Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиењето на вашето бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 2 октомври 2013.

  1. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    Тамам му се дремките вкупно, во смисла не е малку.
    Рано е мислам за две дремки, а и доцна е 21, помал прозорец на будност треба, многу се саати. Мојава сега на 8 месеци издржува 3,5 пред ноќно.
    Моево во 18 стануваше од трета дремка, во 20 во креветче ја ставав и си заспиваше максимум до кај 20:20 од прилика, последната дремка и' беше 30 мин. Се будеше околу 8.
    На две дремки се префрли само што направи 8 месеци и оттогаш цела ноќ ја спие без будење.
     
    Последна измена: 5 февруари 2024
    На Amore123 и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  2. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    6.940
    Пол:
    Женски
    А зошто до 21? Ако ми стане во 17:30, а спиела предходно 1 час, значи е одморена колку толку и ќе ја легнеме накај 20 часот. Ако спиела само пола саат, тогаш веќе во 7 се почнува рутина и 7 ипол кревет.
    Нашето легнува од 19 до 20 часот. Ретко ама многу многу ретко ја легнуваме после 20. Практикувам ако треба дремка да ми прави во 18, да ја развлечам малку и да ја легнам порано нешто пред 19.
    Најчесто има три дремки, многу ретко четири. Четири се ако станала многу рано и спиела само по пола саат.
    Значи станување од 7 до кај 8.
    Прва дремка кај нас после два до два ипол саати. Таа скоро секогаш е само пола саат.
    Втора дремка после дваа стаати и се трудиме да е подолга. Ако сама не се презаспие тогаш јас пробувам. Околу саат ипол би била идеално.
    И уште една и доаѓа кратка пола саат, после два два ипол саати. И после трета дремка за дваа саати се почнува рутината.
    Спие ноќе од 20 часот, со едно будење за јадење, ама стопати ќе треба да презаспие и ќе треба да и помагнам да ја погалам или рака или нога.
    Е она спие. Јас не спијам. Еднаш во десет дена се комира и тогаш подотспивам и јас :rofl:. Сега следна недела ќе да е пак на ред :D:D.

    Ја би го будела ако ептен се успие на втора дремка, а треба да има уште една после. Некогаш ја будам и мојата. Не и давам да спие повеќе од 2 саати. Ама тоа секако не се случува кај нас стално.
    Во тој случај гасам бел звук и кревам малку ролетна и она сама се буди. Ако е во количка застанувам и кревам капак и она се буди. Без плачки и без стресови.
     
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.168
    Допаѓања:
    18.275
    Не спие повеќе од 2 часа на дремка.
    За ноќе не пишав, тоа е друга тема за која не би разговарала сега:D моментално не гледам решение,ќе си се гушкаме на секои 2 часа и тоа е тоа. Додека мама не стане зомби:bandit:
    Инаку не ми покажуваше знаци за спиење пред 21. Почна со некое кенкање околу 20:30, но тоа беше додека му поставам вечера на поголемото и додека му облеков пижами на малото. Пред 21 заспа ,еднаш се разбуди со изгубен поглед,го занишкав и презаспа. Сега уште спие(мирно).
    Ќе пробам утре да му оставам 3 часа прозорец на будност пред вечерно спиење.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mila_Mia

    Mila_Mia Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2022
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    На 26 степени. Облечено е на боди по кратки и пижами не многу дебели и секако без чорапи. Покриено е со 2 потенки кебиња.
     
  5. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    17.739
    Пол:
    Женски

    Топло да не му е? Кај нас ноќе климата е на 20 степени и на sleepmode па бебе е по боди на прерамки, памучни шпикозни или пижами и во вреќа за спиење.
     
    На Skyler81, Mila_Mia и Fenix05 им се допаѓа ова.
  6. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    Топло му е. На 26 треба само по боди и лесно покриено.
    Така како твоето треба на околу 22-23 степени да спие.
    Кај нас е 22-23 и спие во боди на рамки, тенки пижами и тенка пролетна вреќа.

    Тргај слоеви и ќе видиш кога ќе почне мирно да спие. Тргни едно ќебе и стави му боди на долги и долна пижама. Ако пак немирно спие, облечи боди на куси и долна пижама. И така постепено ќе увидиш што му одговара.
    Две ќебиња дефинитивно е многу на таа температура. Еве рачунај лето е, 26 степени и зар вака наоблечено ќе спие...
     
    Последна измена: 6 февруари 2024
    На Mila_Mia му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mila_Mia

    Mila_Mia Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2022
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу:inlove::inlove:
    Ќе испробам
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mila_Mia

    Mila_Mia Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2022
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Несака во вреќа ич да спие ама ќе пробам и така.
     
  9. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    Пробај, ќе видиш помирно ќе спие.
    За мене 26 е пекол :D
    На 26 јас да сум директно ќе му облечам боди на куси и долна тенка пижама, еве наеднаш да не е ако ти е шубе. А за покривање или муслин пелена или тетра, тенко чаршавче и сл.
    Во лето на таа температура не ни покривам, така само по боди на куси ќе спие.
     
    На јolene и Mila_Mia им се допаѓа ова.
  10. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Ту мач е тоа мајка. Јас на 24 степена само по шпихозни ја облакам и ќебенце плус што потопло дома по сув е воздухот. Подобро стави на 20 степени и покриј со подебело ќебе.
     
