1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиењето на вашето бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 2 октомври 2013.

  1. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    2.810
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам само. Нас ни беше и транспортерот од Макси кози и ужасно ја потеше. Седиште земавме скоро, ќе видиме како ќе и одговара. Инаку седиштето што го земавме е Макси Кози Титан Про и преубави се материјалите. Мислам дека е само понова верзија од Титан Плус. Исто на Адац има супер оценки.
     
  2. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    Ако главата е внатре во транспортерот и не е надвор од највисоката точка на наслонот, тогаш не е надраснат. Нозете нормално е да се надвор.
    Мојот на 18 месеци беше долг и нозете му беа надвор, но главата беше внатре, по тоа се гледа дали е надраснат.
    Не знам каков имаш транспортер, но на 4 месеци зарем му излегува главата надвор?
     
    Последна измена: 3 мај 2024
  3. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    Ги имаше и Титан Про тогаш кога купував, но колку што се сеќавам, не беа баш баш со истиот материјал. Нешто бамбус ова-она имаше овој мојов, затоа не се одлучив за Про и се чудев зошто не се исти.
    И супер се покажа, никакви оштетувања, излитеност, како ново е и штета што ги нема веќе инаку сигурно ќе земев исто и за малава.
    Не поти во Про?
     
  4. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    2.810
    Пол:
    Женски
    Па демек имаат специјален материјал за да не поти овие Про2. Ама ќе ја видиме, не сме го пробале сеуште ко што треба а и уште не е така топло. И она е склетџика башка па ќе видиме како ќе и се погоди.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    @Fenix05 Еве најдов слика на нет што покажува на што мислам.
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Tiny Love и Fenix05 им се допаѓа ова.
  6. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    8.650
    Пол:
    Женски
    Е фала на описот погоре ете немав гуглано, не е главче над. Ама е општо живчано бебе ич не сака во транспортер ваљда а и се навикна на корпата па мислам и во седиштено нема да трпи. Мене повеќе ми беше за коментарот дека поти материјалот зошто моево е поташ тежок од мало. Туку ете прашав во специјалната тема ама не добив одговор, до која возраст треба наназад да седи ? Зошто со стапалцата веќе допира на седиште
     
    Последна измена: 3 мај 2024
  7. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    2.810
    Пол:
    Женски
    Назад што подолго. Стапалцата ако допираат, не е тоа ништо страшно. На мојата нозете скроз и се свиткани па уште го користиме зошто главчето не и излегува.
     
    На Tiny Love, Fenix05 и 0ли им се допаѓа ова.
  8. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    6.926
    Пол:
    Женски
    Такво некое слично е и нашето. Pearl pro или така нешто беше.
    Кај нас малата го израсна транспортерот. Веќе е над 75цм и некако тесно и идеше кај рамењата. Решивме да ја преместиме во седиштето.
    Како ептен бебе имаше Maxi Cosi Jade и беше супер за патување, оти си спиеше во лежење и до 4 месеци, темпиравме да си спие во кола. Нема кај не се извозевме така. Ама и тоа ептен брзо го надрасна.
    Ќе мора да се научи да дремка во кола. До дека со седиштето и е рекорд 500км поделено на два пати , ама со пауза и дремка на кревет. Е сега што ќе одиме се околу 800км и ако не биде, ќе спие на паркинг или во количка или во транспортното креветче :D. Важно мора да се патува.

    @Luminary безобразни се значи. Сите знаеме дека бебе е најтешко за занимација. Не оди. Не збори. Не лази ко што треба и ај да спие. А што после цел ритам ќе му се изремети и нему и на фамилијата небитно.
     
