Само што се пофалив овде, еве го денеска пак по пола час и една дремка од еден час. Навечер спие, се буди само за цицање, ама презаспива веднаш. Полош е од 4ти?
Значи има ли лек? Ја заспивам во 8 на спална со цицање, и за да не ја замарам одма, ја оставам таму дур не си легнам. Кога ќе си легнам во 11 ја префрлам во креветче и збор не кажува (од тие next to me имам, ама ич не ми е next to me затоа што едно спалната ми е на земја, значи не е подигната за тркалата да влезат под неа, второ ниска ми е многу а креветчето не се спушта толку ниско, ама ај нема врска). Се буди за цицање обично еднаш накај 4-5 и ја земам до мене во спална да цицаме лежејќи. Абе после тоа нема префрлање во креветче ако сакам и на глава да застанам. А искрено не сакам да ја спијам на спална до мене затоа што малечка ни е едвај нас не собира и плус се укочувам, а и душекот ми е мек никаков, жал ми е да спие на него, плус пропаѓа цела накај мене Како да успеам да ја вратам, има ли некој посебен начин? Значи сум пробала одма да ја вратам и да и дадам цуцла, сум пробала саат време откако цицала, па да ја нишкам прво па да ја ставам, не бе - а ја спуштам или одма очи ќе отвори или ќе прете 100 саати (сум ја оставала и тоа демек сама да си се заспие) и на крај ќе заврши пак до мене (и тоа најчесто зошто веќе е расонета и нервозна оти сум се мачела да ја оставам мора пак со цицање да ја запсијам).
Оваа ќере почна да спие со мене на спална. Инсталирај си го другото креветче и спои го со спалната, ако го имаш, за да ти е полесно.
еве синоќа ставив дрвено креветче што доаѓа залепено за спалната, иако па тоа има како дупка меѓу него и спалната и малце ме фаќа паника, ама немам како скроз да го залепам па ставив една перница на нејзина висина за секој случај. се мислам дали можеби ми е опција да ставам оградица како плетенка за да не се психам ама си спиеше цела вечер стана дури во 6 сабајле за да јаде што обично не се случило, обично секогаш станува уште еднаш пред шест, е сега тогаш ја земав пак на спална да цица и едно ем мрзеше да ја враќам, ем не ми се ризикуваше да и почне денот во 6 па пак се спиевме заедно до 9
Најпаметно ти е да ја ставиш плетенката таму, и јас имам таков дел, ептен ми е шубе. И ние со перници таму сме... Баш планирав да си направам онаква долга тенка перница зошто немам плетенка јас. Инаку тоа за зимање на беба среде ноќ со тебе... Скоро сите што ги знам на доење што се тоа го прават...
На топикот преместување во нејзино креветче ќе ја напишам целава моја делумно успешна рутина: и јас имам такво прилепено креветче и обично ја дојам на брачниот кревет легната па чекам бар 5 мин да се осигурам дека нема да бара уште цицање (мојава е таква да заспие и по 5 мин и текне пак дека е гладна) и после пуштам музика за спиење од вртелешката над кревет, ја зимам полека на рамо да ждригне и чекам да осетам дека и паѓаат главата и рацете на рамо па после пробувам полека да ја преместам. Веднаш одкога ќе ја преместам и ја ставам едната рака на стомаче да се стабилизира дека ќе мрдне од моро рефлексот( овој трик на инста ми искочи и многу ми е корисен) со другата рака ја покривам со кебенце и по малце и шшкам и обично си продолжува да спие. Ако се подразбуди и давам цуце, и почнувам да ја галкам по главата и продолжувам да и шшкам и ова најчесто “пали” да презаспие. Ако не презаспие идеме пак на цице и се од ново…
Кога почнавте ред да фаќате со бебето? 1 месец сме ние но уште нема некој редослед на спиење, но можеби е рано...
После 6 месец. Рано е за твоето. Некои може фаќаат ред со рутина и порано. Јас не можев, и искрено не гледав ни кога спие ни кога е буден. Со грчеви, скокови, прво бебе, не следев прозори на будност и број на дремки. Кога му се спиеше тогаш. После 6 месец, фативме ред и со подолги дневни дремки. Ама, ноќното будење го има. 10 ипол е. Моето бебе нема преспано цела ноќ.
