Некој совет како ги успивате бебињата? 4ипол месеци сме и во ред регресијата ама нас секое успивање ни е со плачки. Пратам прозори на будност ама џабе само што затвара очи почнува вриштење. Претходно заспиваше со цицање, сега и цуцла и нишкање ништо не помага.
Мајки мене ми треба совет за самостојно успивање на бебе 3 месеци.На АД млеко од старт.Ноќе го заспивам на раце па го спуштам на креветче во 8 или 8.30. И се буди на 4 саата после на 2 саата не мислам дека секое будење е за млеко бидејќи му давам и пие мала количина и немирно спие испушта звуци се врти и кемка а буден е 6.15 некои 9 саата нокен сон мусе собира а тоа е малку. Дневни дремки по прозори на будност по 40 мин до еден саат.
Мало е за тренинг, плус до годината многу регресии во спиење и скокови во развој поминуваат. Секако и заби и моторика пуштена на најјако. Држи си рутина и пробувај различни начини како би си олеснила за заспивање и презаспивање. Некои периоди ќе спие подобро некои полошо и тоа е нормално. Се ќе помине
Zdr majki moeto e 8 meseci ubavo si spiese uste od malo sea nesto se poloso i poloso ke go drzam vo raka po pola saat saat ke zapsie i stom go ostavam se budi sto da pravam ne spie preku den ima samo 2 dremki preku den ednata e 2 saata a drugata e 1 saat aj za nekoj sovet
Еве сум ао малата, до 2 утрово има станато 6 пати. А тек цела ноќ пред нас. Ич не спие не знам што е со бебево. 3 дремки има, да кратам една многу рано ќе треба да легне ноќта така па мислам бетар ќе е ... Ќе воведам вечера да видам да не е до тоа. Глава ме боли ќе ми прсне од умор..
Не збори. Одморов хорор, по 12пати во 24 цица, од 7 до сега има станато 9 пати. На 1ч Дојдов да прашам дали некоја мајка има купено и е задоволна од тренинзите на др.Гуднајт? Очајна сум веќе,колку и да сум против cry it out знам бебево зајдува и може џабе да фрлам пари нешто мора да смениме за доброто на сите...
@Fenix05 За програмата од други што имам слушнато дека делува додека се придржуваш на дадената рутина. Ако смениш нешто пак е се по старо. Не знам ни дали вреди да се проба, не е ефтина. Малку оф топик фениксче,дали почнавте со вечера? Трет оброк. Прашувам оти гледам и вие не спиете па да знам дали ако дадам и вечера ќе има промена. Знам дека е индивидѕално ама сепак. Да си прашам.
Имам другарка незадоволна од Гуднајт. И ги лапна 100 евра малиот пак не спиеше до 2 години. Сите можни варијанти ги пробуваше он, доење, адаптирано, прозори на будност, плачење, дремки, ништо не и успеа. Ти пишав мислам и претходно доено бебе, ретко кое преспива ноќ без будење. @firequeenn ќерката јадеше тањир палента со цело рендано јајце за вечера, па пак ми се будеше на саат, два за цицање. Знам не те тешам
https://www.instagram.com/reel/C_6f-4pSyQl/?igsh=MXIxb2M3d3RqdjJxZQ== Првите три видеа се за нашиот "проблем" Многу ми се допаѓа пристапот на женава, планирам да и пишам деновиве имаше и едно видео каде баш одговара на прашањата и полека да си олеснувам со ваков благ пристап. Од вчера заспива пак до мене со нишкање по газе малце, не го нишам низ соба кичмава ја оставив во Грција,ноќта стана 4 пати ама му дадов легнати да цица да не се расонува, се надевам ќе биде подобро барем да врзува пак по 3ч а не на 1ч30мин да плаче.. Заморот си го прави своето не размислував трезвено, а знам дека не би го оставала да плаче со саати сам во соба. Така што Заследете ја има многу корисни совети за спиење јадење тргнување на работа итн.
Пренервозна сум, вријам. Дали и вам ви се случува вака: Го заспивам обично околу 21 часот до кај 21 и 30 деновиве. Денеска дремката му ја прекинав по час и пол скоро два часа спиење, 13 и 40 го разбудив со цел да го легнам до кај 20 часот, бидејќи утре сме на пат, да може да се разбуди порано. Заспа во 20 и 10 мин и почнавме со сопругот низ дома да средуваме. Кога ете ти го во 22 и 15 мин во дневна стана дојде. Се вратив да го легнам,почнав да го тапкам не успеваше. Отиде маж ми да го тапка, не успеваше. Помина час и пол два, времето ни помина, ни спремни скроз ништо Се пренервиравме. Ем со намера да спие повеќе го легнавме порано ем ништо. Нели бебињата така повеќе спиеле божем?? Дали организмот му го сфати ова како дремка или што? Многу сум разочарана со спиењево. Каде и одам само тоа ми се врти цело време дали ќе спие, дали ќе се наспиеме Многу сум нервозна крајно Ем се трудам да има убав сон, и на крај вака ми се враќа. Немам веќе доверба во спиењето негово. И сега вака ли ќе фати да ми прави, да не може да презаспие и живци да кинам буквално? Можда 21 до 21 и 30 е најидеално. И после ќе попува доктор гуднајт до 20 да биле легнати децата, жими...
