@elenaklasik , моево од кај 11 месеци имаше периоди кога ќе го испие млекото за заспивање и почнува на вреска, да плачи едно 2 часа со ред да се мачиме да се успие. Веќе подолг период ноќе не спие мирно, се врти низ кревет, не се буди ама во сите положби се менува. Е сега почнав уште на првите знаци за умор, да ја ставам во вреќа, млекото и да спие. Некогаш заспива веднаш, некогаш 5-10 минути сака галење ама го немаме она врескање. Е сега ноќе исто околу роденденот почна да се буди околу 2-3 часот ноќе, претходно ќе и дадев млеко и си продолжува. Сега гледам да ја намалам количината на млеко, да се учи да презаспива сама. Значи не и влијае да 100 или 200мл ќе испие. Едноставно си се буди, си седнува во кревет, "си зборува", и по 10-15 минути презаспива. Пробав веднаш да и пуштам приспивна музика, уште полошо направивме, се расони повеќе, пробав јас да и зборувам тивко и тоа неуспешно. Сега не ја задевам многу. Само сепак сум будна и чекам да си презаспие. Инаку за sleep deprived, не знам дали некогаш поминува со дете, ама се надевам ќе дојде ден да речам се наспав.
Со првото се наспав после нејзини 2ипол години искрено Малово од ред убав што имаше сега сме скроз катастрофа, инаку 11 месеци.. Станува, се фрла по нас како каскадер, еве гледам почнал 7ми скок ама вака беше и кога не бевме во скок, како да му го вратам редот на детево? А дење е активен многу, лази се крева секаде, си игра со играчки, да кажам ги фрла која повеќе му тропа поинтересна му е И преку ден јаде за машала, да не го заречам Заспиваше сам, сега возиме количка и дење и ноќе, живци немам
Последните неколку дена бебе многу тешко заспива денски, до толку тешко шо плаче вика и целиот се вцрвенува. Не знам каде грешам, значи се разбуде од дремка цицаше, го подржав в раце да ждригни и да не бљуцнит, после во релаксатор малце со една играчка ја фаќа и ја пика в уста, па пелена пресоблековме и малце со мене гугаше се смеевме, и на крај пак со тропалчиња на подлога го ставив. Бебето е три месеци. Дали премногу го стимулирам, кај ми е грешката?
Istoto ova kaj nas se sluci...uste nedela dena i 7mi mesec. Nema promena budenje na 50 min do saat vreme. Uspivanje pa obavezno stanuva ednas dvapati otkiga ke go uspies....nema vrakanje na staro izgleda
Не знам стварно ама јас полудувам. Детето значи секоја вечер се буди, некогаш едвај призаспива, ммка ммммм кемка, звучи како да се нервира, како да се мачи што не спие. Што да правам значи? И мислев дека кога ќе почне да спие самото во креветче, дека ќе ја поврзува ноќта повеќе. Дали треба да го оставам да се исплаче онака крајно една вечер па да поврзува или пак ова е нешто ради скок број 8? Или многу му се 2 дремки. Втората му е до кај 16 часот, 16 и 30 најдоцна. Многу сум нервозна и фрустрирана, зашто вака прави. Ајде да речам се буди ама циц миц призаспива, ок. Ама ова значи не може да продолжи. Има дури и до 2 часа седено, да мрда да прета, да го тапкаме за да призаспие. Смачено ми е од комбинации правење а да нема ефект. Алал на сите што ви спијат. Камо мене такво да беше ова дете! Кога ќе слушнам дека некое бебе спие до сабајле, буквално завидувам. Мене јасно ми е почесто е бебето да не спие, зашто минува низ многу промени, а поретки се што спијат добро. И кога ќе ми рече ми спие до сабајле, одма сум прашалници, нели почнува да лази и твоето, нели му ремети сон?! Ама веќе накај годината, аман! Еднаш нека се научи и моето до сабајле!
Јас со првото бев исто вака како тебе. Буквално почнував да халуцинирам без сон. Не можев најосновни работи да завршувам затоа што бев утепана. Се пробав,со сите методи Ништо не успеа. Како што помина вториот роденден,детето преку ноќ се смени. Само од себе. Без ништо да направам. Од тогаш до сега веќе има 4ипол спие сам,без никакви промени.
