Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиењето на вашето бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 2 октомври 2013.

  1. A.V.S 91

    A.V.S 91 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2023
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Ако успееш да ги продолжиш дремките, извести ме :D Исти бевме на 2 месеци, а и сега на 5++ ретко дремнува сам подолго од 30 мин. Кога спие во кола, кенгур,количка, на мене може и по 2 ч. ама сам никако. Јас се предадов на ситуацијата, денес 1,5 ч одспав со него врз мене, best feeling ever. Ќе тргне во градинка во февруари и многу ќе ми фали;(
     
    На merriel0 и Tea SK им се допаѓа ова.
  2. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.040
    Допаѓања:
    5.446
    Не си го така научила, такво си е детето.
     
    На Ouranio.toxo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ouranio.toxo

    Ouranio.toxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2023
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    611
    Пол:
    Женски
    10ипол месеци и сеуште е така, ако сум до неа спие, ако не на 30 мин се буди па треба да ја презаспиеш :D
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  4. A.V.S 91

    A.V.S 91 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2023
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Кога го оставате на чување или во градинка како е?
     
  5. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.541
    Допаѓања:
    8.818
    Пол:
    Женски
    Моите две деца се вакви. И големта до 6 мес спиеше така, и бебево сега 5 мес е, ептен да се задлабочи, па да го спуштам, па се буди за 20 мин, па пак го презаспивам, па пак го спуштам и така во круг :D.
    Топ ми е и на мене :)
     
    На DELFINA81 и sani99 им се допаѓа ова.
  6. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    9.719
    Пол:
    Женски
    Ние кога ги успиваме 3 те деца..некогаш знае да биде мн.напорно,ама тоа од поголемата.Сака да заспива со мене,ако нешто не и е погодено,почне да писка,плаче и пробуде некое од близнаците кои едвај сум ги заспала,виселе на цицка и двете,од едно се пробуде и друго,па ајдее из почетка опет..:sweat:(facepalm)
    Понекогаш сакам да нема ноќ...:D
    Ама сакам и денот да има крај,за да можам да наполнам батерии и јас.
     
    На Martka, Tea SK и sani99 им се допаѓа ова.
  7. Ouranio.toxo

    Ouranio.toxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2023
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    611
    Пол:
    Женски
    Во градинка оди, и викаат дека е тешка за заспивање :) не знам ни јас како заспива, на два три пати ми имаат кажано дека ја нишкале. Друг ја нема чувано подолго време, мајка ми ја има успано ама исто е…на прсти да изброиш колку пати сама си продолжила да спие подолго без да се разбуди.
     
    На A.V.S 91 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.541
    Допаѓања:
    8.818
    Пол:
    Женски
    Мојава со тато си заспива.
    Бебе да не го урочам, пие млеко и кома е.
    Преку ден само се бориме за спиење :D
     
    На Martka и sani99 им се допаѓа ова.
  9. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.040
    Допаѓања:
    5.446
    Син ми дури имаше дремка денски, ме чекаше од работа да се вратам за да го заспијам, па така наместо во 12-1 ќе заспиеше во 4-5 попладне и вечерта журка :drunk:.
     
    На sani99 и Ouranio.toxo им се допаѓа ова.
  10. Ouranio.toxo

    Ouranio.toxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2023
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    611
    Пол:
    Женски
    Колкав е сега? Се регулираше ли спиењето или така ќе си биде? :D
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.040
    Допаѓања:
    5.446
    Три години е сега. Дури имаше дремка така беше, ко го одбив од цицање на две години престана да спие денски и почна да заспива порано навечер. Негде на 2 ипол успеа и друг да го заспие (татко му), ама ноќе си е пак лепенка за мене, раче, ноџе, глава, мора да осеќа дека сум до него.
    Ако се разбуди и види дека ме нема станува и ме бара :D.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.701
    Допаѓања:
    11.225
    Пол:
    Женски
    Пред да се обратам на "постручни" да пишам тука.

