Јас ја одбив нагло, наеднаш. И тоа ќерка ми беше на цицка буквално на пола саат,ја користеше и како цуцла,ноќе некогаш и не ја осеќав кога цица сама си се местеше ....Решив да ја одбијам бидејки ми се разранија брадавиците многу и буквално година ипол немав спиено .Се здрвив се во иста положба и се на цицка. Отидовме кај мајка ми , ја оставив да спие со мајка ми а јас си легнав во детска.Дали ви се верува никако не заплача,не ни побара.Многу лесно се одвикнавме..и сега си спие цела вечер,станува за водичка 2 пати ама само си се напива и си продолжува.
На 1 година точно. Нагло ја одбив, спиев 3 вечери во дневна. Првата вечер кенкаше, втората вриштеше, третата вечер ја преспа цела. До ден денес е така, 3 години има.
Колку време трае регресија на сон во 4ти месец? Скоро сме пет месеци, но буквално цел четврти месец не сме наспани никој дома. Пратам прозори на будност, но навечер знае на секој час да се буди и штом го земам во раце, малку на града (не цица, но да ја има во уста) се смирува. Заспива доста касно околу 22:30, пробав околу 21 да биде заспан, но така е уште полошо, веќе во четири и пол е наспан и дежураме. Кај грешам?
Nikade ne gresis, period e kaj mene od 3ipol meseci do kaj 5ipol 6 meseci se budede na 2 ,pa na 1i40, na saatipol ,na 40min i posle veke pocna po 2 saati da svrzuva nekade kaj ocetok na 6ti mesec, pricina sto ima skok vo 4ti mesec regresija na spienje posle imalo kaj 5ti mesec uste eden skok i se taka si povrza samo gledaj ww, plus nekade togas pocna da preminuva od 4 na 3 dremki kaj mene bebeto taka da so lesno
Спие измеѓу мене и мм ама кога го менувам на другата града го имам залепено креветчето до спална па и да се сврти во него ке отиде некогаш ноќр надежно го ставам демек ке спие во него прави 2 вртења и до мене е
неколку вечери спиевте така, како продолживте после дома? Не ми е јасно скроз како не и текнало. не верувам дека лесно ќе оди со мојава баш слатко звучи успеваш да се одмориш така?
Полесно ми вака, едно време му ја вратив страницата на креветчето демек ке спие сам, аха важи! Само правев стани земи седни врати го назад пак земи го по цела ноќ додека не ми прекипа и се споив заедно. Барем он спие и јас спијам.
Мајки ај може ќе ми дадете памет. Не знам што бидна со бебево (ок знам сепарација+ регресија во сон 7месеци) но дали е возможно дополнителни да му влијае и воведување на немлечна храна па денски да е гладен и затоа ноќе да бара? Има ручек и од пред 2 дена воведов како мини појадок, со тоа бебе крати 2 денски цицања (4 цицања денски и 4 цицања ноќе ) на 2ч темпирано станува Стварно се надевав дека ќе станува полесно, дали му влијае што ме осеќа до него ноќе па го потсеќам да стане? Не заспива ако не дадам плаче вришти и јас за да не ги буди сите давам, порано со цуцла си заспиваше. Дали да оставам некоја ноќ да поплаче, да спие со мм или едноставно е период и ќе пројде? Од што сум преморена не памтам дали влече голта млеко или само заспива ќе пробам вечер да следам побудно зошто периодов и денски не цица премногу, повеќе се врти,влече со непца, си игра отколку што цица. Ми иде да почнам сега да молзам или да го префрлам на АД зошто се осеќам дека немам појма што правам и каде грешам
Ми има паднато, но беше будна, среќа имаше перница, па перницата прво падна па она и не беше јак ударот. После тоа земавме креветче од страв, дека многгжу се врти. Кога ќе заспие вечер ја ставам таму, дека јас не си легнувам одма и да не ја мислам, а после кога ќе се разбиди во текот на ноќта ако нешто не и е по ќејф, ако се врти ја земам до мене. Иначе кога спиеше и преку ден и навечер на кревет и ставав од околу бампер и перници и пак ја ѕиркав( преку ден) . Сега ако не лежам до неа, ја ставам во креветче, па макар и 30мин да спие, дека имам приметено некад кога лежам до неа повеќе спие, а кога е сама 30мин.
