Истото е ама кај мене се вадат што ти имаш града ќе цица јас немам што да му дадам затоа не спие. Се океј ќе го заспијам јас ама така се навикна и друг начин освен со кола да го возиш нема да заспие поинаку или цицање и јас. И буквално треба да темпирам кога излегувам да не не е наспан. Со цицање да ти кажам уште полошо е.
Мене ми вика ти си на породилно и немаш други обврски освен да се грижиш за него, јас имам и други и така... и после децата мајка барале, нормално дека мајка ќе бараат. Еве кај мене не е од града зависно, па пак е исто.
Не знам колкаво е бебето ама воведувај полека и друг човек. Моето 11+ преповрзано со мене цица сеуште. Ноќе знае по 4 5 пати да стане само така да си се намести кај мене да поцица денски 8ч тагува. 2 пати сум излегла на важни настани го успивам ноќе и трчам за до следно цицање да се вратам да не плаче со татко му. Е од тоа ти си мајка тоа ти е работа си патиме. Татковциве малтене само да го направат детето и толку.
Моето е 8 месеци и нема врзано од 3 саати повеќе, особено последниве три месеци , па скок па запчиња, сега сме пак во скок , ноќе се буди на 2 саати , некогаш ни е потребно еден саат за презаспивање, а некогаш и два саати. Кога беше помало врзуваше 4 до 5 саати сон . Се надевам после завршувањето на шестиот скок , детето да ми спие подобро па ќе видиме, станати сме уште во 4 или 5 од новороденче сме ранобудни и веќе поручекта во 17 часот детето ми клапнува за спиење . Се имам обидено повеќе пати покасно да го заспијам но не ми успева , буквално е преморен и плачи за спиење и два саати се заспиваме некогаш и три пред да го легнам.
Мислам и од детето зависи. Маж ми е многу посветен. Големата ја доев до 1 година, без проблем ја заспиваше цело време. На 3 месеци ја оставив на прослава бев 5 саати. После тоа цело време. Малиов сега е на формула од 2 месеци, сега има 6, се корне од плачење навечер ако фати татко му да го успива. Преку ден нема проблем ама навечер е лудило, пие млеко, кога ќе го заврши ќе фрли поглед дека не сум јас, абе плачење ко да го тепа.
Исто мислам и јас дека до некаде и од детето зависи. Јас многу пати кога ќе стане со плачење ако дојде маж ми да го земе плачи не прекинува ама штом го земам јас само да го гушнам не му давам да цица и одма ќе замижи и заспива. И тогаш маж ми од страна ќе рече гледаш со тебе сака
Баш така , мамини синови се ептен да ти кажам. Јас 21 месеци неможев да мрднам никако се додека не го одбив, едвај. А со ќерката не сме пробале сеуште ама ќе се измолзам и ќе видиме дали ќе успее. Ма да мислам дека женскиве се повеќе на татковците , нека пише друга дали е така
Потврдувам! Епа пробај поместувај му гу дремките по некоја минута за да стигнете до покасно заспивање, или сабајле не го станувај одма, ако спие во креветче земи го до тебе уште два саати и ете ти 7. Мада ако се буди свеж во 5 наспан е од претходниот ден и мораш негде нешто да кратиш.
Сакам да заспие сама малата во креветчето, има 14месеци. Пробав неколку пати на крај со плачење, пискање и мораше да ја земе татко и од што му е жал .. Како да направам за да и биде навика сама да спие во креветчето? И да не се буди цела вечер ..
За жал не користи шише ни цуцла. Инаку сме на доење, планирам да ја одбивам од доењето но сакав да ја научам прво да заспие сама во креветчето па после тоа. Знае неколку пати сама заспива во креветот без доење е сега ми остана во креветчето па затоа прашувам.
По колку дремки имате на 6 м? Малиот ми е 6+ и сеуште му се приспива на секои 2-2,5 чсса, што значи по 4 дремки, сите контакт Околу 14 -15 часот му е подолга по саат и пол-два, другите по 30 мин. Ќе пробам пак во креветче и преку ден да успијам ама ме изморува процесот
4 дремки исто, сите 4 контакт. Ако го држам по саат ипол му се две, ако не сите по 30 мин. Си викам поарно да го држам да спие, отколку да ми кенка недоспан по пола саат.
Mene me interesira, kako da go odviknam da spie na mene? 5++ sme pa dali ima nekoi soveti da isklucham contact naps? Mislam deka ke mu stane navika i ponatamu uste potesko ke bide?
Јас почнав да го ставам во креветче кога ќе забележам дека му се приспива, на секои 2 часа од прилика. Му ставам цуце, се држиме за рака и заспива. Е тоа што спие по 30 мин е друг проблем и не знам како ќе се реши.
Во колку саат заспивате 2 месечно бебе? Дали внимавате да е во затемнета соба? Да нема галама? Дали е точно дека додека се волку мали не им смета галама додека спијат?
Дали јас треба да зголемам прозор на будност или доаѓа природно? Кога почне да кенка и со ништо не се заигрува ако го форсирам да е буден може само да се премори и уште потешко да се успие. Ќе пробам и тоа ама некако на меч со две острици ми личи