    На kozuf, Luminary и 0ли им се допаѓа ова.
  9. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    На мојот с'клет му беше од материјалот, но научен беше да се вози и го облекував минимално колку да не е гол што се вели. Зедов универзална навлака за транспортерот, па ставав под навлаката тетра убаво наместена, па мааалку од малку беше можеби подобро. Пробај ако сакаш така.
    Инаку, обратно возење што подолго, тоа подобро. Да имав од старт седиште 0+ што се ротира, па можеби и до 2 години ќе го возевме обратно. Вака до 18 месеци од прилика додека не го надрасна транспортерот, а можеби фати и повеќе, не можам да се сетам сега.
    Совет од ортопедот беше да се вози обратно додека не прооди баш стабилно.
    Тоа што допираат стапалата до седиштето нема никаква врска, не е проблем.
     
    На Fenix05 и Tiny Love им се допаѓа ова.
  10. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    1.759
    Пол:
    Женски
    Мојот има скоро 18 месеци и се вози обратно од правецот на возење и така ќе се вози уште долго. Тоа е најбезбедна позиција за возење на бебе/дете во автомобил.
    Јас имам две седишта и на двете е назначено дека може да се вози така до околу 4 години.
    Тоа што допираат стапалата на седиштето не претставува никаков проблем.
     
    На Tiny Love и Fenix05 им се допаѓа ова.
  11. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.708
    Допаѓања:
    10.365
    Пол:
    Женски
    Која е таа страна адак? Ај пуштете ми линк
     
  12. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    44.925
    Пол:
    Женски
    https://www.adac.de/rund-ums-fahrze...indersitztest/kindersitz-vergleichstest-2023/

    Тотално, ама тоа е што е, гледам и покрај тоа барем една кратка дремка да има попладнето, и пола саат е да е, пак е подобро од ништо.
    Ајде уште некое време ќе издржиме па ќе сврти на една дремка, веројатно полесно ќе е од тој аспект. :)
     
    На Cherry blossom89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.135
    :toivo:Мајки хелп како да врземе повеќе од 15 мин сон? Не можам да издржам веќе денски ич не спие ноќе почна на сат време да се буди. Заспиваше 9:30 сега 11 ноќе заспива и во 7 сбајле е будна:( патем 2 месеци има
     
  14. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    8.650
    Пол:
    Женски
    Леле 2 дена исто ко јас да пишувам :drunk:
    Се надевам дома ќе се врати во нормала зошто пошандрцав
     
    На malecko5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.435
    Пол:
    Женски
    Ист е и мојот, 2 месеци е, ама е во скок. Провери да не сте во скок. Инаку само вадење надвор во количка спие, навечер само на мене
     
    На malecko5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.135
    Да во скок сме. Само во кола да се вози спие или мирна седи. Во количка само заспана да ја ставам инаку не седи
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Maja1986.

    Maja1986. Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2023
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Кога треба одприлика да му е последната дремка ?
    5++ сме
    Ноќното спиење му е од 20 - 21 тој период заспива.
     
  18. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Во 18ч веќе да е разбуден од дремка
     
    На Maja1986. му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Maja1986.

    Maja1986. Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2023
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Оф никако не можам ред да фатам со последната дремка еве заспа во 15 часот и ќе спие сигурно 40 мин пола саат и после во 18 часот пак му се спие ..
    Сабајле стана во 6 , легна во 7 ипол ( 1 саат спиеше ) после накај 10 ипол пак до кај 12 ипол спиеше . И еве го сега околу 15 часот пак заспа
     
  20. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Многу пати сум била во таква ситуација. Ги прашував и мамина спавалица за таков случај. Според нив треба во 18 да има кратка дремка од околу 20-30 мин и потоа ќе тераш цел ww. Иако не мора да значи, можеби пак ќе ти заспие во 21 ако е уморен. Пример еве моево вчера заспа од 18 до 18 30 и мислев пред 21 30 нема шанси да го заспијам, веќе ww ни е 3, 3ипол часа. Но тој зошто претходно цел ден многу беше активен и на село бевме во 21 заспа кома без бунење.
     
    На Maja1986. и Carolin. им се допаѓа ова.