А добро напредува? Да не е гладна? Памтам и ние го имавме истиот проблем пред месец дена и тоа додека не почна да спие со мене на спална. Баш пробај така ете и другите кажуваат.
@Вереничка пред да ја спуштиш во креветче држи ја в раце заспана едно пола час. Кај нас само тоа успеваше да се зацврсти во сонот инаку како зајак беше а дтави ја во креветче или на спална одма отвараше очи и ново на ново нишкање пеење. Затоа сега откако ќе заспие ја држам во раце едно пола час па ја ставам во креветче. Можеби лошо правам што ја учам така ама подобро тпј пола час отколку неколку пати да презаспивам. Инаку денските дреми немаат врска еве и мојата спиеше неколку пати по пола час преку ден па навечер обавезмо стануваше некогаш еднаш некогаш два пати за јадење. Будењето и кемкањето преку ноќта кога ja залажував со цуцла некогаш беше и на секој час. Помина и тоа. Еве веќе две вечери со ред си спие цела ноќ. Да чукнам во дрво Дури станував да проверам дали диши ми беше чудно навикната да станува и кемка Се надевам дека не е период ова и дека ќе потрае
Кики_Рики она не се буди кога ја спуштам откако ќе заспие навечер. Значи претходно со нишкање заспиваше, сега најчесто заспива со цицање, дури неколку пати и цицање спуштање приспивна музика на тел и по некое време ќе заспие сама. Значи ја спуштам ќе се размрда и ставам цуцла, пуштам музиче и она се смирува и "спие". Всушност мижи и се успива со музика после пола саат- саат ја плука цуцлата и тоа значи дека спие. Исклучувам тел и ја оставам. Е сега проблемот е што во последно време кај 23- 24ч( многу рано) почнува да прета да врти со главчето, воздивнува значи се буди и давам цуцла нишкам галам чешкам ама само ризикувам да отвори очи, и морам да ја земам. Нишкам оставам пак исто и ќе и дадам да цица. Ќе ја легнам и кај 1-2 се буди пак. Пак исто лево десно врти глава, мрда и некогаш се буди отвора очи, ајде пак нишкање, пак за саат време, па кога цице, кога нишкај, кога цуцла ама цела ноќ прета, сега и нозе крева си ги фаќа. Некогаш и ќе заплаче ако не ја земам одма. И цела ноќ така, не врзува, одвај два три саати само. Некогаш на пола саат почнува да се врти. Порано барем спиеше од 9 до 2ипол па после пак на саат два станување ама друго беше. А колку месеци сте вие? Не знам што е решението, изгледа детето е такво. Нека е здрава и жива ќе порасне ќе спие. Тогаш ќе ми фали, а дотогаш ќе биде вака. Мајка. Така ми викаат, како ќе знам дека сум мајка. Иако знам.
И јас нема многу да те утешам, за жал, ама ќе бидам реална. Со првата ќерка минавме низ исто, ама баш како што пиша ти... Дење ко зајче спиеше, ноќе едвај ја заспивав и одма почнуваше хоророт. На 30минути будење, на 15 минути будење... нишкање со часови со надеж ќе зацврсти па ќе спие барем два часа, ама јок, јас ја суштам во креветче она одма се буди и расонува па си седевме будни кога сите спијат. Нишкај, пеј песни, остави да се исплачи , заспиј ја подоцна од вообичаено - се ова пробав и ништо не беше решение. Јас плачев и нишкав, се чудев какво е ова дете што само во раце ми преспива и тоа додека нишкам! Никогаш причината не ја открив зошто беше таква, каде грешев, нити како она издржуваше со таков нередовен, краток сон. Не знам точно да кажам ни како се смени работава, знам дека веќе бевме во фаза на одбивање па започнав да давам млеко од шише и кога ќе се размрдеше во креветче одма не ја кревав туку млекото и го давав, па продолжуваше да спие. На наредното мрдење пак така правев и ваљда се научи дека нема кревање па се презаспиваше со млекото дадено во креветче. Ако ја кренев, толку беше, ќе си нишкав јас а она ќе ми спиеше во раце. Не ме прашувај колку млеко пиеше, срам ми е да кажам. Кога наполни 13 месеци фати ред на спиење кој по секоја цена се трудев да го одржуваме. Спиеше двапати дневно, па намаливме на еднаш дневно 2 часа, ноќе заспиваше околу 23 и се будеше по два пати за млеко. Јас бев најсреќната мајка, и бев конечно наспиена после цела измината година. И пак ќе кажам, врска немам како се надмина проблемот нити која беше причината што детево толку се будеше, ама уште живеам со тој страв да не случајно и вторта ќерка е таква. Ама ете оваа засега е суперска, дури и спанка, ама менуваат многу со тек на растењето па предвреме не би се радувала.
Оф изгледа и мене ме чека истото. Знам дека ќе трае, досега ќе фатеше ред ако требаше, ама не ми личи за така. Дали ќе биде година или две времето ќе покаже. Добро е само да знаеш дека не си единствена и не си сама во цел свет само ти. Сакам да е здрава и жива, да расте и да биде среќно дете. Па нека не спие, мене само ми е за неа, да не се мачи. Тоа што кажуваш како може со толку малку, испрекинат и нередовен сон. Само да не е на нејзина штета. Ама лесно е да кажеш, а не е една ноќ. Кажи ми само какво млеко пиеше? Не мора колку И дали целосно се одби тогаш? Не смени ништо кога почнавте со дохрана, кашички? Јас на тоа се надевам малку. Ајде нова вечер. Да видиме што ќе донесе
@Вереничка 7+ е малата. Имаше и таа период кога се будеше на секој час баш како што објасни вртеше со главчето лево десно, тропаше со ноџињата и ќе се разбудеше. Кај нас траеше недела-две и се случуваше околу 6 месец баш кога беше скокот. Да не се работи за скок и кај вас нз колкави сте.
