Околу 9-10 месец, кога скрати на две дремки. Ама се уште се случува да морам да ја презаспијам некогаш. Со таа разлика што сега не дава отпор најчесто, туку сама бара помош да заспие. Најчесто сама си ги сврзува дремките. Зависи од денот. Некогаш едната е пола саат, другата саат ипол. Кога како и е денот. Мене искрено подобро ми е со две дремки сега, два пати само треба да ја успијам и подобро си го планирам времето. Порано ко демек повеќе дремки, ама кој што чини само дете успивав. Исто со дремки од пола саат беше. Никогаш не ги сврзуваше сама.
На моето бебе 3 и 4 месец дремките му беа 30 минути максимум до 40 минути. Од некаде 5 кон 6 месец почнаа дремките да му се подолги по сат и пол. Е сега има и денови со по 45 минути дремки ама најголем дел од времето се подолги.
Леле мајка еве моево е 8+++ моментално има 3 дремки , ако не го заспијам после 2-2,5 часа тоа е вриштење. Сама ли си ја скрати 3 дремка ? Постојано се плаче за спиење , нерва ме мава веќе.
Па не имаше еден таков малку преоден период. Прво зголеми едната дремка, па почна некако третата да бива многу касно. И реално кога ќе станеше од третата само киснеше да спие пак. Па пробав да ја презаспивам да ги прави две подолго. Кога како успеваше. Па пак врати на три и не спиеше среде ноќ, сега веќе некако ја исправи на две. Со две дремки, идеално е, после станување да имаш околу 2-2,5 саати будност. Дремка од саат ипол, па три саати будност, втора дремка сатт ипол, и на крај четири саат будност и спиење. Е сега кај мене не е никогаш по таков распоред и кога како е. Дремките се од 45м до саат ипол. Прозорци на будност исто се менува секој ден. Ама и јас не сум иста секој ден. Горе доле е ок. Мене вака ми е многу полесно. Следи го детето. Ќе си покаже само кога ќе е спремно. Мене ми личеше веќе дека сака да крати, а не знае како. И стварно беше така. Некако прозорец на будност помеѓу последните две стануваше поголем. Едно време сакаше со две, па дури и во 6 ипол навечер заспивање. Па помести накај 7. Сега сме накај 8-9. Мене малку касно ми е. Ама не спие добро овие неколку вечери, па сабајле спие до мене до кај 7 ипол и се раздолжува. А и јас сум уморна да станам кај 6. Малку ни е хаос периодот. Да се стабилизирам јас, па и неа ќе ја оправам после.
Преслично искуство и ние со дремките од 3 на 2. И мене многу ми е полесно откако се 2. Најмногу зошто за третата подолго траеше заспивањето отколку самата дремка ама па не можеше без третата. Мора да се следи бебето, не може ништо 'на сила'. Некогаш јас кога мислев дека ја заспивам за трета, исто како што си пишала, а уствари ќе заспиеше како за вечерно спиење во 18, 18.30. Искрено, малку тежок период беше ама не трае многу. Заспива сега околу 9, се буди околу 7 и нешто. А некои денови се случува и 10 дури да заспие - повеќе фактори се вклучени тука. Знам дека најдобро е 7, 8 ама темпото на денот не дозволува. А сега еве и многу касно се стемнува, па и тоа мислам дека и влијае.
После годинката му се продолжија докај саат ипол, претходно 45 мин беа макс. На почетокот го презаспивав јас после почна сам да си се презаспива. Од кога остана на една дремка знае и до 2 часа да спие. Првите денови одев да му мерам температура зашто не ми се веруваше
Moeto bebe ima 2 meseca polni preku den ima vkupno 5 dremki od po 5-7min za doma zboruvam,a koga ke izlezeme da se setame dreme se dur ne dojdeme doma togash se budi, navecer zaspiva do 23:30h max spie 2ipol casa ama potesko prezaspiva ve molam za pomos.
5-7 мин не е спиење. ПОРАНО ЛЕГНУВАЈ БЕБЕ. 8 гледај да сте во кревет, многу е мало. На бебето ред да му направиш секој ден во исто време за ноќно спиење почнувате со бањање, облекување и успивање во полузатемнета просторија да знае дека е ноќ. Преку ден дремките гледај да се во светла просторија, најдете начин што функционира, пробај во количка, креветче, на спална било каде што ке му одговара. Прати прозорци на будност од саат до саат ипол треба да бидат најчесто се саат тој период, на сат и 10-15мин земи го да го успиеш за дремка.
Исто 4 дремки имаше до пред некој ден а е 6++ сега нешто деновиве скрати една па е на 3 дремки али едната и е 2 часа после тоа еден час до час и пол и третата еден час ноќно спиење најкасно 20 и 30 и до сабајле до 07:00.
