Дали е нормално бебе од 8 дена да спие околу 20 часа дневно, многу е успано и одвај го будиме за јадење.
Во болница еден ден го сончаат, но утредента на излегување резултатот беше добар и не пуштија дома, роден е 36 недела, инаку е црвенкаст во лицето не е жолт. Пелени полни, но многу е успано.
Нормално е, ако има 6+ полни мочани пелени во 24 часа, не му се секирај. За една недела ќе се расони, па ќе го нишкате да заспива.
Ќе дојдеш во темава за 3-4 месеци со тотално спротивен проблем, па слатко ќе си се насмееш за моменталнава грижа Сите сме ја поминале, нормално е.
Јас од што не памтев дали и колку спиело моево на почетокот врaќав на апп назад за да се присетам спиел само 4 5 пати 16ч, сè друго е околу 13ч Вака сега во 4ти скок врискање на 1ч па едвај заспивање, осеќам ќе го јадам ради ова на мм "-греота е утеши го нека спие до тебе " Така си се пожалив попатно. Нормално е @ina..ina
Многу нормално, сигурно уште не му е помината жолтицата. Велеше мм на почеток "очиве да ти ги видам сине опули се па продолжи" сега сме во фазата "аман дете преспиј малку"
По 2.5 3ч е буден плаче како и да пробам да го заспијам го оставам сам плаче, нишкам количка плаче,раце плаче. 4ти скок, некој совет ?зошто веќе исфрустрирана си седам и плачам и јас. Од 40-50мин буден пробувам џабе е сè до 3ч стигаме и само е полошо
Не го оставам намерно буден тоа сакам да кажам почнувам од 50мин буден да го успијам и стигаме до 2.5ч Сабајле едвај 6.30 ама на 1ч се буди веќе 3 денови ужасно е, вчера беше спиен само 8.5ч до 19ч тогаш го успав за ноќно спиење и се разбуди за 3ч а обично спие тогаш 6 7 и од тогаш на 1ч
А да не пробуваш да го успиваш толку рано од 50м туку да го спуштиш да заспие после 1 и пол час од будењето?
Џабе пробуваш сега. Верувај ми ,нема многу филозофија со регресијава. Едноставно е хаосна,ама ќе помине. Се пореметуваат дневните дремки,навечер будењето е почесто,и тоа е тоа. Битно поминува.
Ај ќе пробам...не сфаќа дека треба да заспие кога лежи не знам како да му го објаснам тоа со исти рутини бели звуци џабе е се
Види дека ќе спие мирно, не се надевај. А дрка му се замараш премногу му се замараш дека е едно. И јас со првото да не плаче па што му е па како му е, сега со второво ја ставам во креветче излагам и затварам врата она е веќе заспана има некогаш и кога вика само или кенка,плаче ама ќе види дека не е време да се забавуваме и ќе заспие подобро пола саат одколку ич. Затемни соба, дома работи си најнормално и ќе се навикне на рутината.
4 скок плус регресијата се заебани играчи. И најчесто е до бебето како ќе реагира на нив. Твое е да не си ствараш фрустрации, некад стварно не е до нас точно на глава да застанеме. Од примери околу мене, тие што бледо ме гледале кога ќе речам прозорец на будност најок проаѓаат со бебушки.
Најубаво кажано.... Ваљда ми мавна на психа и времево затворени внатре уште лифтот се расипал во зграда. Еве јас си направив кафе се пружив на тераса, земав длабоко воздух, а бебе спие до мене во количка 1ч. Ако тоа е лекот да го преживееме периодов така ќе тераме. Искрено не ми е за сега важно дали ќе бил самостоен за спиење дали ќе зависел од мене, важно ми е да спие доволно за да си расте да се развива и да си е среќно бебенце. Знам е полесно за мајките да бебево заспие само во креветче но за жал моево од старт не е такво, се трудев ептен да го научам на тоа не бива и крај. Ќе се обидам пак за 1 месец, вечно не трае ништо од ова. Фала на сите мајки за одвоеното време за совет и утеха
@Fenix05 Многу е рано да почнеш со успивање после 50мин. Додека да дојдете до час и половина будност како шти е препорачано за негова возраст, него ќе му се јави фрустрација од многу нишање. Почни од саат и 20 мин, јас така правам. Скроз менува се регресијава.