1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спиењето на вашето бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 2 октомври 2013.

  1. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    5.508
    Јас сум на тој раб :nod:
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.214
    Допаѓања:
    78.410
    Пол:
    Женски
    Мојава па не сакаше ни чај, ни адаптирано, ни кравјо млеко. Сега тек почна вода да пие... па некое станување вода и давам и некогаш ми прифаќа, некогаш не. Некогаш па зима го гушка шишето и се презаспива :D Незнам што начин на успивање ќе најдеме, кога нема да е цицето скроз... Мечиња не сака, музика тивка не сака, светла ѕвезди не сака |(
     
  3. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    1.885
    Пол:
    Женски
    Не сум пробала вода да дадам навечер, а пие мојава општо си сака. Добра идеја ми даде може да пробам дали ќе упали ама ај нека е чекор по чекор, побитно ми беше за дремките да ја одвикнам од цицање дека ќе треба во градинка да оди, па после за ноќното. А адаптирано пиеше понекогаш ама сега одбива, го гриза шишето и ми се смее. Во каши го јаде со сласт, дури и помалце јаде ако ги правам со вода…
     
    На MariaBouli и mariz им се допаѓа ова.
  4. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.296
    Допаѓања:
    6.259
    Пол:
    Женски
    Има мн истражувања што дале резултати за кравјото млеко кај децата дека негативно влијае на крвната слика и целокупното здравје, искрено ние тотално го исфрливме од дома пред 4-5години ни на бебе не би дала. Педијатрите викаат подобро премини на ад после одбивање него на кравјо :(
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  5. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    1.885
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да ти дадам утеха дека како што пишав погоре и ние се успивавме и дење и ноќе со цицање, но денското некако го сменивме од неодамна. Ноќното уште си цица не сакам нагло и тоа да менувам ама и за тоа се спремам да менувам од страв читајќи ве да не почне повеќе да ми се буди а треба да тргнам на работа. Периодов ако станува повеќе од 2 пати пробувам да не и давам, и обично знае да презаспие ако легната на стомаче ја галам по грбче или тапкам по газе. Цела ми се лепи пак накај цице, дури и допира цице ама некако почна да знае да се смири и без да цицне. И јас мислев е невозможно ама упорно пробував и уште сакам да пробувам. Е екогаш ми се спие немам живци и вадам цице ама мора да сум поупорна
     
    На MariaBouli и mariz им се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.214
    Допаѓања:
    78.410
    Пол:
    Женски
    Пробај.. мојава си пие вода одамна, ама на спиење ништо не сакаше (освен цице). Тек сега ја прифати навечер, ама ептен и запнав да не и давам цице и виде не виде, пие и го шета шишето по спалната:D
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    2.957
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Бејби за кравјото млеко како оброк, но исто би надополнила да внимавате дека пиењето млеко (било какво) навечер може и да ги расипе запчињата. Деца што внесуваат доволно калории во текот на денот немаат потреба од млеко навечер, презаспиваат со него затоа што се така научени :)
     
    На Spidy и Baby warrior им се допаѓа ова.
  8. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Од тоа што јас имам читано до сега кравјото млеко не се препорачува под 1 година. Адаптираното млеко е преработена форма на кравјо млеко. После 1 година, ако детето јаде разновидно и продолжува со доење, не постои медицинска нужност да се избегнува кравјото млеко. И за ова со крвната слика, да има вистина но само доколку детето пие повеќе од 500мл на ден

    Кај мене заспива со нишање не е проблем цицање за заспивање проблемот е што кога ќе се разбуди ноќе си бара цице, а се буди на секој саат. Давам цуцла уста не отвара, а иначе пред заспивање прифаќа цуцла. Е сега навистина и забите ја мачат многу оти и кога е на цице она ја треси глава како куче кога ќе фати нешто :lol: Ќе бидам по упорна да ја презаспивам без цице па ќе видиме.
     