Не се промени ништо откако воведов оброк, па пробував и со измолзено млеко пред спиење во поголема количина за да знам дека не е гладна, па еден мн. кратко период дадов адаптирано само за навечер а дење цицаше, и на крај дадов кравјо (околу 10 месеци кога беше) воведено ни беше преку каши. И го давав само навечер кога се буди за да се презаспие, во креветче, никако кревање... И смешна бев, малку да мрдне одма шишето во уста за да не се разбуди. Многу се измачував, и мнооогу се плашам да не се повтори истото и со оваа бебе. Те разбирам колку ти е тешко и колку си ненаспиена... Дај боже да ви е само лош период, можеби ќе се промени...
@Вереничка те бара тебе, сака блискост, затоа цело време се буди и немирно спие. Пробај една вечер земи ја до тебе (те читав се плашиш да не ја повредиш, не се плаши, инстинктот нема да те прелаже, потсвесно ќе ја пазиш), кога ќе почне да се буди само стави и града во уста, не ја земај, не ја нишкај, за 5мин ќе презаспие. Вака се мачите и она и ти.
@Вереничка а зошто не ја земеш со тебе да спие? Се плашиш или? Бебињата бараат сигурност и не сакаат да спијат сами. Мојата првиот месец и пол баш така правеше ко што кажуваш ти. И јас само бдеев над креветче и нишкав. Умрена бев за спиење. После тоа ја зедов со нас на спална и спие. Не секогаш спие со нас. Ја ставам и во креветче, ама кога гледам дека прета, се буди често, кенка, ја земам до мене. Искрено, не е вредно да паѓаш и ти и бебето за спиење колку само да спие во креветче. Ти си знаеш сепак, ама мој совет ти е да спие со тебе.
Здраво. Ние сме 9+м. Заспиваме во 20:30h и спие до кај 22/23h е после тоа на секој час станува. Некогаш за цицање а некогаш само што ќе ја кренам одма презаспива. Си велам, или и стана навика или можеби е гладна дека сеуште немам воведено млечни кашички дека покажа реакција и до 1год не смеам да и давам. Имам сменето да спие и со мене во кревет но истото. Плус во 5h сабајле секој ден сме станати денски 2 дремки има, по час max. Но ноќе ме убива станувањето на секој час некогаш пола саат. Некој совет? Не се издржива ова....
Ако спие со тебе, не станувај воопшто, само понуди и града, ќе презаспие. Само ептен ако е нож до коска, стани. Иначе нема врска што немаш воведено млечни каши, пак ќе си станува, најголем број бебиња истото го прават. А за тоа што станува во 5 часот наутро, такво ти е детето, ранобудник. Моиве двајцава се такви, рано стануваат. Ама поарно така, отколку да го преспива цело утро, па цел ден да биде пореметен.
Нема да е проблемот станување во 5h мене тоа на 1h што станува ме убива. После цел ден за ништо не сум способна. Имам пробано така со града некогаш успева некогаш не. Не знам дали нешто грешам..последно јадење и го давам во 18h овошје. Да не е рано? Касно? После со доење заспиваме.
Malava cel den go preseda pa zaspa vo 17h.Se budese samo za cicanje i pak zaspivase.Vo 22.30i jas legnav sum zaspala koga i taa se razbudi vo 00.30mislev nema da prezaspie ama zaspa i se budese na sekoj saat za vo 04.30 da placi i ja nisav pola saat.Zaspa i pak se bidese na 15min.nikako me mi se pogode...ni pokasno da zaspiva ni porano
Не и се спиело затоа се будела на 15тина минутки, а сигурно си ја држела во темно и нишкала Рано е тоа 17ч да биде во кревет и до сабајле да спие, таа во 4.30ч била наспана за да и почне денот.
Освен јаболко и банана, друго овошје не е препорачливо после 16 часот. Знам дека убива тоа често станување, и со двајцата истото го поминав (со малово уште сме во таа фаза). Додека не се одбие од доење, ќе се буди. После одбивањето може да почне да преспива цела ноќ, ама нема правила тука, за жал.
Таа спремна ама мајка и нетаа си гугаше јас се преправав дека спијам многу ме изцрпува ова пореметено спиење.Еве ја сега спие цело утро,а како да ја оставам да не спие,мала е кога и се спие заспива било каде и било како..тоа на татко и е Зборував со патронажната вика тоа е дете на доење,така спијат скоро сите со ад е друго.Ама супер си напредува не е за ад,ајде ќе се помачиме де можи ќе се навикнам вака макар што не верувам јас без сон не функционирам.
Мм ме прашува што сум била таква нервозна. Па како нема да бидам кога до 3 ипол, а некогаш и до покасно единствена комуникација ми е со бебе, а тој кога си дојде легне да одмара и заспие. Ретко ја шетам овде оти нема каде. Ама кога ќе се стопле секој ден во град ќе шетаме. Овде немам другарки во близина за да ми дојдат на кафе По цел ден со мало бебе и каква треба да бидам?