Здраво што направивте, дали почнавте некој режим на спиење или почна да спие? во истото сме сега и се мислам и јас за некој тренинг за спиење
Ne pocnavme...mi rekoa treningot e 12 000...nemam tolku sedstva a iprimavme vakcina i na pregledot nemase duplirano tezina. Mankase 200 300 grama. U cetvrtok zakazamv na maticen. Pa ke vidam so ke kazat. Site mi velat gladna e zatoa stanuva a veke davam 2obroka.pominavme 4ti 5ti skok regresija se i pak ne se vraka sonot. Ke zemam ke puknam veke
И кај нас не е до јадењето... Бебо е 69 цм, 8,5 кила, а 5 месеци... Најверојатно ова ни се случува ради тоа што не можат сами себе да си се смират и некоја форма на тренинг за спиење ќе биде потребна доколку сакаме да ги одвикнеме од ноќното будење односно потребата за цицање за да презаспијат многу бев против идејата ама ако не се смени ништо после скоков.... можеби ќе мора...
Чајот е на бекутан, има и во ДМ некој тој бил без шеќери. Свесна сум дека можеби не е добар , али 11 месеци сум без сон со две деца сама секоја ноќ по 100 пати станување ми стана кошмар. Почнав чести главоболки да имам од неспиење, недоволно јадење. И го давав чајот 1 недела и ете ја се стабилизира со спиењето колку толку. Еднаш обавезно станува за млеко , али не останува будна уште 2 саат додека да презаспие.
На Бекутан за добра ноќ што е ? Со камилица итн? Кога го даваш и колку мл? Јас ќе пробам на бебо мој се надевам ќе пивне, он освен млеко и вода неќе да види друго, ни на хип сокче ни домашно цедено
Да тој е , и го ставав навечер во млекото за успивање 150 мл. Машкото кај мене уште ни вода ни сок само АД, ама затоа ако види дека се пие кока кола или кафе се пушта со трчање.
Таман една година пауза има спиев ко човек сега со малово пак неспиење. Значи од се останато ова најтешко ми паѓа. Штом почнува да се стемнува надвор и мене ми се темни пред очи оти знам дека секој саат ќе станува. Ќе цица малце и задремува, в креветче е точно 5 мин и се буди. Следниот саат е легни стани.. Бебето е старо 2 недели и деновиве му се претворени во ноќи и обратно. Знам дека е рано за да воведам ред се ми е јасно, само си ја кажувам маката. За будење ја будам ама многу тешко,кома е. А тек 4ти месец што ме чека читајќи ве вас..
Вечерва петта вечер. Истото го повторувам од минатите ноќи, за да мозочето ја прифати навиката и рутината. Го држам точно пред креветче во скут, пие млеко од шише (иако почнав со доење и терав месеци така, од некој негов 8ми месец вклучив и вештачко млеко Бебелан и некако сум психички порелаксирана). Кога го испи млекото, му ставам цуцла и го префрлам во креветче, со запалено странично светло. Тука пратам негова реакција. Вечерва немаше некое бунење кога го легнав, некако чекаше, очекуваше наредно. Гасам одма светло, го покривам со ќебе и демек прилегнав. Заплака како од мака како демек ми се спие а како да заспијам. И тука додека лежев со прстите тапкав на душечето и стишив малку па заспа за максимум 5 минути, што е доста солидно. Според искуството со првото дете, го тренирав на 9 и пол месеци, тој вриштеше првите ноќи, се будеше и ноќе дури се научи додека беше тренингот. Е ова бебе ме изненади што не плаче толку, всушност не покажува дека му пречи што оставам на него. Малку му помагам, да, ама не ставам рака на него, барем се трудам на дистанца штом го ставам во креветче. Можеби му е убаво кога го спуштам, сфаќа што е следно и така е спремно. Е сега, во текот на ноќта се буди, се мрда, мислам онака се врти па ќе кемне, па дали со цуцла, дали со некоја голтка чајче ќе продолжи. Вчера покрај него мајка ми беше рече до кај 3 часот ок, во креветче со малку помош. Ама неколку ноќи се буди од кај 3 4 не може да продолжи. Вчера ноќта до кај 4 и пол се мачеше. И го зеде во раце. Ама не плаче, туку онака како м'мкање, како завивање бебешко. Не знам зошто, знае ли некоја да ми објасни што се случува тој период. Знам дека на 10 месеци бебињата биле спремни за да ја научат рутината што му ја правиме. Сакале многу рутина и ист ред на нештата. И навистина е важно да се стават будни во креветче, свесни каде ќе заспијат. Дури сега и со рачињата е смирен, а претходно мораше да чепка во уста, по лице да ме копка. Кажете дали има надеж, дали со тек на време ќе спојува или пример ќе се навикне да се заспива во креветче ама да не продолжи да ми се буди ноќе? Ај добро нека се буди, ама зошто не може да продолжи некогаш. Дали му пристудува, дали до воздухот е, таман е влажноста и температурата, дали со носето што му тече па му се слева секрет. Да ја поздравам и @Brpbrp зашто некако ме охрабри да продолжам со оваа рутина, фала ти А ти Оли, како е кај вас?