Исто и кај нас денес заспа во 8 и пол и пред 10 стана. И дојде како 4та дремка. Не се нервирај до толку, не се секирај бебиња се неможе по книга секој ден. Кога стана ја ставивме на меше малце за да се умори па на грбче и накај 11 си заспа
Majki kako da go naucam bebe da spie podolgo nasabajle. Od kako pocnav na rabota od minatata nedela pocnuva da mi stanuva vo 6.30 ajde de toa i ja stanuvam toa vreme. Ama vcera zaspa vo 20.00 i mi stana vo 5ipol sabajle. Ziva nenaspana sum nemozam da fukncioniram. Strav mi e da ne pocne sekoj den vo 5 da stanuva pa togas e veke problem Neznam dali go maci nesto cela nok kenkase Ke dremne ke stane ke prokenka pa ke zaspie i mnogu e nervozen. Dali da go prepisam ova na zabi dali na promena na okolina sto svekrva mi go cuva dur sum na rab stv neznam ama vaka nemozam da funkcioniram Prethodno ubavo si spiese od 21.00 do 07.00 dodeka bev na porodilno
Mislam deka radi promena na okolina, kaj mene od kako pocna vo jasli taka mi pravese eve ja vcera i deeneska e veke tuku reci vratena vo normala ni trebaa nekoi si 3 4 nedeli, kaj nas bese stanuvanje po 17890 pati na nok, na utro spiese plus i zabi i se
Заби, кај нас комбинација со совладување седнување се покажаа пеколно. На 45мин плаче не се смирува без мене цела ноќ, згазена сум за сон очајна ама тоа е што е. Ќе помине фаза е, плус ако е веќе 7 8 месеци сепарациска на најјако се плаши од двоење од тебе (се појавил нов лик во неговиот живот, додека се навикне ќе треба некоја недела да помине) Само да издржиме со здрав разум, волку тешко мислам не ми било ниеднаш во овие скоро 9месеци
21:30 бебе заспа 19:15 стана 20:00 цицаше почна да прета го тапкав на спална почна да плаче го дигнав да го нишкам плачеше и повторно цицаше и заспа. Станав да не заспам у 8 и јас иако 6 ќе е станат ако не и порано... Преку ден е активен не застанува, мислам да го оставам нема да му текне да заспие..Почна да се шутка и на сите им е интересен, не лази ама се фрла на гради со рацете се крева и со нозете пп малце. Спие како зајак 30 40 мин, пробав да биде повеќе буден ама само понервозен е. Надвор неќе да спие единствено у кенгур кај мм успеа. Се му е интересно и не сака да заспие. Белите звуци ги исклучив и сега пробувам ќебе да му ставам да не тропкам ама мислам не му смета нешто ного. Почна големото бебе и кашички да јаде сите сакаат да му дават. Инаку 6 и пол месеци сме. Не седи уште ама чекам сам на подлога е од 4 месеци и интересно му е шо ли не проба.
Таман реков фативме ред со ноќново спиење бидејќи ме почасти 2 недели со 2 до 3 будења навечер, што за нас е топ. Кога ете ја пак почна да си станува секој саат, како аларм. Барем со пригушувач да беше алармов а не со врескање.. Разбирам дека ново и е се, дека и заби растат,дека е во скок.. Значи стварно жифци немам веќе. Работава ми е презахтевна, бара внимание, со документи и цифри работам. Побарав да одам меѓусмена и втора, да сум што е можно помалце прва смена за колку толку да се наспијам. Не се издржива без спиње ми е страв ќе згрешам нешто на работа упм ќе отиде се. До кога вака,ме секира..
Мајки, спанки, ај помош сугестија нешто... Вака, малиот 20 месеци има ноќи се буди одредено време и пример е буден час два три Вчера три часа во креветче се превртуваше, сакаше тапкање, ммкаше. Како да ја сменам ситуацијава? Дали и кај вас е така? Дали е до тоа што денски знае да спие по два и пол часа, вчера од 12 точно до 14 и 30. А вечерта заспа во 21 точно, и тоа лесно заспа. И ете го во 2 по полноќ му се разретчи сонот. Ми иде мелатонит да му давам. П.с теоријата на д-р Гуднајт дека дете ако легне во 20 часот ќе ја спие цела ноќ паѓа во вода.