Здраво Мамички , си имам мака веќе цели 3 недели со бебчето .. 13 месеци има не спие цела вечер , немирна е плаче вришти , искачаат заби горе 2 двојки ама дали може веќе 3 недели да имаме проблем со тоа? Ве молам кажете ми ваша рутина за бебе за спиење навечер .. проблемот е само навечер преку ден си е океј нема проблем ни со спиење , проблемот е вечерта .. секој совет ми е добредојден .. извинете за долгиот пост
Јас нешто почнав да читам по нетов па ми дојдоа секакви мисли Бебка заспива ок ама многу се буди и мрда … ако и падне цуцето како спобудалена почнува да се врти и ако не и го вратам почнува да плаче, со рачињата многу пати сама си го бутка во сон од што мрда оддеднаш - нормално ли е ова? Прават вака вашите? Ова се случува и преку ден и ноќе додека не зацврсти сон. Јас уствари за да спие она последниов месец, асистирам цело време и треба да сум во близина … враќам цуце во уста, ја вртам на страна, па ќе почне да се врти на стомак само со главата заглавува па закенкува и све така Зборот ми е премногу мрда и сама се буди од ништо 3ипол месеци сме… период ли е или да прашувам педијатр да барам некое чаре ако има
Истото е и кај мене, само помала е, па имам надеж дека е период и дека ќе помине. Потполно исто, само навечер ја гасам ламбата и некако за среќа подолго спие, повиена. Ако не е повиена нема шанси да заспие, преку ден исто ја повивам, одма ги вади рачињата, прета, 5 минути неможе да е во креветче.
Нема рутина, вриште од забите од март. Еве сега долната двојка му проби, се смири, инаку на 15мин знае да кенка и плаче ноќе. Ставам цуцла, тапкам по газе, думкам, се смирува. Ама, мачни се ноќите, знам. Нема друго.
Ај барем твоето е со цуцла , мојава од бебе не прифати никаква сеа само цица ноќе ама гризе многу.. ама тоа е ваљда е период .. ќе издржиме за нашите малечкии
Еве вчера само што наполнивме 8 месеци, дете вришти плаче кога спие, дава отпор за спиење и кога ќе заспие се буди на 10 15 минути, половина час, 1 час со вриштење... Заби уште немаме, мачкаме гелче. Прва ноќ така да поминеме,се мислам дека се забите во прашање ама еве не знам ни јас планирам на доктор да ја однесам денес
На колку меесеци/години почнале да преспиваат вашите деца, нели освен кога се болни. И веќе кога ги имаат запчињата дали ноќите се полесни?
Дали им ставате некои перници после годината? Мојов дека спие со мене на спална и имам ј Перници на сите страни се се качува по нив да спие или ќе ми дојде на мојата перница напреку ќе спие. Дали е тоа нормално?? И по колку пати млеко пијат на 13 месеци. Ми станува 2 пати за млеко а се случува некоја вечер ниеднаш ама тоа беше до сега. 2 -3патии само
Мојата е 10 месеци, спие на креветче залепено до спалната ама меѓу мене и неа имам ставено трудничка перница да не залута ептен во мене - цело време се мести врз неа да спие, што да и правам, очигледно убаво и е За млеко, цица, ама не станува веќе некое време. После 6 месеци технички немаат потреба од млеко навечер, туку им е навика за презаспивање
Моето спие од бебе на перница беше до бронхеолит на 3 недели старо потоа бронхит и од докторите ни беше кажано да спие на висока перница како нашата сега е 3 год и си спие на иста таква перница, кога беше мал го местев видоко заради рбетот сега си спие како сака така да мое мислење ако сака перница можеш да му ставеш да му е удибно само ке го местиш повисоко да не ми е само главата на перница туку и телото
И мене ми е тоа дека многу му е високо на мојата перница да не има проблем со рбетот потоа. ЈАС го местам кога ќе видам дека се има покачено ама пак се мести на некоа перница или ќе ми се изгуби низ спална со главата надолу неможам да го најдам
Колку пати ви се будат навечер бебињата за цицање? Мојата е 8 месеци и бара цицање по неколку пати, ајде тоа ама некогаш во 1 саат по 3 пати ми се буди. Не знам дали забите горе ја мачат уште не се излезени, а долу излегоа на 6 месеци. Мислев дека како што поминува време помалку ќе се буди, со оглед на тоа што рано заспива нормално е да огладне често се буди на 2 саати не знам дали е нормално. Некогаш не цица туку така и треба цице повеќе како за утеха, цуцла не сака ако пробам да и ставам почнува да се противи, да плаче. До кога се будат така почесто во текот на ноќта?