Станува 7 - 7 и пол. Пред некој ден уште од 5 некако се разбуди и заспа пак потешко. Инаку му е тој опсег на будење од 7 до 8 ептен најдоцна и поретко. Ама тој не е наспан и да стане пример околу 6. Откако е роден, не станува толку многу рано. Дали дека ние му помагаме, уште од помал не дозволувавме да стане толку со кокошките. И се осеќа како ненаспан. Има бебиња нели се будат од 5 ама како свежи се, се муабетчии, одма можеш во дневна дс го однесеш. Овој не е таков. Инаку дремките му се ок. И за нив се трудиме со мајка ми да му се таман. Особено откако направи 8 9 месеци му се сталожија. Ама една лежи до него и интервенира ако треба, за да не е кенкав после и да добие таман сон преку ден. Дали си се научи да има придружба за спиење, не знам, секогсш една од нас лежи до него додека е дремката. Тоа почна ради поголемиот пред месеци, една мораше со едниот, другата со другиот, и така затеравме да си лежиме. Имаше и ноќи убаво спиеше, по еднаш до двапати будење и одма презаспивање. Овој скок ептен е изразен. Ама и вчера дете се напука јадење. Само напред, ама обилно си јаде, и денес од сабајле не сме го сетиле кога, ама беше искакан до грб! Можеби вчера му ровареше во мешето. Сега ќе намалам на храна. Дур го најдам чарето, ќе поминат уште месеци. Дали твоето дете потешко ги поминуваше скоковите од моторен аспект? Јас пак си велсм ајде дури да заоди, па можда ќе се стабилизира сонот. Овој скок партал е, е сега дали до скокот баш или до храната е тоа ммкање стварно не знам еве, а јас сум со детево. Да го боли нешто, сигурно ќе плаче. Ко за запчиња што плачеше со солзи. Ама ова е како мјаукање, ммкање, не знам...
Не знам дали да препишам на скоковите. Кај него во континуитет беше исто. Не дека кога ќе завршеше скокот ќе спиеше,па со нареден ќе му се ремети редот.. Едноставно од раѓање до 2 години беше исто темпо цело време со спиењето. И кога ќе нема мака од типот грчеви,заби,регресија он пак ќе кенка,ммка,ќе се буди..ниту една вечер во 2 години немаше преспано. После втор роденден,магично сам по себе смени.
Детево 2 денови е хорор со спиење целосно се смени. 3недели и 5 денови е. Штом го симнам од града во кревет одма плаче или е заспан и за5мин се буди со викање кенкање цуцла шмука со ммммкање не знам што бидна. Ќе го занишкам во раце 5мин ќе заспие го оставам за 5мин буден е а навечер кога ќе го нахранам директ во кревет заспива Да напоменам немирно спие мрда со рачињата, пушта звуци, заплакува па заспива, се тегне...
Ова мене ме асоцира дека едноставно е научено детето да му се помага да заспие. Се додека не е апла плачење, јас не би го сметала тоа за проблем. Па и да заплаче, не е толку мало бебе да му се секираш. Ако си сигурна дека е најаден, дека денот бил со убав ред, сите дремки на место, и нема некаков проблем од болест или болка, јас би ти рекла следно е cry it out. Или си тераш вака додека сам не смени.
@elenaklasik ова што ти го кажува Спиди е во право ммкање е нелагодност т.е. нешто не му е по ќејф на него како на пример ако не лежиш до него нема друшто и ќе ммка на крај ќе плаче и после ќе се навикне. Искрено сега да го пратиш во градинка како би заспал ќе ммка ќе плаче и ќе заспие кај можат 15 деца во раце да ги држат или ќејфови да тераат па и во галама како спијат ништо не им смета ни вриштење ни дерење само психа треба не дека скокот не влијае али почекај нека излезе од скок па пробувајте. Епа не го нишкај нека лежи и нека заспива така зошто ќе ти се буди и понатака со нишање. Или ако го нишаш, нишај го 5 минути па после седни 5-7минути без клацкање и после спушти го. Реално за цицање мора да го држиш и кај тебе во раце е нормално е кога ќе го спуштиш да се разбуди и да продолжиш со нишкање. Мојава е 2 и пол месеци и сеуште нема нишање во раце од почеток ја научив да биде легната цуцлата и да заспие ако претерува со кенкање и бунење пуштам дожд на јутуб и да врне со саати така се смирува одма али нормално погласно за да и се изолираат сите звуци како тропање чукање (во зграда се знае како е)
Мајки, тие што пројдовте 4м регресија, на колку дневни дремки сте? бебе спие од 7-7 со цицање измеѓу, меѓутоа самостојно заспива и ноќите се супер. меѓутоа преку ден, последниот прозорец на будност одвај го преживуваме од толку викање и нервози. Накај 9-10,30 дтанува од прва дремка, 1-2 има втора дремка, после тоа и на глава ако сакаш стои, не соработува и не дремнува пример 5-6 или било колку време. Периодот од 5 до вечерна рутина е хаотичен, проследен со плачње, завивање и фрустрација како и неможност за заспивање. Ем мерам на саат, цел ден се ориентираме како и кога ќе дремне, сум пробала да поместам, ама јок. давајте совети и помагајте
Колку му е прозорец на будност? Кај нас е 2 саати прозорец на будност со 3 дремки. Спиеше по 2 саати секоја дремка сега не, првата му е саат, ама 2 часа после станување му полнувааѕ сите, втората саат ипол и третата пак саат.
Прозорецот преку ден со двете дремки е максимум два саати, а кога ќе стане после втората, стигнува и до 5 саати. Ниту едно време претходно не сака да заспие. Пример ако стане во 2-2,30 докај 5 е супер расположен. Играме, се смееме. Тука го легнувам, не сака, и од 5-7 вриштиме
Да не сака две дремки? Ма да мал е за 2 дремки. За прва ако станува кај 9ипол значи штом станал одма легнал. Пробај првата да му ја поместиш покасно да му е