше еден педијатар вика не дозволувајте бебето да ве тренира вас и да ви ствара навики треба да е обратно. :)

    Види во што е проблемот со сопките. Дали е недоволно активно бебе па не се изморува, дали дремките се пократки од што треба и да не се преморува. Можеби се буди зошто мисли дека му е дремка тоа. Треба да му створиш навика дека навечер нема,јадење,нема цуцла, нема да станеш ти за да го презаспиеш и ќе си научи самото. Не те фатило доволно голем инат за да му се запнеш, а верувај дека подобро е и за него да преспие 8 саати врзани.
     
    На elenaklasik и Spidy им се допаѓа ова.
  6. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.640
    Допаѓања:
    7.292
    Пол:
    Женски
    Чекај сега да видам дали разбрав.
    Она додуша спие од 7 -8 до кај 2-3-4 и станува да јаде и пак спие до кај 6, па ја легнуваме кај нас до кај 7 ипол. Ова кога се ќе се поклопи.
    Е сега во последно време знае да стане само да не види. Да биде земена и братена во креветче или евентуално до нас да биде ставена.
    Ама синоќа не знам од каде испад два три саати се инатеа нешто со татко и, излегов оти ми здосади да ги слушам и легнав во дневна.
    Кај нас она ако сака да биде змена, токку силно рика шо комшиката ќе ј разбуди да дојде да ја земе.
    Како да се правам дека спијам? Не плачат ли вашите или ги оставате да поплачат. Оти јас и да ја гушкам до мене и галам она ќе се дере.
     
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.496
    Допаѓања:
    13.600
    Пол:
    Женски
    Јас апла оставав да плаче. Комшиите ќе ми бидат благодарни што плачела само 1-2-3 ноќи наместо постојано секоја вечер со месеци.
     
    На Panovic, Brpbrp и јolene им се допаѓа ова.
  8. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Тоа и е тренингот уствари да оставиш самостојно да заспие макар и да плаче. Нема вечно да плаче како што ти вика Спиди подобро 2 недели да рика и да се дере одколку ти да рикаш со месеци па и години и да те тренира. Според педијатрите после 3ти месец ако бебе се буди навечер не е од глад туку навика зошто веќе се повеќе будни преку ден повеќе и јадат. И затоа се ствара навика, нормално нема секој ден да е исто можеби некогаш ќе одстапуваат како на пример растење заби,настинка итн ама да не е цело време истото.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.640
    Допаѓања:
    7.292
    Пол:
    Женски
    Она имаше супер спиење навечер до пред четврти скок.
    И дури сама се заспиваше. Се заспа и минатата недела на два дена на дневени дремки сама и толку.
    Се врати пак на ај нишкај ме. Ај сега кружи околу собата..ај отвори прозор и под него на воздух да се успивам :@.
    Мислам да ние ја научивме така. И сега мора да ја одлучиме.
    Дневна дремка е пола саат. Имаше три. Сега почна порано да се буди и пак врати на четири.
    Е четири пати на ден по 10 мин минимум нишкање и носење, резултат мајка без раце и грб. Нон стоп чинам само вреќи облачам и звуци пуштам. Инаку 6 месеци е. Кога би имала барем една дремка дневна подолга од саат, супер ќе биде.
    А има денови и кога сама си се презаспива на дневна дремка и си спие саат ипол. Оти не успева секогаш, не знам.
    И друго кога плаче некогаш. Ама чинам ќе се зајде. Не е оставена до сега да се исплачува оти ем страв ми е ем грев ми е. И речиси не плаче, ама се дере од незадоволство. Посебни и звуците.

    И кај вас ли плачеа така? Со дерење зајдување?
     
    Последна измена: 14 јануари 2024
  10. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.705
    Допаѓања:
    11.231
    Пол:
    Женски
    Без смирување?
    Убаво спие преку ден, му се собираат 2 до 3 часа од двете дремки. Е сега јас лежам до него, за да се вклучам ако мрда нели при крај на циклусот се размрдува. Некогаш поврзува сам, некогаш јас малку ќе го наместам ќе го тапнам.
    Пред некое време уште поубаво спиеше преку ден, салам дремки. Добро тогаш и ноќе помирен беше, и да се разбудеше, со чајче пак ќе продолжеше. Се случи и до 5 6 часа без будење да е. Ама ова сега ме буни што го прави со будењево. Дали е развојно, зш се мести на колена, потстанува па мора да го враќам. Ама скокот заврши па, тоа ме буни. Можно ли е да се поврзат два скока еден по друг набрзо?
    Е сега за право што е, преку ден детево ретко шета, всушност детево не успеваме да го шетаме многу. Не дека можеби има удел тоа, секако дома се изморува покрај брат му.
    А ако се буди мислејќи дека е дремка, не верувам, зашто тој плаче тогаш, има тешкотија да призаспие. Да не плаче, да си седи така, да брбори ок, ама има мака. Деновите и многу кака, поврзувам и тоа ради запчињата можда додека пркнат сите убаво, бидејќи 4 запчиња наеднаш му растат истовремено.
    На која возраст тоа беше? Воопшто не ја земаше во раце дури плачеше?
     
