Кај мене е 25/26С зошто сме на парно и со исклучени радијатори не може повеќе да изладиме. Спие само по шпихозни, покриен со мн тенко кебе.
Станува 6.30-7ч, заспива 19.30-20ч. Пробај помести го првото заспивање покасно па ќе видиш како ви оди.
Сум пробала и покасно страшно нервозен станува, не се трпи буквално, тешко го заспивам тогаш и пак спиеше 40 мин. Значи не се водам по саат многу за таа дремка туку знаците што ги дава дека му се спие. Првата дремка ни е со краток прозорец на будност. Другите се 3 саати. Ама да има две ми е невозможно кај моето дете барем за сега.
Моето од 12 месеци тргна во градинка и имаше 2 дремки на година и пол веќе само 1 таа од 12 саат до 3. Секогаш успивањето ни било 22 или 22 и 30.
Кога кратат дремка се страшно нервозни додека се навикнат на тоа темпо после е полесно и ќе си спие поубаво. Вака му е многу спиење, а без 1 дремка му е малку али почесно се навикнуваат на тоа помалку и ќе се среди одколку да го држиш со иати дремки преспан и нервозен да станува. Ова од првото ми е научено
Каква среќлика си, две деца што убаво од мали ти спијат. Мене стварно ми е мисловна именка бебе да спие цела ноќ без будење. Фантазија. Нереалност. Некој паралелен свет. Недостижност. Ај ќе биде и кај мене еден ден...
Мајки давајте совет Бебе буквално преку ноќ се смени. Навечер многу бара млеко да пие,на еден саат скоро може некогаш два. Плаче со солзи додека не му дадам. Овие 2-3 ноќи е така,пред тоа во 1 пиеше и сабајле во 5-6. Денски си внесува доволно храна и млеко.
Не плаче за јадење туку од други работи. Следи го плачењето дали интезивно со саати плаче,дали пократко, се тегне, се грчи, кога се случува. Знам дека кога ќе заплачат наеднаш спојка ни се случува во главата и од паника за да го смириме не ги гледаме другите побитни работи.
Можеби е во скок и затоа е тоа така се случуваат промени. Ако лази и пробува да оди, се фаќа за да стане итн и тогаш знаат да плачат додека не усовршат. Ако даваш адаптирано на секој саат не давај 60мл пие новпроденче. Твоето над 210мл пие. Дај цуцла да видиш дали ќе се смири. Или чај,вода.
Како успевате да ги следите прозорците на будност? Ние сме 2 месеца и неколку дена и со спиење сме сеуште катастрофа, дури и се полошо станува мислам. Преку ден по 2 часа се успиваме, нишкаме, галиме и се што треба за да заспие и пак се буди по пола саат и така по 2-3 дремки. Од 19часот веќе е пренервозна, плаче, нема шанси да заспие до 22, некогаш и 23часот. Спие до накај 2, се биди најчесто сама а ако не ние ја будиме да јаде и да смениме пелена. 2 часа ни поминуваат со сите тие активности и заспива после па се буди 6:30-7. Од 7 до 9 е будна, после легнуваме заедно во кревет и така знае да дремне уште еден час. Стануваме и цел ден до вечерта ни е само држење ќе во раце, нишкање, јадење, предоблакање и тоа е тоа. Нема спиење, нема одмор, не можам да се мрднам додека маж ми ме заврши со работа за малце да ја причува. Мислам дека е мн мала за да не спие по цел ден или само по 150-30 мин дремки. Не знам што да направам за да преспие по 2 саати бар и попладне.
Мислам дека предолго останува будна, па после е преизморена и затоа тешко заспива. Првите знаци за спиење кога ќе ги покаже (триење очи, црвени веѓи, кенкање, прозевање) , почни со заспивање. Еве ѕирни и тука https://huckleberrycare.com/blog/2-month-old-sleep-schedule-and-development
Дека прочитав по два сати ја успивате и сфатив пред тоа е будна некое време, па два сати ја успивате што е предолго за таа возраст. Како и да е, се надевам ќе се средите. Издржи мама, менуваат брзо.
2 саати успивање не. Очигледно не и осговара нешто. Од кога ќе дремне пола саат остави ја пола саат будна и пак пробувај да успиваш ако оставиш да плаче џабе е. Нормално она ќе е будна нема да е нервозна и многу лесно ќе заспие иако и се ширум очите отворени.Навечер нема потреба да ја будиш за јадење па и пелена да смениш ако е гладна ќе се разбуди ако не нема, не буди лава док спава ти се вика тоа. Можеби ради тоа што ја будите цел ден ви се заебува.
И да не ја разбудам, се буди сама отприлика исто време. Вчера цел ден не уништи, денес цел ден спие...страв ми е утре да не ни наплати. Стана сабајле во 7, едвај цицаше од што и се спие, заспа у 8, стана во 9 пак и накај 10ипол пак заспа па до 1ипол попладне. После тоа стани, јади и спиј беше цел ден, впрочем ко што треба да биде. Ама вакви денови за 2 месеци на една рака се бројат.... Сите ми коментираат " што сакате да спие и навечер и преку ден. Биди среќна еднаш што ти се буди навечер. " Ама знам дека не треба да е така, бебе треба да спие повеќе а не повеќе будна одошто спие.