    На Mila_Mia му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.458
    Допаѓања:
    7.667
    Пол:
    Женски
    Мамасити како да му ги поврзам денски циклусите на спиење. Обавезно се буди на 35-40 мин и ретко кога успевам да го презаспијам. И тоа само ако е легнат на мене спие упте малку. И со такво спиење нема шанси да му скратам дремка. Сега ги има 3 дремки а многу ретко 4. А по месеци треба две да има. Тоа ми е невозможна мисија мене да бидат две.
     
  12. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.442
    Пол:
    Женски
    Колку месеци има? Мојот од ден 1 до 9 месеци секоја дремка му беше макс 45мин. Нема што немав испробано од техники, сам преку ноќ си смени. Почна да спие по саат, саат ипол дремка, сум влегувала да го проверувам дали дише од неверување дека спие :)
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    17.739
    Пол:
    Женски
    Мајки бебе на 11ти прави 6 месеци, 3 дремки има едната му е 2 часа по станување таа му е максимум 1час, после тоа сака на 2-2ипол часа е буден кога како и спие саат ипол, пак 2-2ипол часа буден и спие саат време. Е после оваа дремка е буден 3часа некогаш 3ипол, цела недела мака мачам да го заспијам нема шанси, обично 5ипоч 6 станува од дремка и јас кај 8 почнувам со редот пред спиење горе во спална сме на тивко, со послабо светло, го бањам, облекуваме пижами и да цица да спие нема шанси ке цицне ке се сврти на кај татко му и така во недоглед или ке ми се смее, па гуга, нозе си фаќа, се врти на спална, пробав порано пробав покасно бадијала.. и ке дојде 9ч ке се нацица го префрлам во креветче и спие, нели е многу тоа за него? Да го оставам вака или што да правам не знам
     
  14. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    Кога легнува и станува од ноќно и кога го легнуваш за прва дремка?
     
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    6.940
    Пол:
    Женски
    Јас почнав да и затемнувам соба скоро па целосно..со звук спие секако од два месеци навака и може тоа помогна. На една дремка во денот сврзува. Другите реално не ни мора. Е сега дали сврзува или стане па пак се успие, не сум сигурна.
    А може има и удел некој што ја оставам сама да се успие, секогаш кога може.
    Значи ја легнувам во крветче и седам до неа и не ја допирам. Ако и падне цуцле и давам и чекам да заспие. Ептен ако не може сама и стане нервозна, галам и ја држам за образ и така си се успива.
    Да не се подречам, ама супер прифати транзиција од нишкање за успивање до заспивање речиси сама.
    А мене грб значително помалку ме боли.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Ако не плаче преку ден и не се буди навечер тогаш се е во ред. Имам другари и двете во 7 и пол легнати му се летно време само сабајле ги шета зошто навечер нема кога кога заладува они спијат :)
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.458
    Допаѓања:
    7.667
    Пол:
    Женски
    Заспива 21-21:30 мах
    Станува 7:30-8
    Прва дремка му е во 10 часот
    Според мене тоа е ок. Ама дремките денски му се многу кратки.
     
  18. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    Е па можеби треба да пробаш првата дремка да му ја поместиш, да не е 2 часа после станување и така ќе видиш дали ќе спие подолго.
    Еве чисто да видиш пример вчера што сум запишала за спиењето од моето:
    станала во 7:33
    прва дремка од 10:35 до 12:05 (прозорец 3 ч 1 м, спиела точно 1 час и 30 мин)
    втора дремка од 15:38 до 16:57 (прозорец 3 ч 33 м, спиела 1 час и 19 мин)
    ноќно: 20:33
    Саативе се точно во колку заспала, а јас сум ја ставила во кревет околу 10-15 минути пред да заспие.
    И јас сега да ја легнам 2 часа после ноќно, ќе спие 30-40 минути и ќе треба да има три дремки. Така всушност и спиеше пред да ја префрлам на две.
    Еве, претпоставка дека има три дремки.
    станала во 7:33
    прва дремка од 9:30 до 10:15
    втора дремка 12:45 до 13:30
    трета дремка 16:30 до 17:00
    ноќно: 20:00-20:30
    Ова чисто од прилика.
    Кратење дремки е од прилика знак дека се зголемува прозорец на будност и дека можеби треба да се проба да се тргне една дремка.
    Затоа има три дремки, рано легнува за прва дремка и до вечерно мора да спие кратко за да стигне до 9 за ноќно. Ако ти спие по саат-саат и пол, последната дремка ќе му дојде доцна.
    Плус, ако прерано го легнуваш, прозорци на будност така се кратки, не е доволно изморен и не може да спие долго, не му се спие.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Дали на 11+ некои бебенца тргаат дремка и се само со една?
    Не е ли рано? Големата ми спиеше до година и 3 месеци дневно два пати :D

    Бебе станува 6, 6ипол, го успивам во 9ипол или 10, вчера спиеше 7 минути :x, сабајлево едвај 15 :(
    Ама после втората дремка накај 14h, спие два часа, 2ипол, преморен е
    Дали сака да ја тргнеме дремкава? Или е мал?
    Ноќе исто е проблематичен, ноќеска стана и беше буден 3 часа, одеше по кревет, се фрлаше над нас, ова е веќе неколку ноќи со ред вака, ама беше по пола саат саат, ноќеска цели 3 часа, заспа пред 3 ;(

    Дајте ми памет што да напраам, не можам да функционирам веќе
    А и он по цел ден е кенкав, ништо не му е по ќејф
     
  20. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    1.759
    Пол:
    Женски
    Мојот почна од 11 месеци да ја отфрла втората дремка. До 12 месеци некогаш спиеше еднаш некогаш два пати. Од годинка и некој ден официјално само на една дремка се префрли од 12 до кај 2, 2:30.
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.