Зависи колкаво е бебето. До 6мес ја препорачувам книгава, над 6 ако првпат воведуваш некаков ред Фербер ми се свиѓа дека ти дава check-ins со точни минути. Moms on call над 12 недели и 6 кила инсистира на cry it out без проверки. Јас лично сум го следела тоа зошто проверките само повеќе ми ги лутеа децата и потешко заспиваа. Мислам и како мајка може полесно ќе прифатиш да следиш Фербер со проверки, па или ќе делува или сама ќе видиш дека со секое влагање станува похаотично па ќе се охрабриш сосема да не го проверуваш бебе додека не преплаче. Ама за што и да се одлучиш, мислам дека прво воведување на строг дневен распоред на дремки и оброци е клучно. Ако не се знае кога спие и колку јаде секој ден, не можеш да очекуваш и конзистентност во ноќното спиење.
Фала ти. Бебето е скоро 8 месеци. Имавме ред до пред 2 месеци што може и не беше некој ред ама нас ни одговараше, сега веќе немаме ништо ... пробувам да воведам ред со оброци ама од (не)спиењето не можам и така се вртиме во круг. Мислам дека е време да сменам стратегија бидејќи спротивно на моите очекувања на старо не се враќаме, па ќе почнам со Фербер, и ќе го имам на ум ова со дремките и со оброците. Бебето не знае да сврзи повеќе од пола саат сон, без града многу тешко презаспива , немам големи очекувања ама се надевам дека барем ќе видам некои подобрувања.
Луѓе, ќе пишам во две теми. Уште сме на мака со спиењево. Ќе има некој период релативно подобро, ама секако не е подобрено многу многу. Значи редот си е тој, се знае кога ги спремаме двајцата за спиење. Дремката му е ок, и јас не знам што до толку го ремети сонот негов. Околу 1 часот по полноќ се размрдува, па се врти ноќта на периоди, не плаче ама бара помош да призаспие и така и ни го руши сонот. Се случува напати да се разбуди и по еден час да е буден, некогаш и два три. Здосадено ни е, исцрпени сме, па не знам што да преземам. Ако имате идеја за ваков случај, пишете. Инаку легнува во креветче, претходно пие млеко сам си го држи шишето, користи цуцла, можеби тука е проблемот и како што кажав ок му е редот. Периодов многу се опушти со говорот, нови зборови кажува, повторува, многу е поочиклен. Инаку заспива за 10 минути некогаш и малку подолго.
Абе се мислев за неа, ама реков последна опција да ми е. Не ми е за парите и 100 евра би дала само сон да имаме. Не може вака, две години детево е не баш на место со спиење.
Додека сум под благ шок и под импресии да пишам да стои за спомен па ако пак се смени да си се тешам со постов Ќерче реши да ја спие ноќта на годинка и 1 месец, без да бара да цица, и чудово трае 2 3 недели Ја дојам уште преку ден, ама ноќите не бара, не мрда до сабајле, сама спие во креветче. Малку е да кажам дека е проблематична со спиењето, од 4ти скок бел ден немав видено, спие 10-12 саати ама во погрешно време пробано сè и џабе. Згора на тоа и доење пре редовно па душа ми знае, ама она нека е жива и здрава тоа е нај битно. Уште да средиме да заспива сама во кревет а не со доење и мислам нашиов хорор заврши Почна и 9ти скок, се надевам бар редов со спиење нема да го измести. Секој скок многу и влијае, баш и се приметува кај неа, и јасно ми е дека ќе има пак ноќи со будења, ама ете надеж за сите оние како мене што мислев нема никогаш нема детево ноќ да преспие
Таен рецепт нема, изгледа и дојде времето да си фати ред. Веќе е баш детенце, оди, троши доста енергија, разбира многу од работите што и збориме. Помагаше и тоа да нè гледа како спиеме и сфаќа дека е време да продолжи со спиење ако веќе станала на сред ноќ. Убаво си вечера па мислам дека сите овие работи придонесоа за успехов со спиење пак ќе кажам, сигурно ќе има ноќи каде што ќе дежураме, скокови, заби, регресии итн ама хорор поминав со неа цела година, сега пак и има смисла и дремки и ноќно спиење. @La-loca
Прати прозори на будност, во тој период би требало да е на 1h до 1h и 30 мин ако мислиш на колку пати, а времетраење според мене зависи од детето. Во тој период моето спиеше од прилика 5 пати, но немаше дремка подолга од 1h, евентуално (ретко) 1h и 30мин со презаспивање.