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.496
    Допаѓања:
    13.600
    Пол:
    Женски
    Стари ми се мислењата на темава, пред скоро 5 год, следев распоред со тренинг за спиење, ако сакаш ќе ти ја пратам книгата. Ќерката ми спиеше 12ч поврзано на 3ипол месеца, ни цицала ноќе, ни сум ја презаспивала. Срга сум трудна со второ и пак планирам да го следам истиот тренинг. Има и плачење, не е тој пристап за секој, ама мене ми беше ефикасен, и неколку членки има на кои низ годините сум ја препорачала методава и исто имале успех. Ама ако не си решен да воведеш и одржиш ред, не е битно дали е тренинг со плачење или без, ништо не е ефикасно ако не е конзистентно.
     
    На lackygirl, Panovic, Brpbrp и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.640
    Допаѓања:
    7.292
    Пол:
    Женски
    Може и мене да ми ја пратиш? Да го проучам методот?
    Фала :l:
     
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.496
    Допаѓања:
    13.600
    Пол:
    Женски
    Пушти ми маил адреса во дм.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Ќе има потешкотија да заспие ако знае дека еве ја мама ќе дојде и ќе ме утеши. Затоа и ти викам некои денови можеби и нема да спие убаво ради мака како заби, коските особено ако го видиш да се тегне не го кревај бебе зошто така си ја олеснуваат болката кога им растат коските ако го кренеш само полошо правиш иако во тој момент рикаат зајдуваат како мислиш дека го коле некој.
     
    На elenaklasik и јolene им се допаѓа ова.
  15. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
  16. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Ние сме 7.5 недели
    Синоќа ми стана во 12 и дури во 7 сабајле ми заспа
    Не мачат и грчеви ама околу 3 вришти корни
    Ве молам за совет како до полесно успивање
    Еве денес се трудам преку ден да е повеќе буден
    Се плашам да не му остане оваа рутина немам сила да го издржам ова темпо
     
  17. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.705
    Допаѓања:
    11.231
    Пол:
    Женски
    Дали твоето тогаш кога го тренираше на некој начин, користеше цуцла и дали пиеше од шише?
    Дали цуцлата може да ми ремети во спиењето или нема гајле... пример кога би му паднала од усте и слично.

    Еве вечерва пак го легнав во креветче, му помагав само со тапкање на газето. Заспа за 3 4 минути.
    А отпрво кога го легнав, се побуна заплака, додека му го местев ќебенцето. Потоа го завртев странично, му ја ставив цуцлата и го тапкав кратко. Можеби требаше и без тапкање да пробам да го оставам самото, ама ми беше страв да не се растревожи па да не можам да се справам. Ајде не може наеднаш, вечер по вечер.
    Верувам дека ќе си го запознае барем местото на заспивање и кога ќе го легнам да си заспива полесно.
    А сега вечер ако станува и како вчера да не ми презаспива подолго време, што да му правам? :( само ќе го тапкам а ако не се смирува, ќе го земам во раце.
    Е вчера така го зедов во раце и што дека кога пак не заспиваше, ама бар во раце ќутеше, во скут.
    Нешто има има што му крши сон.
     
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Ако не се смирил и во раце значи не е до рацете. Види дали се тегне кога плаче или нешто друго, знам во секунда нерви ти се спојуваат кога ќе рикне ама пробај студирај го што прави и зошто плаче. Иначе да проблем е цуцлата зошто може да плаче за нејзе.

    Моето не пиеше млеко од 9 месеци сам го прекина, а цуцла никогаш не фати.
    Размисли како му е пример во градинка 20 бебиња плачат сите не можат да ги држат во раце и пак се сведува на тоа да го оставиш да се исплаче и ќе заспие. :)
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.506
    Допаѓања:
    4.580
    Што значи тегнењето при плачење?
     
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.498
    Тогаш ги болат коските т.е. растат и тоа навистина боли, препорака е и од ортопедите да се остава бебе да се истегне зошто така си ја намалуваат болката, доколку се земе во раце тоа уште ќе плаче и никако не му се помага туку повеќе му се одмага. Затоа треба да се види за што е плачот на бебето
     
    На Fenix05 и Lavender13 им се допаѓа ова.