Zdravo majki,vrvime skok 24 nedela,noke se budi so placenje na sekoj 1 cas,a denski spienjeto vo race,cim ja sppustam vo krevetce odma se budi....helpp
Majki zdravo, kako ste..! Me interesira kolku dremki treba da ima 5 mesecno bebce. Denes stana kaj 8 sabajle, spiese 2h kaj 11 dokaj 13, posle edna kratka dremka od 20 min i kaj 20.00 se skina od placenje i vristenje i zaspa . Neznam dali da forsiram uspivanje preku den ili ne, isto kako da go odviknam bebus od drzenje vo race po cel den , mn mi e zal koga place pa si go drzam. Probuvam da go zanimavam da go stavam vo relaksator na podloga so igracki so pesnicki ama ne mu drzi vnimanie nisto poveke od 20 min
Мене ме интересира дали има уште некое ко моево ,21 месец има. Навечер уште се буди по 2,3 пати за цицање. И измеѓу уште не знам колку пати пошто немирно спие се тркала и се буди па мора да осети дека јас сум до неа па да презаспие. Мнооогу тешко се заспиваме. И после буквално треба на нокти да одиме иначе се буди, многу е осетлива.
Дали некогаш се подобробува заспивањето? Скоро 6 и пол месеци е и заспивањето ми е хорор,јас го гушкам го галам а тој вришти на цел глас како да го колам. Не знам дали е до мене дали правам нешто погрешно ама толку тешко ми паѓа кога вриска и плачи не можам да опишам ете сабајлево заспа за 5-10 минути ама со врискање и плачење тие 10 минути толку ме заморуваат и психички и физички. Навечер обавезно неколку пати станува и тоа е така од петти месец навака скоро цело време, а претходно навечер убаво спиеше со едно до две будење за цицање и после одма презаспиваше. Некој да не бил во слична ситуација? Дали ќе му помине ова ноќното станување и плачење пред спиење дајте ми некој совет
Треба да го оптеретиш денски да биде најаден за навечер да не станува за цицање, ако преку ден внесе доволна количина на нутриенти навечер нема да станува ако стане тоа е од навика. Пример он знае сега дека ако вришти а ништо не му е ти ќе го земеш во раце ќе се клацкате и се така во круг. Има на инстаграм една wellrestedweeones заследи ја стално дава совети за успивање. Мојата од 3 и пол месеци спие цела ноќ со 2 станувања за млеко па со 1 станување и сега на безмалку 6м не ни станува. Има и деца што се такви хорор приказни за себе и околоината првото ми е такво а второво бајче без некои големи потешкотии.
Здраво, ве молам за било каков совет. 25 недела (неполни 6 месеци) е бебе и свесна сум дека сме во 5-ти скок ама ова не се трпи веќе. По цел ден и цела вечер е на града. Порано заспиваше со цуцла во количка, а сега и тоа е многу поретко. Ноќе се буди на секој саат и презаспива само со држење брадавица. Дневните дремки се кратки, до 45 мин и само со града едвај презаспива до саат ипол. Се мислам да почнам со тренинг ова веќе не се издржува, има ли надеж да ми се врати бебето што се будеше 1-2 пати ноќе?
Ние сне помали, 4ипол месеци ама да откако мине скокот се враќа во нормала. Јас овде само прашував дали ке ми се врати бебето што споеше по 4 5 саати пошто цел месец ми се будеше на саат некогаш и на 40 мин ама еве и помина и почна пак да сврзува по 3 4 саати веќе 3 4 вечер. За тренинг и да знае кога да се успие почнав и јас, будна ја ставам во креветче и секој пат и велам акде да наниме, тоа ми беше препорака од членка од тука, прво ја смирувам во раце додека почне да и се спие нискам 2 пати стојам и тапкам по дупе нишкам еднаш и само ја држам и после ја ставм поспана во креветче и се успива не успева од прва ама тек неколку дена вака се успиваме. На тик ток има една што велеше доколлу во раци се успива едно по едно укинуваш се додека ја ставиш во креветче пошто наеднаш престаниш да нишкаш, тапкаш и сл кога ке ја оставош поголема е веројатноста да се разбуде и да не може сама да презаспие пошто ке го бара тоа. Е сега ни имаме мн за учење ама прво ова да го научиме
И јас се надевам дека ќе се среди после скокот. Реално овој скок ептен не здрма, претходните скоро и да не ги осетивме. А тренинг мислам дека е подобро што порано зошто навиките полесно се менуваат.
