1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиењето на вашето бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 2 октомври 2013.

  1. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.901
    Допаѓања:
    6.127
    Пол:
    Женски
    Кажи кажи :D Сега знае и по 3 часа да се отспие, не знам што да правам тогаш од досада :rofl:
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.767
    Допаѓања:
    17.678
    Пол:
    Женски

    Ми давате сила да издржам уште месец и нешто со крш дремки жими се :wasntme:
     
    На Anturium и Fenix05 им се допаѓа ова.
  3. honey95

    honey95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Новороденче од 10 дена нормално е барем двапати (еднаш денски еднаш ноке) да не спие по 3 4 саати да кенка? Заспива на града штом го префрлам во креветче одма се буди и така со саати се мачиме. Мислам дека нема грчеви зашто нема вриштење и плачење само кенка и нервозно мрда со раце и нозе. Незнам како да се одмори
     
    На sani99 и plava.90 им се допаѓа ова.
  4. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    756
    Допаѓања:
    756
    Пол:
    Женски
    Уште 5 дена и полни 3 месеци. Преку ден не спие, освен 10-15 мин еднаш после јадење и толку.
    И последниве денови само у раце да е.
    Навечер 8ипол го бањаме, јаде и го успиваме, до 9ипол макс 10 е заспан. Реетко ама се случува и до 11 12 да е буден. После у 1 у спиење пие млеко и си продужува да спие до 6 најчесто па пак млеко и до 8 макс 9 е станат.
    Дали ова спиење му е доволно па затоа денски си е буден?
     
  5. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.901
    Допаѓања:
    6.127
    Пол:
    Женски
    Издржи. Кај нас ептен се подобри спиењето посебно па од кога прооди. Ако излеземе пред дремка до парк заспива за 1 мин и спие 2ипол 3 часа обавезно без да се буди :D
     
    На kozuf, Carolin. и Fenix05 им се допаѓа ова.
  6. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.386
    Допаѓања:
    1.134
    Пол:
    Женски
    Probaj povij go i koga ke go legnuvas poleka spusti go na krevetce i cuvaj go blisku do gradi. Koga ke ti e zaspie na grada pocekaj da e cvrsto zaspano pred da go prefrlis
     
    На plava.90 и honey95 им се допаѓа ова.
  7. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.230
    Допаѓања:
    7.982
    Пол:
    Женски
    И мојов не вришти, па гасови има. Откако е роден нема заплачено само кенка.
    Ако ти кенка ппсже хранење до гасовите е проблемот. Истото ми се случува со синко. Дур не се искака асално, нема убаво спиње.
     
    На sani99 и honey95 им се допаѓа ова.
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.150
    Што беше спиење? (facepalm)
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Со првото смрт ми беше кога ќе се стемнеше знаев дека вечерта ќе ми ја заебе. Среќа сега на скоро 4 години па кога ќе заспие топови не го будат.
     
    На plava.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.150
    Дека пишав вчера, спиеше до 5 ипол без да се разбуди. Прв пат после 2м мислам..
     
    На plava.90, Brpbrp и Kikikikiri0405 им се допаѓа ова.
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Тука трачари го само нека спие :D:rofl:
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.150
  13. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Баш се прашувам каде што нема породилно 9м и повеќе како тие мајки ги оставаат бебињата во градинка и нема таму кој да ги ниша бидејќи не е само 1 дете па сите се прераснати во нормални лица.

    На секое нормално битие му треба асален сврзан сон што од одредена возраст почнува а тоа е од 4+ месеци. Доколку се станува на секое негово плачење и има неможност за само да научи да се презаспива и да чека друг да го успие прво тоа ќе се случува на 4 до 5 часа па се почесто и почесто додека не се буди на секои 15 минути или 30 минути што ова не е ни дремка камо ли сон.

    Кога успеваат да воведуваат блв метода бидејќи на детето не му требале заби за да џвака и се учи да биде САМОСТАЛНО така е и со спиењето. Сонот треба за нормален раст и развој на телото во спротивно и возрасниот и детето ќе се разболи од што не функционира организмот како што треба.
     
    На see.emily.play, Spidy и Ena05 им се допаѓа ова.
  14. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    8.651
    Пол:
    Женски
    Во секоја тема каде се зборува за плачење на детето те читам баш и не можам да разберам дали си поборник за осамостојување на детето од раѓање како паталец (ако памтам првото ти било мн плачливо и си се намачила) или како mom-guilt за второво што си го оставала да рика за да "научи" па се осеќаш прозвана во родителите кои ги практикуваат тие методи.
    Ни едниве ни другиве не се немајки, секоја одбира како ќе го израсне во првата година своето дете. И овие плачениве и неплачениве ќе пораснат, но да сè повеќе психолозите и истражувањата покажуваат дека игнорирани емоции кај деца од најмала возраст оставаат некаква трага во нив па ние во текот на растењето им викаме "абе таков е", "не сака луѓе", "инат е", "чурук карактер на татко му" итн :)
    И да кога плачам не би сакала маж ми да влезе во собата да ме погледне и да земе да си мие садови додека јас се рушам во солзи ради Х причини. Точно, во градинки не ги нишкаат и сакаат, ама затоа ваљда ние сме ги родиле, за да го надополниме тоа што надворешниот свет нема да им го пружи - љубов и сигурност?!
    Тешка глупост ми е ова со пропаѓање распаѓање умирање на луѓе па мајко му збориме за 1година од животот на детето кога е најкревко и се соочува со мал милион предизвици, 10скокови во прва година, расчеречување на непца за да изникнат заби, учење на вртење,лазење,одење итн.
    Работава роди го и фрли го нека се снаоѓа јер нели сонот е must have за родителов во први месеци што до вчера се пијанчел до 3 сабајле па идел на работа од 7.
    (highfive)
    И да,ова го зборам зошто имам 5 братучедки со по 2 деца и 7 другарки со тодлери што ниедна не ми кажала ау ужас еве детево 2години ја уште го думкам ноќе на 15мин за да заспие.

