1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиењето на вашето бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 2 октомври 2013.

  1. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.902
    Допаѓања:
    5.202
    Има некој скок на 20 месеци, исто и кај нас беше изреметено спиењето тој период.
    Сугестија - пробај не го оставај денски толку да спие, или помести му саат порано/покасно ноќно спиење.
    А за теоријава на гуднајт - секој спие онолку колку му се спие и е изморен ;).

    едит: сега те прочитав погоре исто имаш пишано, од мое искуство сака покасно заспивање.
     
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.386
    Допаѓања:
    1.134
    Пол:
    Женски
    Мајки бебе е 4 ипол месеци константно се буди на саат, саат ипол преку ноќ. Ако ја земам да спие меѓу нас како ќе знае дека сме тука? Ако се разбуди и отвори очи за да не види, ќе презаспие сама? Или пак ќе треба да и дадам да цица и да ја успивам? И плус кога спие се турка нанапред на креветчето....и тоа ми е страв како ќе се извртува во нашиот кревет
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.219
    Допаѓања:
    7.950
    Пол:
    Женски
    Нема да презаспие сама.
    Ќерката од 4ти скок до година, до тогаш ја доев, спиеше со нас на спална. Цицката извадена и цица коа и се цица. Не дека не ме будеше ама па барем го немаш оној момент стани, земи бебе, спушти, тапкај по газе. Она цица, ти спиеш, мене најлесно ми беше така.
     
    На warrior, sani99 и снежана2023 им се допаѓа ова.
  4. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.486
    Дефинитивно со долга денска дремка, не може да го легнеш во 21ч. Јас мојата сега ја легнувам во толку ама не преспива.
    Кога преспиваше, исто по 3 саати спиеше, во 23 ја легнував и спиеше без проблем и будење.
    Не сум за изоставување на дневната дремка, мало е, треба да ја има, ама затоа покасно легнување. Да будам дете од спиење на сила за да го легнам вечерта порано ми е нон сенс.
    Не е бомба да го натемпираш, живо суштество е, со свој биоритам.

    А за теоријата... нека се наспие Гуднајт преку ден и пак нека легне во 20ч и нека спие топ. Смешки.
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  5. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.386
    Допаѓања:
    1.134
    Пол:
    Женски
    Ама кога ќе цица мора да станам за да подригне...да не ми бљуцне
     
  6. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.219
    Допаѓања:
    7.950
    Пол:
    Женски
    И навечер ти бљуцка?
    Во принцип со тоа цицањето на саат они не полнат меше, туку како утеха им е, да презаспијат.
    Јас не сум ги држела да ждригнат после 2 месеци навечер, ни ќерката, ни малово сега. Он е на ад цело шише пие ама навечер поспоро цицаат и не голтаат воздух толку за да ждригнат. Барем моиве деца.
     
    На jasna0305 и снежана2023 им се допаѓа ова.
  7. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.386
    Допаѓања:
    1.134
    Пол:
    Женски
    Некогаш ретко ми бљуцка ако се нацица повеќе
     
  8. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    8.648
    Пол:
    Женски
    Јас ќе се отрујам веќе.
    9+ месеци
    2 дремки 2-2.5ч вкупно (што и да направам не спие подолго и го пренишувам за да врзи 1ч)
    Следам прозори на будност, вкупно дневно спиење и дневни дремки за возраст ма не и не ужас е ај ноќното спиење што станува 6+ пати туку со денови и дење не можам да го заспијам. Вришти луѓе се исправа цел ко даска и се тегне го спуштам се корне се влече да го земам, го земам се трга за на кревет. Жими се веќе со темпово ми доаѓа да мавнам глава во ѕид.
    1ч точно вриштеше сега,заспива и за 1мин мижејќи почнува да вришти го нишам низ соба ко новороденче бебе од 75цм и 8.5кг


    Има некоја мајка од генерација да е уште на 3 дремки да му вратам пак ??? не знам не сфаќам
    Сабајле во 6 стана и веќе во 7.30 вриштеше нервозен за спиење, пробав да го успијам на 2ч не бе исто, заспа после 1ч едвај. Сега на 3ч вриштеше заспа на 4ч буден. Прееска го шетав во количка ни а ни б заспа сам на 3.5ч

    Сериозно бебево ми е траума кога доаѓа време за спиење :headbang:

    На моменти си викам аман да тргнам на работа може ќе фати некој ред без мене зошто секој ден е сè полошо
     
  9. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    3.024
    Пол:
    Женски
    Истово ама скроз истово го проаѓам. Сабајле стана по нецели 2 часа урлање за спиење, заспа. Стана за 20 мин. Што и да правев не презаспа. Пак накај 2 заспа, 20 минути. Во 5 пак заспа едвај со нишање прерасна дп 6. Еве го сега го легнав во креветче, урла, ама веќе преку глава ми е не издржувам. Нема што не пробав, џабе и прозорци на будност о дремки следев и се, и тренинг и све, џабе, секој ден ми е преживување. Особено ноќите, се стемни ли мене ми се корне коса.
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.433
    Пол:
    Женски
    Без паника и броење минути и саати. Ќе се врати во нормала. Регресија има во спиење меѓу 8ми и 10ти месец. Поштено гадна. Со првиот ја окркав. Си ја памтам...исто вака пишував, се оптеретував. Ќе биде боље!
     
