На еден месец нормално да се буди. Би требало да има еден подолг период на сон, пример 3-4-5 часа, и освен тоа остатокот од денот и ноќта нормално е да се буди и да јаде на 2, максимум 3 часа.
Мајки дали мислите дека бебе тешко зацврстува со спиење ако не е доволно сито? Веќе се ми оди напамет... Ајде што и денски има лесен сон, па и за вечерното спиење ни треба многу долго време додека се зацврсти за спуштање во креветче. Презаморна сум некогаш, пред него можам да заспијам, а тој абер нема...
Агонијата со моето 22 месечно бебе продолжува. Се буди околу 1 и добри два часа не може да призаспие. Бара помош, едната рака ми е извадена од ќебе (читај: ми смрзнува и здрвува), тапкам од 1 и пол со прекини нормално, немаше ефект, не заспа. Излегов од соба, продолжи татко му. Оваа агонија со неспиење На кушање ќе го носам.
Мајки кажете совет како да заспивам бебе на друг начин освен со цицање? И како да научи да заспива со друг?Неможам да излезам од дома, за спиење со никој друг не заспива освен со мене..некогаш се каам што го дојам да знаев дека е вака од старт на ад ќе беше. Кај никој не заспива. Маж ми имаше пробано со ад кога не бев дома еднаш само успеа и никогаш веќе. А бебе незаспано и уморно е голем проблем. За се каде и да одам без него темпирам да е наспан пред да излезам и за 2ч да сум дома
Јас попуштив психички веќе од неспиење. Денес цел ден викам. Она е ненаспиена и плачлива. Јас немам концентрација и сила за ништо повеќе. Не сврзувам ни пола саат сон. Буквално шизнав. Нека и помине настинка, нека извади четворките и еве на ако не ја ставам у транспортното креветче и да ја оставам сама во соба, што сака нека прави. Ме кубе и гребе по цели ноќи, не сака во рака, па галење, па дувкање па не знам кој веќе нежен метод не се употреби.
Колкаво ти беше? Јас веќе се дерам, шизам, по газ го удирам, од нервоза Па веќе не сум маченик, човек сум, неспиењето ми влијае. Цел ден ќе те исцрпи нормално ко дете, и на крај и ноќта крш. Ма аман!
16m. Не удирам, не се дерев до сабајле, ама изгледа преморот си го направи своето веќе. Не сум горда на себе, ама капната сум. Ја прашувам зошто, ја болиди нешто, не знае да каже. Се сомневам на долните четворка, горните излегоа, ама повеќе ми е страв дека едноставно навика и е вака. Па имаш, тати тати, кога ќе ја искарам. Да дојде татко и. Сабајле во 5 се дереше оти не и дадов да падне од креветот доле. 40 минути плачеше. Окото веќе ми трепери од премор. Вака долго не било никогаш. 3 месеци трае. Се случувало кога беше бебе, еднаш -два пати и после си преспиваше.
Бебе 6 медеца сеуште нема сврзано ноќе часа.Пратам прозори дневни дремки 30 мин до 1 час. Ноќно успивање од 19.30 до 20.00 се буди нонстоп.. Сабајле буден 5.30 каде грешам...
Нормално е бебиња рано да легнуваат. Дури и подобро. Само кај нас е нормално деца да седат до 10-11 навечер. Пробај денскиот распоред прво да го стабилизираш. 30мин дремка е многу лошо, ни спиено, ни неспиено. Еве ти на 6мес како би требало да изгледа распоредот, со тоа што наскоро би требало да се скрати третата дремка. 7am Bottle or nurse 8am Baby food 9am Start nap (ideally 1 ½ hour) 11am Bottle or nurse 12pm Baby food 12:30/1:30 Nap (ideally 1 ½-2 hours)-pick one time between 12:30 and 1:30 and start nap at that time each day 3pm Bottle or nurse 4/5pm Dinner 5:00pm Catnap – no longer than 30 min if they still take one 6:30 Bath 7pm Bottle or nurse 7:30pm In crib for the night
Епа тогаш нормализирајте го и станувањето во 5.30. На овој распоред се очекува плус да не се буди ич преку ноќ претпоставувам.
Две деца имам на овој распоред и откако ќе се воведе распоред не се будат. 95% од времето се како швајцарски саат. Не се родени такви, сум ги научила така. Едното полесно, другото потешко. Ама се учи. Членката погоре прашуваше за совет, споделив мое искуство. Мене не ми е нормално да ми седи дете до касно, па не ми станувале пред 7. Да се разбереме, нема една идеална финта што помага кај сите бебиња/деца, и особено во првата година бргу има промени. И си има истражувања колку просечно децата треба да спијат, колку време, колку дремки и колку да траат за секоја возраст. И секоја мајка нема од небо паднато знаење колку "треба" да спие, и убаво е да се има некаков водич, некоја просечна вредност.
Ако немаш воведено оброци, може и млеко, не е толку битно. Битно да има доволно храна вкупно во текот на денот и таа да биде после спиењето за да не му треба цицање/шише за да заспие.
Мене па не ми е нормално да ја искористувам моторната и вербалната несозреаност на бебињата со цел да ги “научам” да спијат, така да секој со своето (не)нормално. Како ли ги заспиваа мајките бебињата до пред 100 години ја не знам.
Како да го одвикнам бебето од ноќни подои? Станува многу често цица 5 6 пати и дента не јаде многу... Пробав и каши и блв метод, сеха и заби излегуват. Немам сврзано повеќе од 3 саати сон вњќе два три месеци... Дали е асоцијација? Дали да го одбијам илк да го префрлам на ад оти не се трпи.. Имаш то некој прирачник за ова? Знам имаше пишувано за метод на заспивање претходно..
Јас следам книга за тренинг за спиење, ако сакаш ќе ти ја пратам, ја имав и постирано некаде на форумот. На 6мес верувам е потешко одбивањето, јас првото скроз го одбив од ноќно цицање на 3ипол месеца (почнав од 5 недели), второто на околу 4ипол месеца.