Моето е еден месец. Гледам да има дремка од 8 ипол-9, до кај 10-10 ипол. Пола саат будна е, менуваме пелена, млеко во спалната каде е скроз темно и тивко, само столна ламба свети, white noise и на спиење. Некогаш ми заспива брзо дури ја подждригнам, и ја префрлам. Некогаш полузаспана ја префрлам, па тапшам по газе или галам стомаче за да заспие. И спие сврзано околу 5-6 часа секако. После кога станува, менувам пак пелена, млекце и назад во креветче, и уште три часа спие секако. Потоа денско време е во гнездо во дневна цело време, на светло.
Вака, малата ми е скоро 7 недели.. многу мирно бебе. Родена 38ма недела со царски. прашањето и секирацијата ми е дека имам чувство дека цело време спие. Буквално. Се буди само за да јаде на 2 и пол / 3 саати, и после јадење пак си се враќа на спиење до следно јадење..и плус де буди екстра два пати на ден - 7 сабајле и 10 навечер кај што е онака ококорена се смешка.. останатото време е кома. читав по нет вика има такви бебиња на кои им треба подолго време да се “разбудат”… а јас пошто ми е прво дете и некако си барам проблем .. некој да ме успокои? Инаку е на екслузивно доење, си напредува топ. Качи за 10 дена 460 грама.. имаше некоја лесна жолтица ама малку ка посунчаа.. проверија крвна слика пред да излеземе од болница и не пуштија како што и требаше..
Се гледаме во темава за некој месец со обратен проблем. Седи ќути слави. И моето беше бајче до 3месеци.... сега 11++ месеци молам да поспие 3ч врзани ноќе да дремнам
Кажувајте чаре, бебко е 7 месеци почна да станува секој сат на ноќно спиење. Му пробија два заба и моментално според wonder weeks е во црвен скок до 24ти декември. Јас затоа неколку дена го толерирам оваа како нормално се надевам ќе се регулира. Ама ме стигна умор и се прашувам ќе помине ли стварно ли е фаза или некој совет да дадете што да пробам да правам? Претходно се будеше на 2-2ипол-3 часа за цицање и продолжуваше веднаш што за мене беше прифатливо.
Како да се одвикне бебе да не заспива на цицање? 8+++ е , од 9+ почнува со градинка но мислам дека ќе има проблем со заспивање . Има 3 оброци обично вака ни е распоредот : Станува ~7ч и цица ,во 9ч доручек, во 10ч заспива мн ретко без да цицне малку , после станува накај 11:30 во 12ч пак цицнува малку па во 14ч руча во 15ч заспива и пак бара да цицне да заспие, се буди накај 16ч и 17:30 вечера па 19ч цица и после за запивање 20: 30 пак цица . Се обидувам да го нишкам ама нема шанси во лежачка положба да заспие , па гушнати се нишкаме ..некогаш успевам да го заспијам но најчесто бара да цицне за да заспие, и татко му неколку пати го има заспано така со нишање со мака Ве молам за помош од искуство некој
8 недели сме денски воопшто не спие, кратки дремки од по 15 минути во раце, до 6та недела супер спиење преку ден со по три дремки сега по цел ден во раце и ништо, и од преморенодтмногу касно навечер заспива.. темна соба, фен, галење, гушкање и пак многу тешко заспива Хелп
Ако е за во градинка, нема потреба да му менуваш. Таму ќе знае дека не го успива мама. Ќе се научи да заспива како заспиваат тие. Со лесно адаптација.
Да си земам право за еден совет. Ако не е какана, не менувај пелена ноќно време. Штом приметуваш дека се буди, дај и млеко , подржи ја и легни. Понатаму може да почне да ти се расонува кога ќе менуваш пелена, па ќе ти биде проблем презаспивање.
Мојата е три и никаква галама не и пречи, кога и се спие. Ама од прв ден сме со рутина да ја кажам, каде кога е време за ноќно спиење, идеме во спална, со изгаснато светло и само тв вклучен или ламба некоја, пресоблекување, млеко и заспивање. Е ако не и е време за млеко, се исто правиме, само без млеко, па кога ќе ја осетам дека се буди, веднаш давам млеко, не и оставам простор да се расони и продолжува. Од почеток 20ч ми е крајно време за заспивање. Најчесто 19ч е веќе заспана и тера до кај 4-5 , па после уште 3-4 саати, зависи кога како. Денес заспа во 18:30 и еве ја уште спие.
