Последен период одкако почнаа забите, воведов храна целосно, млекото се намали почна да бара млеко навечер... дури намали во килажа а јадеше одлично. Очигледно аптамилот ја држел многу. Спие од 3 месеви одлично без станување до сабајле. Овие промени сега на 9 месеци мислам ми се од од промена на храната, заби и регресија све во едно. Ама и голем проблем со дремките почнав да каснам едвај исфрлив 4та дремка сега мислам дека и таа 3та дремка ни прави проблем, спие 3 дремки вкупно 4 ипол часа, што е многу. Денеска прв пат ја оставив прозор на будност 3ипол часа, уште еден цел час од тоа што обично ја заспивав и не побара да спие, со плачки се заспивавме во рака во мене последен период. Кога дојде више да трла очи ја однесов во креветче легнав во спална и две цуцли и може 20 мин се вртеше играше и почна да приплакува и ја свртев накај мене има дупка во решеткиве не се спушта страната од креветчето ама може да се извадат даскички и ја држам за раце и ја тапкав и сврте очите и заспа во креветче...тоа успешно прв дел сега денеска сакам само две дремки да има да пробаме да се вратиме во шема да спие добро, зошто со мм сме на ратна нога неспани двајцата, а уморни од денот и работата. Колку време сега ви траат дремките кога се две, ги презаспивате ако станат за 35 мин пример? И на колку растојание е втора дремка?
Јас успевав да го легнам после цицањето, и лежам само до него, а он се вртка ќе си се намести, ме фаќа за нос за лице, очи иии ќе заспие. Јас не правам ништо само лежам, мижам и чат пат погледнувам до каде е. Ако му падне цуцлата ќе му ја ставам, ако ме фати за коса го тргам и толку другото оставам он да си прави тоа што му треба. Е сега, не ми успева секогаш. Едно време мислев супер тргна работава, но почна пак заби, да сака да лази да се исправа, настинка имаше иии се испопоремети пак. Јас пак исто правам ама завршува со плачки и морам да го земам да го нишам за да заспие. На станувањето понатаму скоро ништо не се смени, се буди на 1-2 саати. И така, ако има некој совет и за мене, барам и јас помош.
Мојот е 8 и пол месеци, имаме две дремки веќе некое време. Се трудам да е секоја по минимум 1 саат, ама првата најчесто е пократка, не можам да го презаспијам - 40-50мин. А втората е подолга знае и до саат и пол да тера. Околу три саати имам измеѓу, ама сакам да пробам пред ноќното спиење да бидат повеќе. Дали вашето бебе спиеше ноќта подобро откако само си заспа во креветче? Еве мојов заспиваше сам на спална, ама ноќите пак не беа сјајни. Не беше на секој саат да се буди ама 4-5 будења во 12 саати има сигурно, некогаш и долго му треба да презаспие.
Ние сме 8,5 и имаме 2 некогаш три дремки. Првата дремка е сат и пол, два сигурно. Втората ако е еден сат има и трета дремка сигурно од 45 мин, ако е подолга не. Легнува измеѓу 20-21ч, со две будења оф навика и се ова е вака од кога почна сама да заспива. Пред то беше катастрофа спиењето
Дефинитивно е премногу 4ипол саати денски дремки, ние сме 2ипол максимум 3 и нешто. Двете и се од по 1:15-1:45 и ако стане на пола саат пробувам да ја презаспијам, некогаш не успева и тогаш ноќта ја успивам порано од што не издржува. Прв прозор будност и е околу 3 саати, втор и трет околу 3ипол, некогаш знае и 4 да затера. Ноќно успивање околу 19, сабајле станува околу 5ипол ( со едно или 2 презаспивања, некогаш и 3-4 ако има некоја мака)
Преку ден ја заспав во креветче, спиеше 1ч и 20 мин и ја отворив вратата и стана одма. Сега ќе видиме и др дремки да успееме во кревет.
Може ли да споделиш како успеа да ја научиш да заспива сама? Заспива сама во креветче или со тебе на спална? Фала однапред.
Мојата е 9+ и во последно време сум ама премногу уморна од што се буди на секој саат посебно од кај 03 па до 07 тогаш веќе станува. Забите горе ја мачат премногу мислам дека е од тоа. Давам цице па презаспива некогаш не е гладна само така се буди ама не отвара уста за цуцла нема шанси, почнав да давам чајче навечер кога ќе се разбуди. Еден период дури со плачење стануваше и ја нишав по пола саат додека да презаспие сега барем не станува така ама пак многу е на секој саат- два. Веќе скроз и е бело кај забите горе одвај чекам да излезат и да се спасиме, можеби има и регресија не знам не пратам. Одвај чекам да дојде период да врзе малце повеќе сон. Денски имаме две дремки вкупно околу 3 часа.
