Значи она треба да е будна од 1 саат до саат и пол. Ај еднаш нека е будна и пократко, но не секое спиење да трае 3 саати. Во текот на денот дремките вкупно треба да се од 5 до 7 часа. Ако станала прв пат во 8 и заспала во 9 до 10 спиела тоа е 1 час. После од 10 и пол дол до 1 тоа се 2 и пол часа па пак е будна тука имаш вкупно 4 саати веќе вкупно, а каде е остатокот од денот?
Остатокот од денот е будна, тоа ми е муабетот, не заспива. Или ако заспие тоа се половина час макс уште 2 пати можеби, и од 8 вечер веќе е нервозна и едвај заспива
Најди и чаре некое дали на следна дремнка ќе ја изнесеш надвор па да поспие во количка макар и пола саат, а идеално 45 мин би биле. Или скарти ја едната дремка таа од 3 саати на 1 час и ќе се навикне. Преморена е затоа не се трпи
Ако му е добро на детето тогаш терај така иначе малце се. Барем 2 дремки треба да има едната 2 часа да е.
По книга дневно спиење на таа возраст треба да е 3 до 4 часа а ноќно 10, 11. Значи вкупно околу 14 часа. Е сега не се сите исти и роботи па ако спие подолго и убаво навечер терајте така.
Да да, две дремки има деновиве му траат по еден час една дремка, затоа прашувам, иначе му траеа по часипол или едната два часа другата еден час
Памтам по мојот дека вака ги тегнеше дремките до 1.5 година мислам и после смени на 1 само да има. Али хорор ми беше тој период зошто не беше ни да скрати дремка ни да биде со 2 по 2 саати
Различно може да биде според тоа како спиел преку ден, најрано сум го легнувала 20 и 15, најдоцна 21 30. Станува или 7 или 8 сабајле најкасно. Сега е 6+ но така прави подолго време.
Зависи од детето. Јас првото никако не можев да го успијам на 1 и пол почна асално да спие. До една година ден и ноќ плачење до помодрување беше. Едит: второво ја легнувам и ставам цуцла и излагам од соба ќе се вртка малце и ќе заспие за 5 минути максимум
Колку треба да се денски дремки на 3 месечно бебе Многу сакам некој ред да фатиме ама како да не ми успева
Околу 5 дремки. Дремките треба да се во затемната просторија иначе ќе ти се буди. Прозор на будност од 1 до 1 и пол час не повеќе.
Ми дојде душа на место @Brpbrp Тој си спие по 2/3 часа и да сакам да го чувам повеќе буден не може да издржи од 1:30 час Само навечер знае да ме зафркава ама тогаш ми е кенкав, дали е можно уште грчеви да го мачат ама тоа ни е околу 9-10 навечер Иако е темно знае да се буди за во раце. Посебно е таков кога го капиме, И многу е потешко со АД млеко не можам да му давам во исто време гледам барем 3 часа да поминат од млеко пошто сега по 150 пиеме и убаво тераме на 3/4 часа и навечер имаме еднаш на 5( барем со млекото се поусогласивме)
Може не му одговара бањање навечер па смени сабајле или пладне. Навечер од 7 или 8 часот нека е темно да не е лас вегас низ дома. Па да речеме кога ќе се успие во 7 или 8 ќе стане ќе види дека е темно ќе кенка можеби и ќе сака во раце итн и за саат време ќе аи го легнеш пак и ќе тера. Кенкав можеби е зошто му треба порано укажување дека е време за спиење веќе на крај се преморува и затоа е кенкав.
Најверојатно пак ни се грчевите Се виткаше до 1 часот Еве го уште спие, а и како што читав не треба да ги будиме Незнам како ќе му воведам ред Таман ќе фатиме некое темпо по ден два ништо пак истото
Бебе од 6м ептен касно ми заспива 22/23 никако порано и да заспие се буди тоа време пак, и во сонот сега 1 недела само како да кенка се да го боли нешто и многу се штрепи во сонот што може да биде, спиеше креветче веке 10 дена е до мене,.и 2 пати навечер се буди за млеко