Дали ако го ставиш в креветче продолжува да плаче? Јас денес пробувам на саат и пол ама плаче се корне, ја легнувам в креветче и вртејќи се од грб на стомак се успива.
Не се врти моето сеуште и да плаче, се смирува 5мин гуга и пак почнува да плаче со солзи црвен цел се тресе Само 2 пати успеав надвор да заспие, дома невозможна мисија денски. Утре одам по завеси да пробам во темно зошто на југ сме и е доста светол стан а немаме ролетни на прозорите туку терасата е заградена и не можам да направам темно никако
П После 4ти месец е препорачано да бидат дремките во темно макар и пола саат да спие што и по толку би спиел. Мојата од 3ти месец беше мислам кога и се јави фрустрација да не сака да спие на спална туку во креветче и така и си тера. Очекувај после 6ти месец да има редовни дремки да кажам и асални
10 месеци сме. Обично во нормални ноќи цица два пати. Има неколку вечери се буди по 5-6 пати. Прво мрда ептен, па почнува да плаче за да ја земеш и призаспива само со цицање. А не дека цица нешто многу, одма заспива. На што може да се должи ова?
https://aussiebubs.com/blogs/bubs-blog/10-month-old-sleep-regression Регресија во сон, си бара внимание а не дека е гладно.. А и по wonder weeks гледам 7скок
Регресија, и нас не стигна, 9++ м. Баш како што опиша, во сред спиење плаче, се буди, јас го смирувам со нишкање или ќе го погалам, ќе го фатам за раче. Пред некоја вечер мислам 7-8 пати се разбуди со плачење, како зомби бев цел ден.
Син ми има 10ипол месеци и од 1 месец до 9 месеци си спиеше по цела вечер по 10-12 саати без да стане. Еве веќе месец дена навечер ми се буди еднаш до двапати. Некој со слично искуство да ми каже како го решиле проблемов (гладен не е) Благодарам однапред за одговорите.
Може да е регресија. Ако е тоа, за жал нема што да се прави, ќе помине. Види и да не му е топло/ладно.
Дали е можно бебо, скоро 10м е, да сака да скрати дремка и да остане на една? Не ли е рано? Ма да кода ќе се сетам и претходните дремки секогаш ги кратеше порано "од што треба". Последнава недела во градинка не сака да спие, спие дома веднаш после. Или ако спие таму, многу тешко ни оди успивањето дома. Еве вчера си заспа накај 12ч, спиеше 2 ипол часа, и после не сакаше 2ра дремка, заспа накај 9 за ноќно спиење. Што да правам? Да форсирам 2 или?
Мајки помагајте како да спие оваа мојава. 2 месеци е никако да има цврст сон преку ден, ќе заспие во раце или цицајќи едно 10-15 мин и кога ќе ја легнам во кревет одма се буди. Ноќе знае да се разбуди 2-3 пати цица и заспива ама се дешава и да се буди секој саат. Цуцла не сака и само на града ми е и плаче
А да пробаш пократка дремката да е. На пример 1 ипол саат? Оти се препорачува да не се подолги дневни дремки од 2 часа.. Инаку и мојата нема ред на дневни дремки. Некогаш се 2, некогаш се 3. Некогаш сврзе, некогаш и помагам, некогаш за жива глава не сака да спие повеќе од пола саат. Ретко сме со 2-3-4 правилото. Надвор спиење во количка е невозможно повеќе. Мора да падне во кома за да заспие. Се е поинтересно. Спие макс 20 мин во количка, исто толку и во седиштето. Имаме патување сега, само тоа ме плаши, што не може да спие подолго во кола. Ноќе се буди се уште, ама сега е само да ја земам до мене. И продолжува. Млеко не давам. Се надевам нема да се подречам и да ми прави драми ноќеска. @0ли сакав да ја прашам, кое седиште го имаш во кола? Нејзиното е некое маски кози ама заборавив кое беше. Може да се под подигне нагоре, како полегната да дојде, ама не помага баш да спие во кола.
Се согласувам, ќе се обидам така. Ма да во градинка кога е таму го доуспиваат и по неколку пати за да им спие по 2ипол-3 часа, нели да им е полесно. Мислам дека и тоа ни ги ремети работите, плус и регресијата секако. Тоа е што е, ќе гледам од ден за ден, ќе се обидувам да го успивам па ако сака сака.
@Luminary Според мене рано е за една дремка, многу саати се будност за таа возраст. Поголемиот до 18 месеци од прилика во кола се возеше во транспортер, така ми спиеше многу добро и врзуваше два циклуси при дневни дремки, ама па навикнат беше бидејќи нонстоп се возевме. Понекогаш дури се возевме колку да излеземе од дома и секогаш темпирав за време на дремки и затоа немав проблем со спиење во кола со него. Седев до него позади и само бледо ќе ме погледнеше меѓу циклуси и продолжуваше. Сега малава е во истиот транспортер и заспива во него, не дека не, но не врзува два циклуси, ми спие само 40 минути и тоа се должи на тоа што поголемиот е до нејзе во седиште и нема шанси да презаспие кога ќе го види до неа. Јас би ти препорачала за подолго патување да темпирате навечер и ноќе, така можеби полесно би поминале со спиење. Инаку, седиште имам Макси Кози Титан Плус, но сега веќе го нема кај нас да се купи. Се поместува на 3 позиции, но најлегнатата не е нешто легната позиција во хоризонтала. Најважно ми беше материјалот да е добар за да не поти бидејќи транспортерот беше од Чико и катастрофа им се ним материјалите, жива вода се правеше во него, а во ова од Макси Кози не се поти. Еве ова е и во тоа време од изборот што го имаше ова беше од материјал со најдобар состав, а секако и оценките му беа добри на адак.
Гледам јас чико подароков ќе го продадам и ќе купам макси... од транспортерот сум презадоволна ама мојов 4м дечко веќе го надрасна...