@Sofi.ja пробај денски скрши ја асоцијацијата на цицање со заспивање и водете се по спие јаде игра спие... Ноќе пробај биди истрајна кога ќе стане прв пат, земи го до тебе ама не давај да цица. Знам дека со големо дете дома е многу потешко, да не се разбуди и тоа па журка. инаку моево утре праи 4м па и мене којзнае што ме чека, џабе се тешам дека знам. Иако кај мене не заспива со цицање ноќе зошо мора да се исповрати едно 10 пати пред да заспие а и зошто уште има повремено грчеви вчера на 1 саат се будеше во грч.
Може и од носето да е, но сепак ќе си фати рутина затоа се тренираат од помали полесно е. Магија да очекуваме за неколку дена не можеме али на добар пат сте. Можеби е скокче можеби е забче, обично ако м'мкаат како нелагодност им е т.е. не им е по ќејф но на некои работи некогаш мора крај да им се стави да се пресече. Ова можеби ти е по прилагодливо бебе сепак е карактер во прашање има некои бебиња инат се ќе се дере ден и ноќ и нема да го истренираш и душата ќе ти ја извади Мило ми е што ти подпомогнав
Како што ти пишале најрано после регресијата зошто таа мислам дека е и нај напорната регресија и долга како целА вечност.
Добро е, значи имате напредок. Ќе се научи, му треба време сепак најверојатно, мислам дека сте на добар пат. Кај мене ситуацијата хаос со петтиот скок, едвај чекав да помине и скок и регресија. Се среди, се смири и решена бев да правам промена. Ми заспиваше за ноќно и после 30 минути на секое се будеше за презаспивање ако ја легнев порано и така се до кај 1 по полноќ, потоа знаеше да сврзе до кај 2 часа. Најмачно беше презаспивањето на 30-40 минути, само што си ја заспал, ете ја пак будна. Па научена беше со цицање да заспива, не можев да станам од кревет воопшто. А и поголемото си има потреби, јас зомби, едно време не можев ни јадење да му спремам од умор и од неспиење, а и од тоа што на секое само ја заспивав. Не консултирав никого, тргнав сама да пробувам. Следуваше период нели што е дел од петтиот скок со анксиозноста, па не се двоев од неа, прво почнав на кревет со мене да ја гушкам, да ја галам, да ја прилагодам прво со присутност. Најадена, да не се секирам дека е гладна и пробав. Знаеше да заплаче, да кенка, но најдолгото беше 20 минути и потоа се намалуваше. Ја смирував, тука бев до неа цело време. Брзо научи да заспива, не траеше тоа со денови, но јас продолжив на ист начин. Потоа ноќе почна многу да ми шета низ кревет во спиење, ми беше страв да не падне иако заградено беше. Повеќе не спиев отколку што спиев од страв, цело време на штрек. Ама таа веќе не се будеше после 30 минути откако ќе заспиеше. Следно што направив е во креветче да ја легнувам, да ја галам таму исто како во кревет, па само рака држев на душек (нешто слично како ти што си тапкала) и почна така во креветче да заспива. Не плачеше, не се бунеше. Седев до креветче додека заспие. И тоа траеше со денови, не ја оставав сама, чекав да помине периодот со анксиозноста за да пробам да не сум до креветче. Ама тогаш првпат заспав и јас раат без да се секирам дали ќе падне, дали мрднала, но првите ноќи повеќе се будев за да ја