Па скоро секогаш е какана. А и кога не е, жалче ми е во пелена да ја оставам... Знам дека си мокри баш убаво, секогаш и се полни и тешки пелените. Не сум имала до сега проблем со спарено и сл. Инаку до сега лесно презаспива. Многу подолго трае првичното заспивање. Некогаш и саат време ќе заспие-ќе се разбуди, дури заспие цврсто. Можеби да е малце поголема, ќе мокри помалку, па полесно ќе ми биде на душа ако не и сменам пелена, што знам.
Истава мака ја имам. Точно 8м е. Ниту едно заспивање ноќно или дневна дремка не е без цице. А што е најтешко не сака цуцла не сака ни шише за да пробам со молзено или адаптирано. Во февруари трга во градинка како ќе заспива не знам. Сигурно ќе плаче многу Дали ти се буди ноќе за цице? Кај мене околу пет пати се буди само да ја стави во уста како цуцла и продолжува да спие. Значи спиење без мене нема (до душа не сум пробала, срце немам да ја оставам да плаче) @Malesia Дај боже да биде така како што викаш. На таа возраст секоја промена е лесно прифатлива па се надевам нема плачките да траат со недели туку неколку дена.
@.baby.love. @La-loca Ако стварно сакате да ги одвикнете од заспивање со цицање, треба да им пристапите како учителката во градинка. Таа нема да му даде цице, и од нула почнува и пробува се. Нишкање, пеење, думкање, во темно, во светло, во гласно, во тивко. И бебе ќе плаче, неизбежно е тоа, ама во некој момент нешто ќе кликне и нешто ќе профункционира. Единствениот проблем е што како мајка го жалиш бебето да не плаче, а учителката нема баш избор. Затоа во градинка се навикнуваат да заспијат и сами во креветче, а дома пак по старо. Значи решението е да стиснеш заби неколку дена и ќе најдете друг начин. Зависи од детето, може за 3 дена ќе се навикне, може цел месец ќе има борби. Или ќе продолжите дома исто како до сега, ама ќе прифатите дека во градинка утре ќе плачат како и да е. Вие си знаете најдобро како ќе биде поедноставно и за вас и за бебе.
Изгледа е до исхраната, вчера не цицаше толку пред спиење и врза 3пол часа. А и забчињатс искочија, скокот заврши се поклопи се за спиење. Само 3 пати стана.
Скроз исти сме , не фаќа цуцла , не пие од шише , вода пие по малце од шише со меко клучен на авент . Незнам како ќе биде , ама мора да оди на градинка и само се молам брзо да се навикне .
Дури сега гледам ова, фала за одговорот. Спие од 20 до 4 сабајле? Со адаптирано млеко ли толку спие? Јас навечер почнав да му давам адаптирано и да го оставам да поспие 3-4 саата.
Со АД да. И денски ако се успие повеќе и навечер , не ја будам. Денски знае буквално 30 мин пред оброк да заспие и да тера саат ипол, два. Ја оставам да си спие, кога ќе стане и давам. Знаела и да треба да пие млеко, да повлече 2-3 пати и да заспие по саат време. Навечер исто. Кога ќе стане тогаш. Т.е. ќе ја осетам дека се врти, она се буди 10 минути, одма станувам, правам млеко и не чекам да се разбуди, не и расипувам спиењето. Во полусон го пие и продолжува до 7:30-8, некогаш и 9. Супер напредува и не и менувам или форсирам нешто.
супер. Јас го будев на два саати и беше стрес за двајцата и малтретирање на бебе цели 20 м додека се расони. Сега навечер давам ад и спие неколку саати. Исто и преку ден по потреба ако видам дека е гладен. Само на ад сте или и доење? Ние комбинција од двете и сакам веќе да пробаме со распоред некој и за јадење и се. Иако перидов тешко тоа затоа што се мачиме со грчеви.