Здраво Дали има и друго бебенце што на 5 месеци преминало на 2 дневни дремки? Препораката како што читам е да се 3 на оваа возраст, ама нејзините 2 се долги и го исполнува дневното спиење, а ако спие и 3та дремка нема шанси да легне навечер во нормално време. Со овој распоред спие 2 дремки вкупно 3,5-4 h и вечер е заспана во 8:30-9.
Здраво мајки. Мојата ќерка е 6 месеци убаво си спие нема проблем но само ако рацете ако и се повиени е супер, се обидувам да спие слободно без повивање барем денски дремки ама без успешно се буди за 10 минути и ништо од спиењето а веќе не сакам да ја повивам голема е ќе почни да се врти и ми е страв ако може искуства или совет
Мајки, иако ми е многу мало бебето 5 недели морам да прашам. Дали штети на развојот нешто што бебето во едно деноноќие од 24 саати не врзува ни 8 часа сон вкупно? И тоа од тие 8, 2-3 се обично надвор на шетање, другите се дремки од 10 минути или подолго ако врзиме во раце само. Секој начин што постои е пробан, никако не спие детево ни дење ни ноќе. White noise, grey noise, womb noise не и делува, не ги регистрира. Ако заспие во раце ја чекам цврсто да завлече за да ја префрлам во гнездо или креветче, ја легнувам полека, ја тапкам нежно но џабе, за 30 секунди се буди и плаче. Се преморува ама никако не затвара очи. Грчеви има, ама и кога нема пак не спие без да е во раце или надвор. Да напоменам, ова не е ден-два вака, туку од кога е донесена дома од прв ден.
Сонот е многу битен за развојот на бебето и за 5 недели бебе 8h е малце сон. Можеш да ја заследиш drgoodnight.mk, тренер за спиење, има доста постови во однос на спиењето на бебињата. Иначе моето е 4ипол месеци и од сам почеток до ден денес за време на денските дремки го чувам во раце за да спие бидејќи исто како твоето чим го спуштев одма се будеше. Ептен ретко да го спуштам и да продолжи со спиењето, па така си се помирив со чувањето во раце со надеж дека ќе смени.
Јас бев ти пред 2 години. Секој ден пишував тука, ја барав др.гуднајт на телефон, го однесов бебуш на 3 месеци на невролог од што бев испаничена дека мозокот нема да му се развие од тоа неспиење. Мајка, такво бебе ти се паднало, со здравје да си го користиш знам дека не ти е до шега, ама не паничи. Сега спие по 3саати дневна дремка, едвај го будам за во градинка. Да поминат грчевите, некаде после 6ти месец ќе почне да спие. Нема да биде и тогаш совршено, ама ќе станува подобро. Опушти се, супер си е бебе, само таква среќа си имала
Ова како јас да сум го напишала Исто сме и ние, но кај нас има уште еден голем проблем што не знам каде да се обратам за истиот. После секоја дремка на бебето, тоа се буди со многу чудни гримаси на фаца( мрштење, мрдање уста, кревање раце, превртување со очи..) и со многу чудни испуштања на звуци ( крчење, цикање, заикнување..) Воопшто не ми делува нормално тоа на мене. Загрижена сум. Дали некој може да ми даде некој совет околу гримасите и звуците при будење?
Исто сме и ние, не спиеме воопш Исто сме и ние -5недели стари, веќе 3 недели воопшто не спие освен надвор на прошетка, или на нашиот стомак. Кревет /гнездо од се тоа станува после 5минути .. Не ноќе не ден иста песна сме
7 недели во вторник правиме, преку ден никако не спие освен надвор на тераса или во количка на шетање. Односно ќе заспие некако ама дремките и се 5-10 минути и плаче пошо и се спие, преморена и нервозна е. Навечер последнава недела дена и направив рутина и почна да спие поубаво веќе 7 дена (пу пу да не ја урочам чукам во дрво). Во 20 часот пие млеко во темна соба, подригнува и ја легнувам врз мене, ја покривам со ќебенце, тапкам по газето и правам со уста шшшшш шшшш. Заспива врз мене 20:15 најкасно и така ја држам до 22:30 (минута порано да ја мрднам и крај). Во меѓувреме јас на слушалки и гледам серии на телефонот. Во 22:30 ја ставам во вреќа за спиење и спие до кај 2,2:30, тука почнува да пушта звуци па и давам млеко одма и продужува до 6:30-7 сабајле. Вака функционираме, ама рачунај мене животот ми завршува 20h кога она заспива, од соба не излегувам пошо одма сензорот осеќа. Преку ден шетам и по 4 саати некогаш ми се фаќаат, пијам кафе, по молови, во парк, она кома.
Сум пишала седум недели правиме во вторник, а тоа денес вторник било. Изгубен случај, изгледа кога си на породилно со мало бебе не знаеш кој ден е и дали е ноќ или ден.