надгледувам како спие, да не зарива глава во душек и сл. Следно ја оставав во креветче, а јас на спална ќе легнев и така продолжи да заспива. Малку знаеше да закенка, но не плачеше воопшто. Ова најдолго го терав. Потоа ќе ја спуштев во креветче, ќе легнев и ќе се покриев преку глава со прекривач Као ме нема, да видам како ќе реагира. Си легнуваше и си заспиваше. Конечно, пред два дена се осмелив да ја сместам во креветче и да излезам од соба. И знаеш што? Само првиот пат закенка, легна и заспа веднаш. Јас ваква Очекував плачки, бунење. Еве два дена веќе ја ставам во креветче, ќе излезам, ќе се повртка ако не ѝ е веднаш моментот и си заспива. Но најчесто само спушта глава и за 2 мин е заспана. Ме потсети на тоа како заспиваше поголемото, баш вака, само што за него немав потреба од ништо. Сево ова траеше и повеќе од месец дена, иако сигурно побрзо ќе беше ако барав помош од Гуднајт или ако се прави крајаут. Не можам крајаут, нема шанси, тоа не ќе можев да го издржам, а и на Гуднајт не ми се даваа пари. Сега со парите за Гуднајт ќе им купам нешто Откако научи сама да презаспива, се будеше двапати ноќе, на 4 часа за млеко. Вчера првпат врза 6 часа. Спиеме заедно во соба, само што јас сум на кревет, а таа си е во креветче.
Супер приказна со убав метод и цел. Денес кај нас шеста вечер. Откако го спуштив, се трудеше да најде положба, се вртеше, малку кемнуваше, јас само со прстите на душекот тапкав. Мислам дека не ни му значеше нешто особено. И на крај се намести на меше и заспа. Му требаа нешто повеќе од 5 минути. Е вчера побрзо заспа ама ноќта повеќе се разбудуваше, кемнуваше, поткашлуваше и шлајм има. Ќе се научи ли да спие веќе? Аман уморни сме. Не знам како да го научам плус. Ете нели условот беше да заспие самото во креветче свесно каде се наоѓа. Е па така правиме. Јас мислев од одма резултати се гледаат. Добро, нит со првото дете не беше од одма, иако со него имавме вриштење уште од почеток на ставање и во текот на ноќта. Ама ноќе никако не ми се дава да го оставам да плаче, бидејќи неккао звучи како мачно да му е, завива, ммка, испушта звуци а не е баш плачење. И си велам ако го оставам самото, скроз ќе се разбуди и сепак ќе треба во раце да го земам - што и почесто го земам, кога гледам дека не бива. Ае квантна физика не е олку заплеткана. Да прашам, вие како поминавте за заспивање вечерва?
Бебе од 3 месеци без една недела колку дремки треба да има во денот? Ноќе засега добро спие, последно станува кај 23-0 часот и после кај 4 - 5 сабајле, па наредно околу 7.Денски се трудам да е буден најмногу саат и пол ама во последните денови не сака денски да спие сака да е исправен со главчето а и да заспие спие по 30-40 минути најмногу. Не знам дали јас грешам некаде
Јас ја оставам од 10 вечер до 10 сабајле вака најефективно ми се виде ние сме 2 месеци. А другото преку ден е на меше или во раце и не е тивко намерно го оставам и големиот за викенд да урла низ дома за да не се успива премногу. Навечер нема нишкање само лежи и сама да се заспие едино цуцлата ако сака да и ја наместам али цуцла само шмука ако нешто ја боли иначе без ништо.