Мене првото ноќе ми стануваше по 2 пати, од 8ми месец по еднаш, а после 1година ја преспиваше цела ноќ. Но не памтам од кога почна така по 2 пати кога почна во исто време да заспива навечер ... Ќе видиме сега како ќе биде со ова бебче
Јас од 6 недели ред за ноќно спиење, а денски бев катастрофа. Негде од 2 месеци почнав да фаќам по малку и преку ден зошто почнав да читам за будни прозорци согласно возраста на бебето. Сега е 4 месеци, од прилика знам кога и се дневните дремки (не секогаш исто ама пола саат плус минус тука се). Уште сме на 4 или 5 дремки на ден. Спие по 30-40 минути максимум, со буден прозорец 1,5-2 часа. Навечер легнува меѓу 19:45-20:00 часот без отстапки. Научена е така од месец ипол и немаме никаков проблем со тоа, заспива за 2 минути.
Немам ни јас плетенка, ама се миселб да си направам, или што викаш бар тенка перница Иначе најзгодно е до мене, едно време не можев да ја наместам да цицаме лежејќи и станував и со перница се доевме, дека и помала подолго цицаше, како претепана се будев, сега се осеќам многу поодморена Сум пробувала со тоа нежното спуштање, шшкање и сл. освен со музика. Сега кога ќе размислам на сам почеток и пуштав white noise на едно бувче што го имам, може треба да пробам и со тоа, добро ме потсети
До 6 недели си мислев дека имаме "ред" затоа што бебка си спиеше по нејзино, не беше многу кенкава, се додека не седнав неколку дена да и мерам колку саати спие и сфатив дека се малку. И тука почнав прво со денските дремки да и фаќам ред, односно да следам прозори на будност и да ја заспивам јас кога и е "време" а не да чекам на неа да ми каже зошто некогаш знаеше и по 3 и кусур саати да е будна а да не стане многу кенкава. Од околу 2 месеца почнав и многу порано да ја легнувам навечер од тоа што мислев дека е нормално, и еве сега на 3.5 добро тераме Како мајка за прв пат сфатив дека некои работи зависат од нас, не секогаш треба да се чека на бебе да "си каже", барем јас дојдов до такво некое мислење
Од два месеци. Пратев рутина, ама навечер заспиваме различно пошо ни се ремети со скоковиве, бо секој случај до 9 сме заспани, се има десено и 10, кога е со бабите, зашто штрајкува ако не ја успивам јас. Пробај си со рутина, секое бебе различно, не значи дека ќе е како првото.
До 5м имавме ред, после како фатија да ја мачат заби... не сме преспале една ноќ нормално.. еве ја 9м веќе е. Не се ни труди нешто ред да правиш, бебе само ќе си направи и ред и неред И второто па до 1г беше бајче, ред, спиење супер цела ноќ... како фати заби да вади (покасно дека), бевме страшни еден период со неспиење. А и третово па, извади еден заб и 2м е само со тој.. другите се мачат да пробијат
Спојлер Е оваква перница планирав да и направам, од друга нормална перница само ќе го префрлам полнењето. Имам гледано и како граничник за од ѕид да не се удираат го користат за поголеми дечиња. Друго е спиењето вака со беба.. ама па многу се буди, некогаш на саат. И само ќе стаи цице у уста и си продолжува со спиење. А јас разбудена веќе
Ние до 2 месеци мака мачевме со спиењето. Томкав како не здрава до 12ч на полноќ и едваааај се успиваше и тогаш. Дневните дремки па да не зборувам, катастрофа беше мал збор. Томкај еден саат да заспие по цврсто, легни го и ете го за 2 минути, очите филџани. Буквално немав време ни до вц да отидам. Ама после вториот месец веќе почна да ми прати рутина и имаме ред. Сега сме супер, да не подречам. Си заспива секој ден во исто време. Исто време се бањаме, сѐ исто правеме. Секое бебенце различно. Ете некои порано некои подоцна почнуваат да пратат рутина. Ама ќе биде. Само биди упорна.
Е мојата па ако е до мене е ептен кома, затоа и мака мачам со префрлување во креветче, ем она што не сака, ем што јас се наспивам ќе направам и јас таква некоја че пробам, може малце потенка само да не фаќа многу место на креветчето
Ми ја дадоа научена од неонатологија, значи 6-9-12-3-6-9-12-3 стануваше за јадење сега зголемив млеко и ми станува 6 пати на размак 4 часа... јаде и кома е заспива, ја повивам, термофорче над тетра и спие 2 сата. Или во спална или во детска на двете места ролетни кренати да знае ден ноќ што е. За сега така функционираме денеска 1 месец . Ја доиш или ад млеко?