Ако е moms on call ја читав ама имам темпераментно бебе и ако го оставам у креветче плаче и се качува на сите страни..Заедно спиеме плус а не можам да го оставам да плаче.. На кој начин освен со нишкање да пролонгирам подој барем? Кога се буди се тегни се додека не цица не заспива...
Епа тоа е, ќе го занимаваш што е можно подолго за да биде погладен и да дадеш повеќе млеко, подолго да цица. Јас на второто дете рано почнав од шише да му давам пред спиење за да знам дека сигурно испил доволно, кога почна преку 200мл да пие престанав да молзам и почнав да давам АД навечер, пак си цицаше преку ден. Ако не ти пречи да се молзиш, дај молзено во шише, да имаш увид колку пие, и да зголемиш по потреба. Ако не, вештачко. Ова се ќе помогне само ако се буди од глад. Ако само како навика му е цицање за заспивање, а не пие многу, прво мора тоа да се смени, иначе џабе се мачиш. Плаче пола саат и на крај пак цица малце и заспива, така нема да се смени ништо.
@Spidy дали ќе сакаш да ми ја пратиш и на мене книгата. Уште не сум породена, ама гледам да се едуцирам и спремам пред време за овие работи . Ти благодарам
@Spidy дали ќе сакаш да ми ја пратиш и на мене книгата. Уште не сум породена, ама гледам да се едуцирам и спремам пред време за овие работи . Ти благодарам.
Моето од раѓање заспива 6.30-7 станува 6.30-7 сеуште се буди за цицање 11месеци е. Но нема никаква врска кога заспива. Баш напротив сите препораки се за заспивање најдоцна до 19ч. @plava.90 Пиши цел ден како ви тече да видиме пример кога стамува јаде спие итн. Кај моето проблем за будење во 5 5.30 беа денските дремки односно премореност. Кога беше во скок или сакаше да скрати дремка па додека фатиме ритам знаеше во 5.30 да стане.
Синко мој 8 месеци полни уште не сака да смени ноќно спиење од 21h до 7-9h. Денски на два саато по 30-40минути?
И моето е 6 месеци, сега има скок на развој, јас на тоа го препишувам не спиењето. Претходно, заспивање околу 7-8 до сабајле 7-8, со станување на 2-3 часа за цицање. Искрено, мене ова ми беше идеално, со тоа што кога ќе стани, цица 10 мин. и презаспива. Јас не очекувам толку мало бебе да врзи повеќе од 3-4 саати сон. Од кога фати овој скокот, нема врска во колку го заспивам пробав и порано и покасно, во 5 ипол сабајле е ококорен. И бонус, се буди на секој пола саат-саат, заспива за 5 минути ама пак тоа реметење стани легни ме уништи. Кога ќе стане сабајле толку рано го зема сопругот за да поспијам уште 2 саати, а некогаш и тоа ми го прекинува за да цица. Период е. Инаку за дневни дремки, пола саат до минута мислам е, освен ако не го држам в раце, тогаш може и два саати да мавне. 3-4 дремки се фаќаат зависно кога ќе стане. Инаку следам прозори на будност во смисла 2-2.5 саати од последната дремка кога ќе почне да покажува знаци дека му се спие, трие очиња, закенкува и сл., не следам точен саат, не сме роботи. И за капење и за оброк, еден засега, се ориентирам по тоа кога имаше дремка, колку време е буден и слично, а не секој ден во 9 доручек. Уште тој притисок, во толку да мора да е готово јадењето. Си цицнува за заспивање колку и да е јаден претходно. Супер за децата што имаат ред и преспиваат цела ноќ, јас лично не очекував во ниеден момент дека ќе биди толку лесно да се предвиди и да се организира, живи суштества се аман. Рутина и некој ред, да, ама војнички следење распореди не. Исто, порано немале на секоја минута алгоритмот на Инстаграм и на Фејсбук да им вади, here is how to get your baby to sleep through the night in 5 easy steps, па цело време да мислиш дека ти правиш нешто погрешно. Бебиња и неспиење идат во пар, simple as that. Ќе помини.
Ова е 6-8 месеца што го пишав погоре, над 8мес само ја нема третата дремка, иначе истото е до 10 месеца.
Будење 5.30 или 6час Млеко 8.или 8.30 Дремка 8.45 или 09до кај 10 или 10.15 Јадење 10.30 или 11.00 па натака е следење прозор 2.00 фо 2.30 и млеко на 3ч Во 19.00 бањање 19.30 до 20.00 кревет ноќе.
Denes polni 11meseci.Do pred 1 nedela si spiese od 21h nocta so 1do 2 budenja za mleko pa se do sabajle 8h .No cela nedela em nesaka da zaspie,dnevnite drmki koi i bea 2 pati po okolu 1h i 1,5h pocna da gi ripnuva so edna e a i se spie no nesaka da se umiri.Si ogra skoka u krevetceto bukvalno izleguva od kolickata kade bes problem zaspivase...Zabi li se,regresija li e ,radi pocnato prooduvanje ama dusa nema vo mene veke navecer sede do 12 ili 2 h pa edvaj zaspiva -znam premorena e ama nedava da legne uporna zenska e Se soocil li nekoj so ova,kako da si go vratam u normala i red detevo da ne ima nekoj idea,iskustvo,procital nesto...?
Истото и кај нас е 13 месеци, до пред една недела спиеше од 21 до 6 и 30 сабајле со едно до две станувања во текот на ноќта ама одма си презаспиваше а се дешаваше и воопшто да не стани во текот на ноќта. Не знам што се смени, ама навечер спиењето му е крш, како многу лесен да му е сонот, два вечери се разбуде кај 4 сабајле и два саати така седевме не можеше да презаспие. Навистина не знам шо му е дали се забите во прашање непцата му се набабрени или е нешто друго
Тоа му е прво будење од како ќе заспие ноќта? Не спијат сите бебиња 12 саати преку ноќ, врзани 12 па едно во 100. Да се разбереме, и 5 и 6 е веќе утро, муабетот е дали ви одговара и на вас како фамилија таков биоритам или не. Ако не ви одговара пробај да го презаспиеш или покасно да го заспиваш, ама ќе му треба некој период да се навикне на новиот ритам.
Јас да се надоврзам на муабетов. Моето дете е на АД и кога ќе му речам на мм ај пробај да го заспиеш и го зема "пробува" и доаѓа и ми вика, не сака. Ама знаеш зошто не сака, зошто не се труди доволно, повеќе тоа го сфаќа као ај да пробам, да поминам од редот, ако не успеам мајка му секако ќе го заспие. Не знам како е кога го доиш ама кај нас тоа е проблемот, што јас се трудам на секој начин да го заспијам, посебно кога не му се спие многу, а мм онака, баш колку да помине од редот.