Здраво мајки! решив да пишам тука, може ќе си најдам некоја утеха или добра насока. Синчето има 5±± месеци. Од прв ден го ставаме да спие во креветче и има рутина на јадење и спиење. До пред некое време цицаше на 3 часа, а сега полека му поместуваме на 3 ипол - 4 часа. Има 5 подои, последното пред заспивањето во 19:30ч, а исто му даваме и во 23ч и го враќаме назад на спиење. Од секогаш си е тежок на спиење и спиеше помалку од тој некој генерален просек, ама во 4 месец некако успеавме да стигнеме да спие по 11 часа навечер и 3 ипол преку ден. Кон крајот на 4ти почна да се буди на секој саат или два, и тоа знам дека се случуваше заради промена на внатрешниот часовник. Еден период од цицање само еднаш во 3 ипол, 4, почнав ноќта да го дојам два пати цо 2 и 5ч бидејќи бев жива ненаспана и сакав само да спие. Но, еве сега пробуваме да го вратиме полека на едно цицање ноќта, нешто меѓу 3 и 4. Почна порано да се буди (наместо во седум, во 6), а исто се буди како навиен во 2, од вчера и во пет. Првите денови се буташе да цица, а сега не бара. Ќе се расплаче, ќе го кренам, ќе го спуштам, заспива и за 5 мин пак се буди. Инаку преку ден го заспиваме со држење до момент да е полубуден и го спуштам во кревет и си заспива... Навечер исто почна ако се разбуди нешто да си презаспие сам, ама тие будењата во 2 и 5 ме излудуваат. Губам по еден саат додека го презаспијам. Би го доела и во 2, ама ќе стане пак во 5, а мислам дека му е повеќе навика отколку потреба. Во меѓувреме почнавме и со внесување повеќе калории, односно еден оброк во текот на денот. Читавме и книги, и статии и се...некако не можам да му го фатам редот периодов. Некој со слично искуство? Што ви помогнало? Знам секое детенце си е различно, само ете, може некоја нова идеја ќе се роди со размена на искуства. Фала ви ❣️❣️❣️
Pa vie ste imale sreka shala na strana nie sne veke 5ipol meseci tuka nekade sne od kaj 3ipol od ka pocna famozniot skok na 4 meseci mi se budese na saat,saatipol, 40 min taka se do pred nedela dena istiot slucaj kako tvojot stava ne pie mleeko kako ja zemam v race prekinuva i prezaspiva imalo periodi koga sum nisala niz kuka a ona vriska i u sledna sekunda od nigde nikade spie periodite ko mi se budese da ne i davam mleko na sekoe za da ne i stvoram navika posle da mi stava pa za mleko, i stavav cucla i prodolzuvase sama i posle saat ili kolku i da e pak isto. E sega isto i davam da jade kako ti kaj 11,2/3 i 5 samo sto kaj mene si pie po 80-90 kolku i sekogas koga mi stava navecer i da sakam so cucla nemozam da ja prezaspijam, gladna e. Inaku si vodam evidencija kolku jade, spie i slicno ima denovi koga jadela najmnogu a mi se budi na saat saat ipol, idenovi ko jadela mn malku a svrzuva po 3 4 saati pa i malku poveke son, iskreno veruvav deka kolku pomalku jade poveke ke se budi no nekogas ne izgleguva taka.
Ова се кога ви почнало поточно будењето ти си го презаспивала ќе станеш и ќе го презаспиеш и посче пак и пак и се така вп круг се ќе стане почесто тоа на крај од премор нема да заспие. Мојата не цица ама си има ред има 5 оброци во текот на денот последен во 20:00 и толку следно сабајле во 8 но не дека не се буди знае и да се разбуди ама ја оставам се тркала во креветче и презаспива.
Бебето е 6 недели. Преку ден одвај во раце спие неколку пати по 15 мин до 30 мин. Последниве неколку дена почна да спие преку ноќ, претходно и тоа тешко одеше. Сега ноќно време сврзува по 4-5 саати. На пример заспива во 10h се буди во 3h ноќта, па заспива пак околу 4:30 и се буди кај 6:30. Дали е ок да го оставам да спие толку долго без храна со оглед на тоа што преку ден не спие? Какви се вашите искуства? Го прашав педијатарот ама некако дипломатски со да и не ми одговори.
Гладно бебе не спие. Нормално е да има еден подолг циклус на спиење, и супер што му почнува во 10 навечер. Замисли цела ноќ да спие по 30мин, па да преспие денски од 1 до 5 на пример. Така да преку ден ако цица на секои 2-3 часа, сосема доволно храна добива за да може ноќе да спои повеќе часа без станување.
Здраво женски Ние сме 4 месеци и 8дена,веќе 3 4 недели сама никако не заспива, кога ке ја земам во раце за да ја успијам веднаш почнува да плаче и тоа силно некои 5мин а потоа прпдолжувам со нишкање додека да заспие, дали некој има слично искуство, дали е период, скок... Пред да почнеме со успивање не плаче само што ке ја навалам во раце почнува а сама не заспива, само се трла со рачињата.. Фала
Големи се шансите дека треба да ја успиеш порано пред да трља очиња т.е. кога ќе и се зацрвенат веѓите. 4ти месец е плус скок во развој и регресија во спиење
Уште ја проверувам на чело за температурата и јас се штипкам. Конечно после година дена детево ми спие нормално преку ден
3ti mesec sme ubavo si zaspivase vo 20:00h ama nedelava nikako, ke zaspie pa posle 1cas pak se budi pa duri da prezaspie uste 2casa vo race drzenje i taka sme cela nedela... bez son . Ne znam sto da napravam ako vaka prodolzi preku den si funkcionira normalno.
Najveerojatno ste vo famozniot 4ti skok, nie od 3 meseci do sega sne 6 od denes, duri sega pocnuvame da spiime solidno inaky budenjeto i bese na 1i40min na saat, na 40min, ziva nenaspana bev. Samo drzi si se do rutinata.