Нее баш напротив тенка памучна купив , абе уште од прв ден на нејкеше . Ќе пробам пак да не сменил нешто , како за во креветче да спие еве две дремки супер тераме
Да пробаш едно кебенце потенко да умоташ во ролна и позади грбче да му го наместиш и мегу нозе. Не знам дали ме разбираш. Имам гледано видеа, ако најдам ќе ти пуштам
Да не му е мала. Треба барем 10 цм од нозете да има надоле плус. Исто околу вратот да не му е многу тесно, па да му смета. Се тренира и вреќичка. Почни на дневни дремки, па после воведи и преку ноќ. Стварно е поубаво и попрактично за бебе. Ќе може да си се врти и да си крева нозе во неа. Да си вежба, да си се тегне. Биди упорна, ќе ти плаче два пати, ама ќе заспие. На сите им е чудно на почетокот па се привикнуваат.
Жени мајки кралици јас да се пофалам денес толку по книга го успивав и не давав да се разбуди на 15мин што прво попладне т.е од 17до21ч бебево не ми зајде од плачење само кратко кенкање и заспиваше Кичмата ми е некаде низ дневна останата ама не е важно зошто психава ми остана здрава еден ден. Одам да спијам со него сега
Majki ve molam za sovet kako bebeto moe od 3 meweci da stekne navika da spie navecer a ne preku den, ziva nenaspana sum i navecer stanuvaat i soprugot i majka mi da go naranat i igraat zaso ne spie a preku den jas koga se oni na rabota ama nemozam dolgo taka da funkcioniram zasto i oni se premoreni, kako spiete vie koga spiete koga gi zavrsuvate domasnite obvrski alista peglanje rucek
Нема да го играат ноќе. Темница, тишина ноќе, никаква интеракција освен да пие млеко. Ни баба ни ништо. Ако ти спиеш маж ти само млеко да му даде и толку. Денски тропај, бучи, шетај го, збори на телефон.. ќе научи што е ден а што ноќ.
A bebe koga e budno preku den koga pravite rucek alista i sl. Jas sea uste se ucam da gotvam zasto neznaev jajca da svaram pred da se rodi bebus i mn naporno mi doaga se, a majka mi ke sedi so nas uste mesec dena i ke si odi e tek togas neznam so ke pravam
Првите 6 месеци живеевме на порачано и на "мачканици". Никој не треба да ти замери за готвењето, за алишта и сл, бебе во транспортерот со мене беше секаде. Во веце машина да пуштиме, во кујна кафе да си направам и сл. И да, ноќе нема што да си играат. Млекото и тишина, гушкање и ќе виде не виде ќе си заспие
Навечер треба секоја интеракција да му ја прекинеш убаво ти кажа кукличка. И моето знае да се подразбуди ама тишина е ништо не и пеам ни зборам. Може ако е вознемирена само моја рака на гради да и ставам и се смирува. Преку ден треба 4-5 дремки да има и после 5тата дремка да заспие и толку нема играње. Идеално време за успивање би било од 21 до 22 часот. Али преку ден се знае галама треба да има. Кога треба да дремне затемни во собата скроз, бебе кога ќе стане од ноќно будење следно успивање за саат и пол до 2 треба да биде ако оставиш покасно да заспие бебе се преморува потешко е за заспивање и тогаш се фрустрирани и лоши плачат рикаат. Следи знаци на приспивање како црвени веги сјајни очиња да трие очи да не се интересира за играчките повеќе ова ти се рани знаци касни знаци се вцрвенување цели и пиштење. Батали готвењето ако толку сакаш да готвиш кога ќе дојде маж ти тогаш ќе готвиш за нареден ден.
Не готвам не дека не знам, пред бебчо готвев секој ден секакви јадења, но сега или ми донесуваат старите или нарачуваме... инаку моето си беше навикнато во количка по дома го мкнев насекаде, во спална, вц, со него ставам алишта во перална тој ме гледа и така
Манџа се прави за саат време и за 2 дена си ставаш (компир, грашок, боранија) и можеш откако ќе дојде маж ти од работа да ја направиш. Ориз варен и во рерна исто многу брзо се приготвува, испржен стек, ослич во рерна, месо сварено од навечер утредента го фрлаш во рерна и се пече за саат време. Плескавици или кебапи од месара купени се пржат за 15 минути. Компир ставаш да се вари, за тоа време спремаш салата и маса и после правиш за 5 мин пире. Ни еден ден не сме останале дома без ручек бидејќи правам вакви брзински и лесни јадења. За се имаш рецепти на јутуб, дури и за обична супа. Никој не ти треба да те учи.
Zdravo zenicki imam prasanje bebeto mi spie navecer podolgo vreme okolu 6 ili 7 casa i ne bara mleko dali treba da go budam nrkoi mi vikaat nr nekoi da neznam sto da pravam koga saka mleko samo si stanuva. Aj sovet ve molam