Vtor e Fenixce garantiram, ni aplikacijata ne e Gospod da znae koga tocno e skokot do den bash. I na mojov e spored aplikacija od utre, a on nekolku dena e vekje vo skok, prvo ic ne spiese, dremki kratki edvaaaj na race sum go drzela kolku malce da pospie, kenkav i uzasno nervozen. Sega spie ko dupnat. Eve go od 18h, vo 23h se razbudi, cica i produziva pak, vaka cel den. Kakvi prozori na budnost kakvi bakraci
Јас, значии јас ако не го оставам детево да ммка цела ноќ во креветче, јас еве. Една ноќ се случи да спие повеќе часа, кемна околу 23 и после до 4 го немаше. Вечерва пак е така, со ммкање, со бунење сред ноќ, па го зедов од креветче во раце, ама не помага, прекинат сонот му е. Кажете дека е ова резултат на регресијата на 12 месеци и дека ќе помине, за да останам при памет. Значи, многу се нервирам. Што не испадна подобар во спиење од брат му што беше? Јас мисли си тогаш дека првото не е баш најдобар во спиење, а тој на 9 и пол месеци со тренинг почна да поврзува, и на скокови немаше вакви реакции. Овој ми приреде нова ситуација. Што му пречи, што не знам да погодам? Прај пусти токми за ноќе да спие и пак ќе се пресече. Јас не велам да не се разбуди, ама тоа да е кратко. Имаш деца, се будат сред ноќ, ги земаш помеѓу и продолжуваат. Овој ендемик ваков ли ќе е? А божем радувај се на почетокот ко новороденче оооо знаеше од убо лежење да задреми во креветче, потоа еднаш кога чистевме со правосмукалка спиеше исто со звукот долго, па еднаш се бушеше во зградава тој топ, грчеви немаше ко бебе. Само шо си грофкаше (ако ме памтите за грофкањето шо се жалев ) и сѐ на сѐ бебе со посмирен нарав. Амаа сегаа со ова мммммм мм мм ааа меее па не можеш да спиеш вака. Не знам стварно. Чекам демек да помине скокот, сега е во громче вели апликацијата, а регресијата му е веќе петта недела, зашто веќе месец и кусур прави вака. А се вели дека регресијата трае најмногу до 6 недели. Ама штом има ноќи кога е помирен и тивок, значи може да спие, има надеж, ама вакви немирни ноќи се многу чести, да речам дека развојно е и се надминува. Можеби поради одењето е така, голема вештина е, не е мала работа да се пуштиш да одиш, а ако не е моторен тип, му ствара такво реметење. Го гледам се држи за мебелот и брзо се движи, и многу сака да го држам за рачиња да оди, ама каков е клатав не знаете, јас си викам ова дете уште два месеци нема пуштање. Здраво живо да е, се турив од жалење овде, извини синко за писаниево што ќе остане овде, ама немање сон го пореметува човек. П.с не сум јас, ако не ја раздолжам. Романсиерка да бидам.
Мајка бебе е не е робот. Ти секоја вечер ли спиеш исто или една вечер неможеш око да склопиш па сабајле пцуеш се живо и диво кога треба рано да станеш па после додека се вратиш во нормала ехее. Исто е и со нив. Биди среќна што не вришти не се дере по цела ноќ уште толку нервоза да ти створи.
Дојдов да прашам дали има регресија во спиење на 11+ месеци, итаман ме утеши @elenaklasik дека ме чека и скок во развој . Бебе 2 ноќи се разбуди во 2 до 4 си пееше. Сега две ноќи се буди во 5:45. Дневните дремки ни се пореметени, си заспиваше на цицање кога сум дома, сега цица превртува очи таман викам готов е, еве го рипа скока игра. Навечер успивањето ни трае по 30 мин, цица па почнува “забавата“-пее, станува, игра. Дали се должи ова на регресијата? Ако, да колку трае? Дали ќе се спои со скокот и дали да очекувам влошување?
Хахахах и така е што викаш. Аа ќути пу пу пу скраја, првиов овој што го опишав дека не правеше вака на скокови, т.е помоторен тип на бебе беше,е тој истиот душа ни извади лани цело лето, вриштење сред ноќ огромно. Трипати бев на психолог за него за да опишам како прави зашто мислев дека за на посматрање и ако треба да го средат во психијатрија. Леее ќути аман, да не се повтори и со овој. Главата ни чадеше лани колку вриштеше големиот. Има има, не одминува без гајле Исто така, на 11+ почна и тера брате, вози Мишко. Како не се пофалам еднаш овде како спие добро ноќе... Ноќното му е такво сецнато, па преку ден кемка, квичи, не е наспано и тоа. А дремките ги спие подобро. А пак пребарував на англиски за оваа регресија, пишуваше дека особено ноќниот сон е крш, а преку дремки надокнадува. Исто така прави во креветче ноќе, станува на коленца, гребе по оградата, се превртува, се мачи кутриот сон да му дојде а 5 часа поминати од втора дремка. Па си викам нели е изморен до сега? Вчера се клатеше, се превртуваше, блабаше нешто, на меше се местеше па со главата крени ко желче да види итн. Мене ми е и смешен и мачен веќе.
