И јас брв од тие што велат бебе никако на спална па фала богу од 2 ден дома бебе спие на спална 1та нок јас на земја во детска она во креветче незз како ке се научи во креветче еден период ми тераше дневни дремки таму ама сега дека пробува сама да се успива па се врти милион пати додрка заспие неможам таму да ја ставам се заглавува, башка што е во др соба пошто во спалната едвај креветот наш со натказните го фака али ке мислам на тоа откако ке почне в градинка инаку она спие во нашата соба а јас и маж ми во нејната делкаме муабет за да не ја разбудиме навечер ко е успана
Нема гајле мајки нема вечно со нас да спијат. И јас бев од тие дека бебе во креветче ќе спие. Ама Точно на 45 минути се будеше секоја вечер. 7 месеци се борев се дур не попаѓавме со маж за спиење. И не и не. Си го земавме на спална се препородивме. Има бебиња што се контактни спијачи. Природно е и нормално да бара топлина. Наполни 3 летово и уште спие меѓу нас. Тотално не мислам да го форсирам кога ќе се префрли во негов кревет. Сестра му од старт во креветче спие без проблем. Не е дека јас нешто поразлично правам. Периодов пролазува и е во скок па се удира во креветчето и се расонува па ја земам до мене. Четворицата спиеме на спална до сабајле. Пред некој ден се будам и ги гледам се држат за раче и спијат брат и сестра. Тогаш кога не се истопив од убавини нема кога.
Мене изгледа сето тоа ќе ме снајде со второ дете нас ни се чудат како спиело во кревет во своја соба.. не знам еве една година поминува тоа никогаш нема правено проблем кога го ставам во неговото креветче.. сега има голем кревет 200×100 со повисока ограда специјално правен се шири по цела ноќ и мислам дека ни тој не може да замисли како би спиел мушнат во нас..
Kako isto jas da sum pisala. Skros isto....nema sansi primer vo krevetce da go stavam. 5m ima. Prethodno vrzuvase dobri 2ipolh po prvoto spienje. Sega samo sto kw go zapijam po pola saat 40min se budi. Pa pak cicanje niskanje posle pola saat pak. I duri potoa svrzuva malku poveke.
Некои бебуфчиња се такви, им треба време да се посамостални. Ќе си се вратат во креветче, ќе почекаме, засега ќе си спиеме заедно
https://www.instagram.com/reel/C9HVI1StiIN/?igsh=MXR2bHM2dzlsdTRleA== За муабетот Прва вечер спиевме (или не) сите 3ца на спална, на викенд сме. Да имаше бебе креветче кој не си легнеше во него еве на!!! они се ширеа јас 7пати ќе паднев од ивицата на душекот а да, стана во 6.50, татко му си продолжи и еве сега 2цата спијат јас ги чувам
исто вака само што уште никој не легнал во креветчето Не знам вашите дали менуваат ама мојава нон стоп менува, таман мислиш има некој ред се паѓа у вода. Навечер се успиваше во 9 најкасно 9:30 ама овие неколку дена во 8:30 навечер е кома и во 5:30 сабајле е веќе будна а јас цел ден вака
9 заспива 7-8 станува со 3 цицања, ама денски од што кратко спие 25мин на 1.5ч бара да спие а е 7месеци веќе 3 до 4 дремки сеуште зошто се кратки, а некогаш последната од 5 ја одбегнува и е буден 4 5 саати, колку и да се мачам да го заспијам
мене секако ќе ме собере во нејзино креветче, од тие малите сум јас бар нема да ме бутка на раб на спална изгледа и мене истото ме чека, јас ќе ги чувам на одмор сега заслужено да одиш да си легнеш мајче, а татко и син ќе се чуваат
Да ти ја дадам ќере да видиш што е неред со спиење секој ден ми е предизвик кога како ќе спие..последниве денови заспива накај 23 и 30, демек некој ред има, ќе видиме до кога..ама немирно нешто ми спие...во 8 месец имало пак регресија со спиењево и весело ми е ептен
Баш вчера си ја гушкав и таман ќе решам ќе сум ја враќала во креветче и ќе прочитам нешто вакво ииии....
Мајки што спиете на спална со бебе, ви има ли паднато бебето? Се откажав и јас од спиење во креветче ама сега не спијам од страв да не падне. Неколку пати ја враќав од самиот раб среќа, ама кај и да е ќе се успијам и што после Никако нема спиење за мене, ако не успее ни ова не знам каде од тука...
Јас со ниедно бебе не сум спиела на спална, па двете ми паднале од кревет. Има тема за паѓање, да читаш да видиш дека од 10 деца, 9 паднале Ама за секоја вечер ако така спиете најдобро стави си ограда. Се става под душек, значи нема нешто монтажа или оштетување на креветот. Мора некое трајно решение, не можеш засекогаш да не спиеш.
Ќе побарам таква ограда не знаев дека има, ова ми е последен обид, ако и вака не спиеме ќе мора да правиме некој тренинг за спиење. Или и да падне не е толку страшно штом толку деца паѓаат па не скршиле нога/рака/глава? Џабе сум параноична? Цело време пробував постепено да се научи да заспива сама и да спие, ама не и не. Будење на 2 саати најмногу. Ќе ме избркаат од работа од што сум уморна и не можам да работам нормално. Нешто и грешам што толку ми се буди ама никако да погодам како треба
Колкаво е бебето? Цица се уште? Ќерка ми додека цицаше така се будеше, бладав на работа. Откако ја префрлив на спална, несвесно сама се закачуваше на цицка, не ја ни осеќав. Пробај измеѓу вас двајца да спие или земи ограда, ја има во Пики бебе. Инаку бебе ако решило да падне, ќе паѓа, ќерка ми ја наоѓавме со главата надоле кај нозете, на пат да паѓа од долмиот дел на спална.
11 месеци, цица. Не се закачува сама, се буди, седнува и плаче. Треба изгледа гола да спијам да и е достапно млекото Али памет неам и да не ми падне и спијам со едно око отворено. Мрда, прета, се качува врз мене, седнува, па заспива седната и и паѓа главата, лази замижана, хаос. Иначе во креветче се буди се исправа и морав да го спуштам на најдолното ниво за да не се преврти дека и тоа за малку ќе се десеше, ама така е веќе невозможно да ја спуштам заспана, ниска сум. Затоа фатив на спална, ама исто бега долу кај нозете и од иста положба ја спасував тргната да паѓа со главата надоле.
Nema vo piki , jas vcera kupiv a se utepav od baranje so denovi momentalno ima vo andrej kompani i vo lotus.
Ете зошто ти се буди, поради зависност од цице . Иста беше мојава, како ја одбив, се препородив. Поспав скоро 2 години, сега друго бебе имам пак не спијам и така...
Нема начин да се одбие од ноќни подои а да си цица сабајле и пред спиење само се силев ќе ја дојам 2 години ама многу е тешко бе ова