Ете го проблемот тогаш, дефинитивно градата и е навика, и кога се буди ако на ја добие полудува. Не разликува јадење и спиење, градата и е се. Не знае да презаспие без нејзе.
А како за вечерно успивање си заспива без цицка хаха.. и за денски дремки. Плус преку ден ако се разбуди порано од дремка ја презаспивам со нишкање. Значи само навечер е проблемот, и не знам уствари зашто воопшто се буди толку често...
Даа навечер, нема врска, тоа вика и dr.goodnight, навиката им е навечер, не преку ден. Навечер се будат често заради градата, не преку ден.
Да многу чудно, само споделувам што сум ја слушала Сања да збори, може нешто ќе помогне И јас така мислам, за жал мислам дека ќе мораш да издржиш неколку дена и да вришти и да пишти за да сфати дека нема да добива и дека веќе има друг начин за заспивање. Ние имавме сега период кога си седеше со цицка во уста по саат време навечер, абе никако не ми даваше да ја тргнам, а ни цуцла не сакаше да фати, ни нишкање ништо. 99% сум убедена дека се случи затоа што 3 недели не бевме дома и спиевме заедно - дома спие на креветче до мене. Првите 2-3 вечери дома и се напнав и ја оставав пак да си подреме ама не толку долгп и ја враќав цело време во креветче. Сега знае уште да ми го прави истото кога ќе се разбуди накај 7 - до 9 додека стане да зее само за цицка цело време, ама барем претходните будења и давам и брзо презаспива па ја префрлувам. Јас имав денес неуспешен обид за заспивање без цицање, исто не удри на плачење многу и попуштив хаха ама сфатив дека веќе некое време касно ја заспивам очигледно. така да од утре промена и на тоа, морам малце да и вратам ред, тие 3 недели што не бевме дома малце ни се изместија работите
Да јас така ја одвикнав, имаше навика да станува навечер да цица, а не го правеше тоа. Така правев некои 4-5 дена и прекина да се буди, сврзува цела вечер. Кај dr.goodnight гледав и пробав и успеа. Претходно станува и одма града и продолжува.
Како ја одвикна поточно и колкави бевте? Јас сакав да почнам да ја одвикнувам сега зошто ми се буди во 5 обавезно, па после и во 7 (а во последно време гратис и во 3), 5+ сме, ама ме става во мисла само топлово
Ај баш ќе пробам само сега сум скроз сама во викендицава со неа, не знам колку е паметно да пробувам да не ме остаи без сон, ќе паднам негде со се неа.. Колку дена треба во просек за да се смени некоја навика? Каков инат е мојава ќе ме мачи две недели
Не, одвикнување пред 6 месеци не. Сега баш за истото збори на инста. После 6 месеци веќе може. После 6 месеци смета дека им е навика, нормално освен кога се во скок или регресија. Тоа е сосем нормално да се будат тогаш. Ова кажува кога не се.
Со цуцла, не сакаше ама полека ја прифати, и шшкање. Мојата многу сака на страна да спие. Нема да те остави, може денес ќе те остави, ама секој ден полека ќе менува и ќе прифати.
Епа добро, мојава сака цуцла, па после 6, а може и 7 ќе не фати да се вратиме и од одмори таман зошто не знам дали ми се исплати тогаш да пробувам ќе пробам, таман пред 6ти скок да не фати
Те читам и како да се работи за мене..БУКВАЛНО исто.. од средина на Април не спие. До тогаш значи до 6.5 месеци врзуваше цела ноќ. Од тогаш почна да станува 2 пати, 3 пати, 4, 5 а сега и знае да е будна по 2-3 ч.на сред ноќ. Пробав се, вечера порано / подоцна, доење на сред ноќ / без доење, цуцла, Осанит за забите, ја легнав на спална и џабе. Синоќа беше будна од 2 до 5. Мислам дека ќе се рушам од неспиење. Не бара да цица. Ништо не бара, само не спие.
Здраво, Дали некоја мајка има проблем со активно спиење на бебето. Имаме 7месеци и моментално сме во фаза на превртување во креветче од страна, на грб па на стомак и често будење поради незнаење како да се намести да спие. Буквално се буди на половина час со плачење поради тоа што не знае како да де сврти убаво. На спална бидејќи има доволно место се врти и заспива убаво преку ден, но на вечер е хаос, ненаспани сме по цели ноќи. Размислувам дури на спална да го оставам да спие со мене , но се плашам дека така никогаш нема да се навикне да спие во неговото креветче. Се убаво си спиеше до пред 1 месец…