    Ништо лично само ми забоде очи што секогаш ги напаѓаш мајките на според тебе "лигави деца"


    P.s
    Еве моево лигаво 6месеци напраи, кога го нишаме во количка,кога на спална се гушкаме за заспивање па дремки му се по 1.5ч а ноќе цица 2 пати заспан, не дреме по 15мин, врзување ноќен сон од 12ч уште не ми е главна цел па затоа "му дозволувам" да бара.
    :hug:
     
    На Sunrise!!!, Bella.alleB, Калатеа и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Ако подобро прочита ќе сфатеше што имам напишано.

    На детето му треба сон константен доколку нема мака нели.
    Детето учи вештини и треба да ја научи, ако ти го седнуваш, а самото не се труди да седне како ќе научи?
    Рачунај дека ти го држиш 9 месеци и го успиваш и наеднаш го даваш на странец и детето пишти вришти липта затоа што "мама не сакала да го даде на никого да го држи зошто плачело од странци" и тоа плаче и плаче. Ти кога го носиш детето во градинка мислиш дека е 5м првиот ден? Не 30 минути е и рачунај дека 30минути нема да сопре од плачење, а ти не си таму за да го држиш, знаеш каков шок е тоа за детето? Затоа се вика период на адаптација особено ако заспива со цицање 3 деца да имаат такви кого да го успијат попрво? Мора некое да плаче.

    Тебе ти е прво дете, здравје кога ќе почнеш со градинка ќе ги разбереш бенефитите на сето ова што го зборам сега рано е.

    Помало бебе помалце трауми, поголемо бебе поголеми трауми има од такви работи. Мајка е тука за да го утеши за ако го боли нешто и да му потпомогне да ги научи вештините. Спиењето не е вештина која ја учат самите како седење,одење и зборување. За спиењето ти треба да го "тренираш" и да му укажеш како да заспива само. Ако мислиш дека со нишкање и така да презаспива дека е во ред океј тоа е твое само утре ден срце ќе ти се скине кога ќе го оставиш во градинка зошто таму носат 15 деца на адаптација сите не можат да ги нишаат и пак се сведува на тоа со плачење да заспијат и да научат сами да заспиваат.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.230
    Допаѓања:
    7.982
    Пол:
    Женски
    Алал да ти е како е склопен постов.
    Па поголема језа од тоа да го оставиш детето да вришти, според мене нема.
    Големата до година дена не спиеше. Преку ден од 4 до 6 месеци во раце ми спиеше, навечер на секој саат се будеше. Како ја одбив од цицање на година дена, дете почна по цела ноќ да спие, еве ја 3 години ќе прави мака не сме виделе. Па година дена ако не можам да му се посветам на бебето целосно, дали во раце да го држам, дали да го нишкам, кога ќе му се посветам?! На 18 години?
    Се фрустрирав и јас тогаш неспиена, и на работа почнав кога имаше 8 месеци ама си сфатив дека се проаѓа. Ќе малтретирам јас дете да урла неутешно, за да си поспијам јас.
    Сега второво, месец дена има, си спие на мене преку ден и баш ми е убаво. Плаче, грчеви има, сигурно нема да го оставам да се самоутешува. Како ultimate survivor да е првата година, па ќе тренираме сега бебиња.
     
    Последна измена: 10 јули 2024
    На Калатеа, pravnicka_2604, Heidi и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    1.322
    Пол:
    Женски
    Ми се крева косата кога ќе прочитам како бебињава ги тренираат како кучиња. Обично не зборувам за туѓи деца, сметам дека секој го прави најдоброто што знае за своето дете и од срце ама да го оставам да рика за да го научам и за да се навикне на нешто..големо НЕ! Бебињата се бебиња и имаат потреба од гушкање, љубов, допир и нежност. Зошто побогу би го скратила тоа на битие кое сега го запознава светот? Зошто на суров начин би го учела? Зошто не би му го задоволила потребите?
    Едно е градинката, друго е мајката. Децата и бебињата се доста паметни да ја воочат разликата. Јас одбирам да растам бебе со љубов па какво и да е, а верувам и тврдам дека љубовта никого не разлигавила, ниту го направила лош човек.
     
    На pravnicka_2604, Mandela, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Замисли тие мајки што немаат млеко па нема што да дадат за утеха. Shame on us.
     
  19. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    756
    Допаѓања:
    756
    Пол:
    Женски
    Јас прво дете без искуство па слушав роднини и пријатели остај го да плаче ќе заспие сам. И ај пробав еднаш, се одра од плачење и не успеа секако. Само си направив полошо, не можев да го смирам 2 саати после. И се откажав па сега заспива со шишето навечер. Имам едно шише што има мн мал проток и му треба околу 40 мин да го испие. И така заспива, после од кога ќе го испие само го префрлам во креветче. Може не е правилно ама сега за сега е добро вака.
    Мал е уште, 3+ месеци, можеби понатаму ќе пробам пак да видам дали би заспал сам. Денски не спие никако, па не се ни обидувам веќе да го заспијам, знае некогаш сам да задреме 15 мин со цуцла и толку.
     
    На Fenix05 и Kikikikiri0405 им се допаѓа ова.
  20. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    1.322
    Пол:
    Женски
    Не спие воопшто? Мирен е или кенкав?