На тема тренинг само ќе ви кажам дека второво дете станува само еднаш ноќе на 11 недели. Првото престана да станува на 15 недели. Колку порано почнете со воведување ред, толку полесно иде. И не мора да применувате плачење ако не сакате.
Браво, секоја чест. Првото дете го трениравме на скоро 9 месеци, но со второво не би чекала толку, сакам да почнам штом заврши скокот. Плачење ќе има во нашиот случај зошто периодов заспива само со цицање така да тоа го очекувам. Ако можеш да споделиш совет плус за помалку плачки би ти била благодарна.
Најпросто кажано, смируваш и враќаш во кревет. Целта е само да не заспие во раце или додека цица, да не се ствара таа асоцијација. Кај вас кога веќе е создадена, сигурно ќе биде потешко. Јас со првото дете почнав со строг распоред на 5 недели, со второво на 2. Немам искуство со одвикнување од заспивање со цицање зошто не ги оставив да се навикнат. Ова второво и ми е плачко, многу повеќе од првото, плус грчеви имаше многу. Го нишкам дури да ја фати цуцлата, го спуштам во креветче буден. Лежи додека не се расплаче скроз, моментално спие во креветче што се лула, па пробувам легнат да го лулам и само цуцла да ставам. Ако се расплаче многу, го кревам, пак нишкам дури да се смири и и пак враќам во креветче буден. Еднаш го оставив да плаче, 2 минути плаче, една минута го смирувам, уште еднаш така, и третиот пат кога се смири заспа. Значи неполни 10 минути траеше тоа. И 10 пати да треба да го повториш, пак нема да трае повеќе од пола саат. Слично беше и со првото дете на оваа возраст, ама после регресијата во 4от месец со неа правев и cry it out зошто претходно веќе спиеше по цела ноќ, само се враќаше назад во ред. Затоа викам може да се добие големо подобрување и без плачките (или барем минимални плачки), само упорност е потребна и што порано општо да се воведува ред и преку ден, не само на заспивање или ноќе.
Зар само моево бре не се смирува кога ќе го кренам да го смирам? Ја плука цуцлата на 5секунди плаче со солзи во креветче, го кревам продолжува да кенка заплакува го спуштам и ОДМА плаче пак а ноќе враќаме цуцла ни зборење ни кревање продолжува или цица 1 до 2 пати макс ама дека во темно заспива на града и само го враќам назад
Zdravo majki, do koga trae skokot vo 4ti mesec? 21 nedela sme, od 13ta nedela se budi so placenje na sekoj saat, max 2 saati ednas vo nokjta gi vrzuva i prezaspiva samo so cicanje. Preku den isto ili zaspiva ako cica ili so placenje Pratam wake windows, gledam da ne se premori preku den, i vo race go cuvam samo da ne e umoren, imame rutina pred spienje, ama pak se budi od 5 do 7 pati vo nokjta i edvaj se smiruva
Јас тоа го приметив со ќерката и кога ја тренирав избегнував да ја дигам во раце штом ја ставам во креветче зошто така повеќе се раздразнуваше.
Има деца што плачат до заоѓање во креветче и не знаат да се смират. Еве две споредби со моите. Првото ни цуцла ни прст шмукаше ништо не знаеше како да се смири без разлика дали е во раце, нозе или крветче. Второво ја легнувам во креветче и излегувам некогаш знае да запишти ако е порано легната или покасно од што треба ама тоа трае 5 секунди си го наоѓа палецот и толку нема драми не и треба никој.
Второ заспивање во креветче. Јас лежам на спална да не ме гледа, ама да не доаѓам на секое така повеќе го расонувам, он си кенка заплакува враќам цуцла, галнувам малце да се смири па почнува да си се смее гуга, ми ја гушнува раката јас се повлекувам, не зборам ништо. Вчера заспа за 30мин, денес за 20мин. Ќе видиме како ќе биде. сакам да си спие убаво мирно, да направиме некој ред но не по секоја цена. Макар и 1 ден да е cry it out не ми држи срце и не сум спремна, но со вакво кенкање т.е повеќе брмчење низ цуцла сме ок. Се надевам вака ќе се средат и ноќите зошто почна по 3 пати да станува плаче не презаспива додека не му дадам да цица.
Мајка подобро дома ти cry it out да му направиш него ли во градинка па таму со саати да не може да се смири. Пополека имаш време не е битно дали е во скок или не битно е да се почне од негде иначе верувај преморена ќе бидеш ќе нема да знаеш каде ти е главата.