    Година и 9 месеци.
    Имаме мака со ноќното спиење.
    Има убав ред на спиење: дремка од 2 часа да кажеме, навечер до кај 21 и 30 заспан.
    Се буди сред ноќ околу 2 часот и ммка, се врти, му треба помош да призаспие, а тоа е за нас напорно.
    Треба пак да го тапкам а нема ефект, не му доаѓа сон, па тука почнувам да викам, зашто ем не заспива на маката ем не е да го оставиш сам, бара ммка.

    Ептен сме фрустрирани, секоја вечер сонот ни е прекинат, и не се издржува вака.
    Да е новороденче, да, има потреба, ама веќе накај дете оди и сѐ уште да е вака ноќта, не може.
    Имате и кај вас вака?
     
    На A.V.S 91 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.701
    Допаѓања:
    11.225
    Пол:
    Женски
    @Brpbrp ај златна кажи ми шо да правам. Знам дека кај тебе имаше слично вака со неспиење. Погоре пишав.
    Ма душата ни излезе веќе.
    И тоа ај му помагам, раката ми се здрви и пак не успева.
    Што знам веќе што да речам. Пукнавме од мислење, специфични деца.
    А ќе внимаваш и дремка и саати, рутини чуда и на крај ништо.
     
    На A.V.S 91 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. A.V.S 91

    A.V.S 91 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2023
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Кај нас е вака на 5 и пол месеци. Исто се чудам што би можело да биде причината и како да си помогнеме. Секоја вечер накај 1 и пол-2 како со аларм, редовно будење нема промашај. Почна од регресијата во 4ти месец. Прво го доев за да презаспие а сега пробувам со цуцла. Презаспива и така ама за кратко, штом му падне се буди и се така до накај 4-5, му давам да цица, спие 1-1,5h и пак се буди. Пак цица или го земам врз мене да спие ама се тоа е лесен и краткотраен сон. Цврсто спие од 22 до 2:?:
     
  15. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.494
    Допаѓања:
    13.591
    Пол:
    Женски
    Бебе е 9мес, минатиов месец имаше период од една недела каде стануваше во 3 сабајле комплетно свеж. Не плаче, ќе си седне во креветче, ќе најде две цуцли и си ги чука. После 20 мин ќе се исправи па почнува да ќенка. Чарето е инат. Само го спуштам да легне и враќам цуцла. И кога ќе стане пак. И пак и пак ×200. Плаче, ама нема земање, нема анимации, нема светло и звуци. 2 дена по 2 саата, другите денови пократко. Сабајлево го слушнав додека уште беше ноќ дека е буден, се повртка низ креветче и презаспал, не погледнав на саат колку време му требаше. Мислам дека само цуцла бараше, сега веќе сам си ја наоѓа.
    Првите денови го проверував да не е какан или протечена пелена дека не правел така претходно, и сфатив дека само плус го расонувам па плаче повеќе.
    Значи само упорност, и да нема стимулација никаква. Ноќ е за спиење.
     
    На Ouranio.toxo, јolene и A.V.S 91 им се допаѓа ова.
  16. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.637
    Допаѓања:
    7.275
    Пол:
    Женски
    Скоро секоја вечер е така. Ако не се разбуди скроз и да седи будна 2 саати, се врти нон стоп. Не кубе, не мава. Ќе се умири кај 4-5 и сабајле не може да се разбуди.
    И секако е ненаспиена. Се пробав, ама буквално се. Распоред на јадење, на дремка, на станување, легнување, рутини дури на крајот скроз пропуштивме и кај нас ја зедовме во кревет. Исто е.
    Од септември навака не сме спиени. Како бебе, ќе станеше ќе пиеше, ќе ја пресоблечев ја враќав во креветче и си заспиваше.
    Дете што само знаеше да си заспие. Готова сум веќе од ненаспиеност, не се трпиме. Пробувам да не цркам и викам, да имам трпение. Се делиме со маж ми по пола ноќ. Укочени сме од клоцање и сега ми останува да се молам со градинка кога ќе почне да останува да преспива, па да пробам пак да ја вратам во креветче.
    Имало момент, сум и свикала, ја носев по стан да види дек е темно, се правев дека спијам. Ништо баш ништо не помага.
    Останува во кревет, нема играње ама ете седи будна.
    Еднаш во месец ќе сврзе цела ноќ и тоа е тоа. Некогаш ќе стане ќе побара млеко и давам, оти плаче ако не. А млеко не пиеше ноќе од 8 месеци навака. Година и 5 мес.
    Грев ми е да ја оставам сега да плаче, оти има болки и не и лесно, со заби и се пропратно ново што учи. Ама ова во навика и премина и не ми се свиѓа.
     