Да ме просветли некој како да го успивам бебето само или барем во креветче? 5 месеци има, само со нишкање заспива а сега од скоро само ако го шеташ низ соба или на јога топка..Сега го шетам 5 6 мин па го спуштам и тапкам на секое мрдање 10 мин и додека излезам и завршам една рабпота станува..Дремките му се 30 40 мин..И на секоја дремка скоро се тегне и порано пробав и покасно да го заспивам.. Ми успеа во креветче спушти дигни неколку пати ама само на првата дремка. Дали повеќе ќе спие ако заспие у креветче? И како ги одвикнавте од спиење на спална, јас го земам за цицање и после полека го префрлам. Ама нешто дали е у некој регрес или заби цика на вечер и до мене го зимам не се обраќа мирен е...
Некој да ми објасни за регресијата и што да очекувам/правам? Дали се јавува на полни 4 месеци? Еве ние сме 3+, сега за сега и денски и навечер си спие убаво, денски заспива на два часа, има 4 дремки најчесто од 30мин, 1ч, 1ч и 30мин и 2ч и 30мин. Ноќе закенкува за јадење 2 пати и во сон пие од шише. Дали со регресијата овие навики што ги има стекнато веќе се менуваат?
Моето бебе ништо не промени во ниедна регресија до сега. Само што наполни годинка пред една недела.. Терај си го редот и рутините без отстапки.
Извини шо упаѓам ама тешко ред со некој неспијач како син ми. По пола саат му се дремки ако го презаспијам на само спуштање станува, некогаш продолжува. Кога ќе им се предвидливи дремките, да има ред со дремките? Он 6 7 станува а легнува 7 8 најкасно 9 зависи последната дремка..5 месеци сме, тешко издржува буден, дремки по 30 40 мин, еве сега по заспав да поспие барем саат саат и пол. Со станување легнување има ред ама дремките многу му се непредвидливи а изгледа и почна и заби..
Да лежиш со него помага ли? Јас ти пишувам пошо бебо беше научен да спие на мене на пладен, а преку ноќ безпроблем си спиеше во креветче. Јас почнав со лежење до него на спална некои си 2-3 недели така сврзуваше повеќе. После станував и ди одев некогаш се враќав по 100 пати мислам, ама од ден на ден се повеќе и повеќе спиешњ од 2 минути буквално, почна по 2 саати да ги спир без будење.
Така бевме и ние до скоро, преку ден заедно а вечерта у креветче ама почна дента да спие у креветче а вечер со мене на спална. Имаку пробано и се буди по 40 мин мидлам од навика...Само еднаш или два пати на презаспување и цицање заспа така цврсто. Само вечер заспива цицајќи.
Мајки бебе 7+ е нешто деновиве почна да ја забушава последната дремка околу 4-5 што е Гледам дека после 6ти скок вика кратат на 2, моево цело време беше поназад на таа тема, до пред 1 месец имаше 4,5 дремки сега сака 2 Вашите колку спијат? Не покажува знаци на замор, некогаш го фаќа по 5ч да е буден последново, вкупни дремки гледам да се 2до3ч (денес се 1.5ч) а не сака за жива глава да заспие, најсреќен на свет е си игра се смее вриска среќен. Не знам дали да го оставам вака, да не почне пак со драми при успивање ноќе ми се буди ко лотарија, може па му било многу денски спиење затоа на 1.5ч станувал јас мислам ќе частам кога бебево ќе се нормализира со спиењето ден и ноќ
Мојава има 3 дремки, ама ред никаков, нон стоп ми менува. Колку и да е спиена навечер знае да се разбуди или на 5 саати или на 3 саати, како си сака така, а знае и сред ноќ да стане и да си игра. Досадна сум веќе на тема (не) спиење.
И мојов од 7 месеци тера со две дремки, со тоа што цел месец мака мачев, едвај по пола саат спиеше на дремка, значи вкупно саат време преку ден. И фул беше со енергија, мислиш отспал 5 саати Од осми месец веќе почна да си поспива подолго. Сега е 9 месеци и има две дремки од по 1,5 час. Навечер си спие од кај 9:30-10 до сабајле до 8:30-9, тука немавме промени до сега, се надевам нема сега да му текне да менува кога треба со работа да почнам.