    На Kikikikiri0405 и Fenix05 им се допаѓа ова.
  11. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    6.712
    Еве ме генерацијо да ти одговорам со дремките.:)
    Уште сме со три дремки од причина што не сврзува сон долго време во една дремка а мене ми е тортура да ја презаспивам оти многу пати не ми успеало. Ништо не помагало колку и да нишам, јас жива вода ќе се препотам таа гајле нема расположена, спремна за играње. Навечер секако не спие , си станува на 2 часа редовно и се помирив тоа е. И тоа со гласно плачење станува, не со тивкото. Значи истото како кај вас.
    Мораме да се научиме со помалку сон да функционираме, а знам дека е тешко. Јас и на работа тргнав со баба и се чуваат и ми вика прелесно ми е со дневниве дремки одма заспива. Ја разбудува таа , не ја чека да стани сама бидејќи 3 дремки се, ако затера после се се пореметува,цел дневен ред. Прво ми се чудеше кога и реков да ја буди ама сега ја слушам вели арно било вака имала некој ред. Мене ми е само мисла дека месециве одминуваат а уште е со 3 дремки. 9 и пол месеци фати. Не знам кога ќе и ги намалам.
    Да и трае подолго дремката нема проблем, две ќе бидат.

    Дури бев на породично се издржуваше да сум наредниот ден ненаспана а сега мн потешко кога треба да се работи.
    Уживај си сега полесно ти е дома:l:
     
    На Kikikikiri0405, Fenix05 и sani99 им се допаѓа ова.
  12. Flooora96

    Flooora96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2021
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе, кажете чаре.. Навечер оди па заспиј ја 3++ сме. Преку ден го нема овој проблем ама навечер вриште, и се јаде а не сака да ја фате градата вреска.. Не знам како да ја сменам оваа навика. Неаме некој ред ама по саат време седи будн измеѓу дремки, и секако иам пробано од 9 саат успивање стигнуваме до 11, 12.. Со томкање во раце, се гледа и паѓаат очињата таман ке затвори 1 минутка и одма ке ги отвори..
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    3.024
    Пол:
    Женски
    Ее ама тоа враќање во нормала кога трае со месеци, неиздржливо е..
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. no name5

    no name5 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.086
    Пол:
    Женски
    Скоро 15 месеци ,последните две три недели како зомби шетам ,бебе се утепа од станување навечер . Некогаш не заспива па морам да дадам млеко и во тек на цела вечер двапати трипати му се фати да пие .Мислев после годината ќе намалува со станување ( барем со поголемиот така беше, веќе скоро кај година ипол воопшто веќе не стануваше) ова скроз обратно.. Што може да е дали има некој скок во развој? Дали пак е гладен да му појачам вечера можеби ,обично кај 18 ч давам вечера , а веќе накај 19 и 30 -20 заспива со шише млеко .
     
  15. Elly989

    Elly989 Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    208
    Здраво мајки, се надевам прашањето е соодветно за тука. Бебето има 3 недели, дење е супер. Си спие мирно и спокојно, ништо не го ремети, ни галама ни светло..
    Навечер нешто му се случува, во спиење многу кенка, мрда, целото е вознемирено, се буди на секој 1 час, бара да цица, цица 5 мин и заспива. Веќе немам осет колку исцицало и дали е сито оти цицањето е често, а кратко.
    Не ни плаче, само многу мрда, кенка, мава боксови, се врти, се бори. Таков неспокој не сум видела.
    Му дадов цуцла, ја плука. Го замотав во кебенце, и тоа џабе.
    Мислам дека не се грчеви бидејќи не плаче, не се црвенее, не клоца со нозе.
    Во раце одма се смирува и заспива но штом го спуштам во креветче пак иста песна почнува.
    Читав доста за 'активно спиење' кај бебињата и ова личи на тоа, но во случајов трае цела ноќ, со саати, премногу е. Обично трае од 1 до 6 часот наутро. После тоа си спие без гајле цел ден како ништо да не било...
    Дали имате некој совет?
     
  16. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.902
    Допаѓања:
    5.202
    Бара близина, до пред 3 недели не знаело за свет надвор од тебе.
     
  17. Elly989

    Elly989 Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    208
    Znam. No cudno mi e deka se slucuva samo noke
     
  18. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.386
    Допаѓања:
    1.134
    Пол:
    Женски
    Земи си го на тебе да си спие и ти и тоа ќе си спиете мирно. Период е сака близина штом се буди на кратко да поцица
     
  19. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Имаат такви периоди. И моето беше такво и само испушташе звуци, се маваше и помина. Кај нас близина не помагаше, и ден денес знае второто спиење после јадење навечер да му е некогаш такво и да го земам до мене џабе. Пак го прави истото. Дење како што кажа не се случува, а исто не легнувам до него преку ден. За моево барем не е сигурно дека бара близина пошто е пробано.
     
    На Elly989 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elly989

    Elly989 Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    208
    Исто значи. Дали трае долго? Кај нас со саати ;(