  17. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.701
    Допаѓања:
    11.225
    Пол:
    Женски
    Ајде кажувај шо да правиме!
    И јас пробувам комбинирам една вечер вака, да вечера пример бисквити и млеко, вечер ќе му дадам леб намачкан со нешто. Пробувам дремката 2 часа +/-.
    И еднаш во месец, што викаш, ќе преспие ноќ, онака убави 7 8 часа и потоа сме прашалници зошто, што беше причината...

    Ако потрае вака, а не дека немал, цела прва година си имаше вакви ноќни стражарења, ќе побарам помош.

    Мојов е со цуцла, ама нема врска тоа.
    Едино што го тапкам за заспивање, тоа да му го тргнам и да видам дали ќе упали.
    Тројките како најболни заби пораснаа и горе и долу, има мислам 16 заби ако не грешам. Значи нема причина вакви испади да има бе дете бе.
    Ќе скреневме вчера од нервози.

    Лани вриштеше поголемото сред ноќ, сега помалово не спие салам, како да не се пореметиме?
    Немам некоја надеж во градинка, што знам, немам.
    На ваков родител што пазам и дремки и сѐ, од секогаш, не е фер.
    Има родители во 12 на полноќ ги заспиваат.
    Спиди, го оставам во креветче, не го кревам не го разместувам.
    Ама бара помош, вели мам мам, за а да го тапкам, да го заспивам, ама немаше ефект вчера.
    Да заспие од тапкањето ќе речам добро ете помогна, нешто беше.
    Ама сега, што да барам причина за да не повторува често.
    А бе сон ни треба луѓе. Веќе коса ми се корне.
    Што да речам ако вака прави арен кога е, ами за температура скраја, настинки...
    Твоето ајде уште е мало, има доста развојни фази до првата година да се исполни.
    И мојот најцврсто спие од кога заспива до 2 негде, после е мрдањето вртењето, па ако се разбуди барање помош.
    Со толку мало бебе едино да почекаш уште некој месец, па да го тренираш, да тргнеш цуцла, пиење млеко, сѐ, да потрпиш плачки и после да си пораат. Јас со првото му правев тренинг за спиење на 9 месеци, точно пред нова година некаде, и после почна да спие, видовме раат, па фати пак некој скок па малку се измести и после самиот почна да спие подобро.
    Ама тој, пак, вриштеше сред ноќ откако направи 3 години, а и пред тоа имаше епизоди. Никаквата.
     
  18. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.494
    Допаѓања:
    13.591
    Пол:
    Женски
    Кога станува сабајле? Колку саата вкупно спие континуирано целиов период? Ако функционира со помалку сон, може затоа се буди. По книга вика дека бебе треба да има 13-14ч сон во цел ден, ама еве јас имам две деца што од раѓање спијат 20% помалце од препорачаното. Па соодветно сум држела поголеми прозори на будност.
    На големата немам запишувано на година и 9мес колку спиела точно (веќе на работа одев и не водев евиденција како првите 9мес), ама стануваше во 7, легнуваше во 21. Денски никогаш не спиела 2ч, ама затоа ноќе 10ч спиеше без да мрдне. Значи место 14 саата она спиела макс 11. И таман и беше.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Iki lepi

    Iki lepi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2018
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    303
    Пол:
    Женски
    Мајки како спијат вашите на бебиња на месец дена,моето се буди многу често навечер,до кога трае ова
     
  20. A.V.S 91

    A.V.S 91 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2023
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    По се' што може да се прочита во оваа група - вечно. Да се научиме да живееме ненаспани:D
     
    На Iki lepi му/ѝ се допаѓа ова.