Ќе помине, знам дека си очајна ама верувај дека ќе помине. Не се забите толку причина колку регресијата и совладувањето нови вештини, најтежок период откако е родена ми беше тој, 2 месеци немав спиено повеќе од 40мин сврзано. Мислев никогаш нема да престане да се смирува со цицање и да сврзе 2 саати. А на 3 месеци преспиваше ноќ. Како наполни 11 почна лесно да презаспива само со галење, значи од 7 месеци навака се што пробував не проработи успешно, на 11 одеднаш се се смени. За 1 недела се одбивме речиси скроз од цицање без да ја оставам на некој друг. Едноставно нервниот систем и се регулира многу подобро од пред неколку месеци. Сега на 11++ знае да се разбуди во текот на ноќта, ама сама презаспива или само ќе ја погалам и продужува. Ова ти го пишувам за да ти дадам надеж дека некои деца едноставно не се спремни да преспиваат ноќ или да сврзуваат саати без разлика што и да пробуваме, моето требаше да совлада многу вештини за конечно да заспива и речиси преспива ноќ самостојно. Има светло на крајот на тунелот
@Noemi За денските дремки со цицање ја заспиваш? Мојот сеуште заспива со цицање, не е некој јадач знам дека и твојата е иста затоа прашувам. Треба наскоро да почнам на работа, па само првата дремка би требало да заспие без цицање а како немам појма . Ми е страв дека ќе е гладен и ќе чека цицање . Искрено сакам и да го одбијам максимум до година и еден месец.
Мојата заспиваше со цицање и деновиве почнавме без. Среќа во несреќа беше болна па имаше секрет и се мачеше легната да цица (а така заспивавме) и почнав крената да ја заспивам со благо нишкање и тапкање по газе тие денови и немаше проблем. Си реков ете ми шанса и продолжив така сеа иако сега е оздравена и пу пу пу не одбива. Не е јадачка ни мојава, откога извади горе двојката се оправи ама пак над 150г нема шанси да изеде
Нема шанси јас да го заспијам без цицање, веќе е голем и свесен и сам си ровари со раката да си земе града . Сеуште сум во исчекување да почне маж ми да пробува да го заспива, ама не дошол денот .
И јас мислев дека нема шанси ама ете некако успеа, битно е да е најадена изиграна и запазен прозорот на будност и ќе ја гушнам се смирува. Има на некоја дремка малце драми знае да проќенка ама со шшкање и тапкање се смирува. Помала е мојата 9.5 е ама и она ровари бара цице општо, љубителка е голема
Ти викам мојава беше неподнослива, ме штипеше, гребеше, млатеше ако не и дадам цице кога и се спие. Ама ете пробав кога стварно не ни можеше да цица легната
Ти благодарам премногу за ова порака. Навистина во последно време одвај туркам ден од што сум уморна од неспиење, нервозна станувам, се почнува да ми смета. Само се молам да спие повеќе од два часа од што до тој степен дојдовме на секој саат да станува. Баш утрово му коментирав на мм како бебе од 3 месеци спиеше со едно две разбудувања сега е претерано ама знам дека мора да се издржи. Прееска се израдував ја мачкав со гелче на непцето гледам едното забче пробило. Ти благодарам многу што ме утеши да знам дека и на ова ќе му дојде крајот и ќе биде подобро
Може е и до доењето... гледај да ја учиш да не цица навечер кога станува, зошто нема да имате крај на неспиењето. Од искуство мое, еве не спиеме веќе 1+ година. До 6,7м ја спиеше цела ноќ, од тогаш навака (сега е 18м), она не спие. Уште не сум ја одбила, дефинитивно е поради цицањето. Зошто извадени и се сите заби (освен тројките), ама за тројките гледам дека нема знак сеуште.. а она не спие. Како новороденче е, па и бетер. На саат време се буди, плаче, вика, проследено со ноќни терори, каде не се смирува по 15мин. Јас сама си се зезнав, зошто некогаш стварно ми е полесно да и дадам да цицне и да заспие, отколку да ја клатам и да ја оставам да се качува врз мене и да ми вришти... Мачно одбивање ќе имаме, ама бидна. Ти со време реши си го тоа, зошто ќе се мачиш како мене.. Мојата не прифати цуцла, а одбиваше и шише.
За денски дремки за првата е полесно ама за втората е потешко и уште ја заспивам со цицање. Инаку во скрос темна соба со бел шум легнуваме на спална, ја галам се врти, се качува оди, некогаш ако не сум ја смирила пред дремка е потешко ама најчесто тогаш брзо заспива. Бргу се учат на оваа возраст само треба упорност, кај мене заплачуваше максимум 2 минути кога не давав да цица ноќеска ама ја гушкав и галев и зборев. Разлика во јадењето преку ден никаква не направи, а толку се надевав Јас може лошо се изразив од ноќно ја одбив пред спиење и сабајле цица, пред дремките и деновиве дека настината некогаш сама бара за комфорт. Јас бев на раб скрос да ја одбијам за поспијам и тоа ми беше планот ако не успееше ова.
Јас понекогаш правам чајче па едно станување мм и го дава да не станувам јас. Пробувам да не е секогаш на цице ама многу често па така ми се буди скроз тогаш и после оди тешко презаспувањето. Си викам уште малку да истераме па после планирам да и давам кравско од шише па така може повеќе ќе спие. Не знам оваа се случува некаде месец - месец ипол наназад инаку супер си беше ама ајде ќе видиме како ќе биде се надевам ќе помине ќе биде подобро.