Се буди баш за тоа, да цицне затоа што само така знае да презаспие Јас ја одвикнав на околу 6 месеци, ама мојата фаќа цуцла па таа ми беше спасот. Сега има 10++ ама од 6 месеци освен во скок, и за заби (ама за заби се само неколку ноќи и знам дека е за тоа затоа што тогаш цимоли, се жали), инаку не станува, спие до сабајле За храна после 6 месеци, ако преку ден јаде доволно, не стануваат, туку стануваат за навиката за презаспивање До кога, зависи до детето, а и до тоа кога ќе ја смените навиката за презаспивање (односно да не и даваш да цица навечер ). Со тоа што не мора да значи дека нема да станува во одредени периоди, како на пример кога ќе совладува вештини, ќе вади заби , кога ќе е во скок, но во тој "нормалниот" период би требало да не станува ако знае како да презаспие сама, или со цуцла.
Мојата фаќа цуцла кога ја заспивам денски и навечер понекогаш, ама ако се разбуди ја нема таа сила што може да ја натера да отвори уста за цуцла дури пробувам да дадам цице за да вметнам цуцла, нема шанси ја осеќа не дава. Со нишање не успева, па побрзо ми е со цице некоја минута и да ја вратам во креветчето. Мм кога ќе стане за тој да ја презаспие е тогаш е хорор одма почнува да вришти се додека не ја земам јас. Мојата е голем инает и мора да биде по нејзино. Имам доручек и ручек, сега ќе воведам и вечера па ќе видиме може ќе спие некој саат подолго без да станува. Мене ми е нормално да стане со оглед на тоа што заспива во 20- 20:30, а се буди во 7:30 значи нема шанси да издржи толку без да стане за цицање ама некогаш претерува со будење. Се тешам со тоа што не се буди -буди па да треба да се презаспиваме туку само ставам на цице и по 5 минути ја враќам во креветчето. Мм вика ќе се наспиеш кога ќе порасне, јас мислам што имам спиено имам толку беше имање убав сон
Тука негде сме со возраст, мојава е 8ипол месеци скоро. Последниов период станува по 2-3 пати ноќе од кои првото станување е обично негде измеѓу 12-2 (заспива накај 7) и тогаш стварно цица како да е гладна и презаспива лесно (ама периодов скоро ич не јаде дење цврста храна така да не ни пробувам да и го кратам тој подој). Е после следното станување обично не ни сака да цица или ќе цицне ама ќе почне да се глупира, брбља како подкаст да држи, па се врти низ кревет, не закачка, се влече и пробува да лази хаос. Ќе ја земам да ја нишкам или клацкам за некако едвај да ја презаспијам но оваа нејзина будност си трае некогаш саат ипол-2. Кога ќе се навратам, многу ми беше полесно дури и повеќе пати кога ќе станеше а ќе презаспиеше со цице за 5 минути, ова сега џабе што не станува толку кога презаспивањево е хорор и седиме будни долго. Ноќеска имаше ваква епизода од 3ипол до 5 сабајле
Кај мене се има случено да се разбуди ама максимум пола саат трае да ја презаспиеме. Мислам дека не се буди скроз оти денските дремки нас ни се хаос ако спие еден саат супер сме. Толку е радознала овој период што ако шушне нешто будна е да виде што се случува, пуштам бел шум, пуштам музика некогаш на радио да не биде скроз тивко да не одиме на прсти ама радознала си е. И во количка надвор кога спие ако зборнам со за неа непознат глас одма отвара очи. За подои не и кратам ништо кога сака нека цица оти кога се трудев да ја презаспијам со цуцла беше војна и се откажав вака ми е полесно и побрзо. Кај мене откако ја преместив во креветчето на 6 месеци (дотогаш спиеше со нас) има промена тогаш мислам дека беше помала па се будеше исто доста за цицање ама утврдив дека тоа што сум до неа ја тера повеќе на будење, кога одев кај мајка ми таму во креветче спиеше и стануваше два пати, а дома по четири пати секако и ја преместив и дома во креветче проблем немав никаков ниту еднаш не се разбуди да плаче да ја ставам пак до мене. Ама еве ова не знам што период е од скоков наваму само се буди. Сношти поминав со три разбудувања камо да остане така ама не верувам. Мојата уште нема обиди за лазење ама како што кажуваш ќе биде хаос кога ќе дојдеме до тоа. Сега повеќе е заинтересирана да ја држам назад и да стои потпрена на кревет
И мојава е во креветче првиот дел од ноќта до првото будење, после подојот ако не се комирам одма ја враќам пак во креветче ама обично сум кома и останува меѓу нас и јас чекам скоков да помине ама не се ни надевам дека ќе се стабилизира спиењето наскоро хах. Читајќи ги другите членки дека кога ќе пролазат и ќе сакаат да се исправаат стануваат уште поише, очекувам да е така и кај мојава денски таман се стабилизира со 2 долги убави дремки, во скоков и денски морам да ја презаспивам дека станува со плачење. И на станување се мести како за лазење одма. Како јаготка на шлагот е што горните кецови ги вади скоро месец дена и никако да искочат