Значи јас сум била со јаки нерви и психа што успеав точно една цела година да издржам со секој ден вриштење,плачење и не неспиење. ама ден да не утне,буквално секој ден беше.
Ти сигурно си се навикнала на тоа што ако еден ден бил без плачење мирен си се тресела да не нешто не му е добро
Верувај не и до ден денес ми смета вриштење и плачење само сега разбира па кога ќе се развикам прекинува. Премногу бев нервозна тогаш главата тапан ми ја направи за малце и во бардовци ќе завршев ама некако истерав.
Еве сум. Откако направи година цело време рика за се и сешто, и еден ден ако е мирна и ако ме слуша шо ќе кажам, мислам дека ќе се разболува па затоа е маза и нема сила да се кара со мене. Најискрено
Да се приклучиме и ние во рикачите Ако продолжи вака и јас мислам бардовци не ми бега. Плаче, се фрла на земја со главата надоле, глумец прав. Пелена не можам да сменам, во кујна да не влезам, во тоалет исто. За во кола да не ви зборам,уште неседнат прочнува да се тегне да вришти, си ветив дека најмалку еден месец во кола не се качувам со него. Јуни одмор не резервирав од оваа причина, не ми иде на памет. Ако се смени, тогаш ќе видиме. Беше многу мирен, и сега не дека прави нешто ама како наполни 11+ почна повеќе да разбира и да пробува да не манипулира. @elenaklasik јас сум среќна кога 2 пати се буди. И наспана сум. Цицнува и презаспива. Ама сега почна да зеза. А богами и ќе си потраекако што гледам
Последниов месец ептен мака имаме со денските дремки, многу малце спие и единствено в раце презаспива. Од пред некој ден почна и навечер да се буди, претходно се будеше само за цицање еднаш до два пати и тоа одма презаспиваше, а сега се будим плус дополнително и никако да презаспие останува буден еден сат до сат и пол, мирен е не плаче ама и не спие. Во сабота ќе направи 4 месеци. Навистина не зна што ми стана добар си беше до пред еден месец. Совет некој ако имате е добредојден
@Fenix05 исти бевме првите два месеци со плачењето ( уствари до пред 2 недели ). Тогаш доста се смируваше кога ќе ја свртев со стомачето накај мене, си ја местеше сама главата под брада и ја галев по грбче, малце тапкање по газето и де смируваше колку толку а достс често знае и да заспие така
Лелеее шо зборуваш?? Многу неубаво, многу аауф фрустрирачки. Поминало, ама дури помине е мачно, си велиш има ли крај, не уживам нит во бебе нит во ништо. И кога ќе помине конечно, некои работи како во магла ти се, од неспиење, стрес итн. Второво да ти е погодено и полесно за справување барем. На темава да пишам. Ајде заспа малиов, во рок од 10 мин. За мене 10 мин се екстра време за заспивање, брзо. Значи немаше бунење некое, си бараше чоечето положба, си се турна погоре на перницата (му ставав под агол перница и така ја оставив да спие уште на неа), мрчна кратко, го потапкав по газе и тоа. И вечерва ќе масира пак сигурно. 16та недела, 4ти скок во развој тогаш е отприлика. Најверојатно е до тоа, бебето усвојува нови работи и учи вештина некоја, па му пречи на сонот. И мојот во раце презаспиваше, го држев намерно знаејќи дека со тоа ќе ја истера дремката, за да може да издржи до вечер. Ако ти е сега ова прво бебе, полесно е со едно дома, ќе си тераш ред засега дека така треба. Јас имав зацртано дека мора да спие и преку ден, ама и му се спиеше, колку и да му се реметеше сонот, мојов сакаше да спие, само не можеше само. Комбинирај, малку држи го помагај му, па потоа остави го легнато, лежи до него, шшкај тапкај по газе, што му одговара. Ќе му помине, без гајле, период е.
Од рубриката глупави прашања јас пак Почнувам некој ред да му правам и да заспива во креветче сега за сега успешно . Е сега јас го легнувам на грб , он се врти на страна , со главата надоле и одма тука триста филмови ми се вртат дека ќе се угуши Исто така , вреќа за спиење нема шанси , како да го покривам на два три пати се има покриено преку глава. Па сега најново пробав пола ќебенце под него постелено со другата половина покриено ( ако ме разбравте )
Пробај да го заглавиш долниот дел на кебето под душечето доле а другата половина да е врз него макс до пазуви рачиња од горе мести му, за вртењево не знам моево само странично за сега се врти и знае така да се чеша со лицето од душек ама се враќа назад за сега
Хахах среќа моево е звучно кога го прави тоа и слушаш некој пригушен звук во душекот и одма рипање (само денски прави вакви егзибиции ноќе мирно спие на грпче а само глава врти лево десно)
Ако има цврст бебешки душек и може бебето само да се врти грб-стомак не му се секирај. Ќебе така ставено во креветче е поголем проблем, со вртење може да се уплетка. Јас од вреќа поубаво не сум видела, до годината спиеше во вреќа зимно време. Да не му е голема што може да ја дигне и преку глава?
Не вреќата си е таман ама ич не ја сака одма прета плаче во неа , а иначе со ќебенцето преку глава си го има префрлено