Јас нема да те утешам, од 4ти скок наваму е лошо кај нас (не дека и претходно спиела повеќе од 3 саати споени), сега сме 7ипол месеци. После 5тиот скок и јас 4-5 ноќи не спиев и пробував без цице давање на секое и таман реков успеав вредеше (неколку ноќи стана само 2 пати), ама кратко траеше тоа. Почна да пролазува, да седнува и еве сеа пробува да се исправа, и може не на саат ама на два максимум станува моментално и пак се вративме на заспивање со цице… А тек не чекаат заби и проодување и си прифатив дека вака ќе биде.
Ќе тераме вака и ќе се тешиме овде. Што е ова со горните кецови не знам еве два месеци маки мачи, се нервира, абер немаат уште за излегување и шо е најлошо не ме остава мене да ја намачкам гелче само мм, мене уста не ми отвара
Јас се утепав од жалење за горните кецови по темиве, мислев чим долните како први заби еден по друг ги извади делумно лесно и овие нема да е драма ама не. Ем спиењево и го ремети ем скоро ништо не сака да јаде. Гелчето исто некако и правам трик демек и го давам да го игра за да отвори уста ама откога ќе отвори ми го шмата прстот и одма и олеснува. Ноќеска стана саат ипол по заспивање со вриштење, што не се десило којзнае од кога. И намачкав гелче и ја поклацкав одма презаспа дури не побара ни да цица а обично бара за утеха од навика
Ахх ќе издржиме тоа е… и што правите кога ќе почне да се исправа во кревет? Мојава кај муабет си праи уште да почне да ми шета по кревет фали
Па ноќе не се исправа уште фала богу, ама некои периоди од ноќта многу немирно спие лево десно се врти, газот го крева, лупа со раце нозе.. се буди и претходно во позиција за лазење се клатеше одма, сега одма си седнува и кенка накај мене или го чепка татко и. Насабајле се гледа уште и се спие ама не може да продолжи (едно саат два порано од што се будеше претходно), е тогаш со полуотворени очи доаѓа до мене и се држи да се исправа и следува тотално будење.. заедно спиеме на спална инаку
Има ли некоја табела за прозорците за будност на форумов, онака од почеток за секој месец препораки по која се водите?
Јас ја користев Huckleberry апликацијата, 2 недели е бесплатна после се плаќа ама многу ме спаси. После 2 полни месеци ти предвидува кога треба да и е следна дремка, кога ноќно спиење. Има доста опции и за хранење, пелени, можеш да ја пробаш бесплатно.
Здраво, бебето има 5 месеци, дневните дремки се по половина час и тоа тешко заспива само со цицање. Навечер многу се врти во креветчето на меше иако ја ставам да спие на грб, цела вечер ја враќам назад но пак се врти.. совет?
Моите двете почнаа да се вртат од два ипол месеци, сите педијатри и ортопедот ми имаат кажано ако само се сврти на стомак да го оставам така. Битно ти го оставаш за спиење на грб, после ако само се сврти тоа е тоа, башка на 5 месеци е веќе големо бебе. Многу битен момент е да спие на цврст душек, да не пропаѓа со фацата во душекот.
Продавам нова ортопедска висколајн перница за 12+ до 4 години. ја продавам бидејки една нарачав а една иста добивме поклон. Цена 2000 денари.
Здраво, среќна Нова година на сите Беба на 30 ти направи 6 месеци и супер си беше си пратев будни прозори саат ипол беше будна па спиеше и тоа убаво си спиеше па пак саат ипол будна па пак си спие зборам за преку ден Последниве неколку дена нејќе да спие многу преку ден спие На 3 саати и тоа малце ќе поспие и се буди Има ли некој со ваков случај скок во развој ли е
На 6 месеци прозор на будност е меѓу 2 и 3 часа, a има и регресија во спиење на 6 месеци па и тоа влијае сигурно
Пробај да ја држиш будна барем 2 часа, поголемка е сега издржуваат и до 3 ако имаат анимација или ако се шеткате.
И јас тоа се прашувам. Се буди со плачење по неколку пати (плус регуларно за млеко што се буди) и ова е некаде од средина на декември. Ќе го крениме и нишниме малку, па веднаш заспива. Претходно само за млеко се будеше
Нема регресија женски така ни е пишано баш сме во мирен период, од 34 недела почнува 6ти скок и мојава е иста, ноќеска на саат ипол нишкав па презаспива Е сега 29 и 30та недела има некој период што го викаат 3sc дека се кенкави зошто мислат дека ги оставаме, овие две недели најмногу учат за релации и дека може да заминеме без нив па им се ствара страв