  9. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.296
    Допаѓања:
    6.259
    Пол:
    Женски
    Бидејќи пред неколку години почна премногу да ми смета кравјото млеко лично, ми создаваше дијареа инподуеност а немам интолеранција на лактоза истражував доста и зборував и со доктор соецијалист од гастро од Систина, чисто нека стои овде за да имаат предвид сите кои размислуваат околу оваа тема:

    кравјото млеко докажано го попречува апсорбирањето на железото, бидејќи е мн богато со протеини, калциумот и протеинот кaзеин го блокираат внесувањето на железо од друга храна и така всушност мн од намирниците кои ги внесуваме на дневно ниво просто речено ги уништува пред да бидат апсорбирани од нашиот организам / затоа и дијареата
    Инаку околу 80% од протеините во кравјото млеко се казеин, тоа е протеин што човековиот организам го вари многу многу многу бавно и дава лажно чувство на ситост.

    Јас од дете не сум сакала млеко, ми текнува како ме караа навечер пред спиење да ја допијам шољата а јас ја фрлав во умивалник во кујна скришно 8) Шала на страна, не е потребно кравјото млеко, јас последниве години живеам на бадемово и овесно и сум супер, за деца секој одлучува нели самостојно ама пошто се достапни информацииве ептен, нека си стои тука да се читне нешто плус
     
    На Maria921, Mimmi39, Hygge-girl и 2 други им се допаѓа ова.
  10. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Па муабетот беше помеѓу кравјо и АД, ако почнеме да набројуваме штети, па колку од исхраната што ја конзумираме е штетна.. Јас само го кажав својот став. Во секој случај секоја мајка си знае што е најдобро за своето дете, тоа и го прави.
    Да не ја шириме темата со оф-топик дискусија, сепак темата е за спиење на бебето.
     
  11. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.296
    Допаѓања:
    6.259
    Пол:
    Женски
    Ич не е оф топик :) мн мајки решаваат да дадат ад или кравјо навечер за да им спијат подобро бебињата така да нека си стои тука, супер си е погодена темата, може на некој да му дојде добро да читне нешто плус
     
  12. An43

    An43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    извини многу, сега го видов дури коментарот..иначе од 6ти мислам некаде ја зедов програмата на Др. Гуднајт и со многу упорност и трпение удпеавме. Изгледа се зареков, еве сега станва и по 4-5 пати во текот на спиењето и чим ја земам во раце заспива за 1мин..
    Едит: заспива во креветче, ако ја легнам до мене тогаш за 1 мин е заспана, ама не практикувам на спална да спие со нас
     
    На КаринаТ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anastasia579

    Anastasia579 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2025
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Феминки, помош!
    Бебе 6 недели. Последниве денови никако да заспиеме навечер - ем касно, ем борби - да помислиш дека со тодлер се бориш..
    Го легнувам кон 20 часот, он за пола саат се буди и нема шанса да призаспие... ај таа дремка, туку кон 21.30 часот пак една дремка прави, па макар и во раце исправен бил... и потоа до 1 часот се борби - керка, турка, цица-не цица, никоја положба не му е погодена, турка со нозе.... страшно...
    Некој искуство, совет?
     
  14. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.877
    Допаѓања:
    15.112
    Пол:
    Женски
    Ќе си почекате уште некоја недела, во скок сте.
     
    На Anastasia579 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anastasia579

    Anastasia579 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2025
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Овој е првиот скок? Гледам промени кај него, не спие добро ни денски дремки, а уморен е.
    Гледа, почнува да се смее, да пушта звуци...
    Ама мислев е рано..:worried:
     
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.877
    Допаѓања:
    15.112
    Пол:
    Женски
    Да првиот, кажав недели зашто вториот е хорор.:bug: А е блиску.
     
  17. Anastasia579

    Anastasia579 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2025
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Лелееее ....тешко нас ;(
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.411
    Допаѓања:
    4.872
    Пол:
    Женски
    4,5 месеци е бебе и заспивањето навечер е хорор. Пред 23ч не заспива. Не знам веќе што да направам, се пробав.

    Денските дремки се 4-5 по 30тина минути.

    Важно се го интересира, се да види, да фати и одма да стави во уста. (facepalm)
     
  19. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.877
    Допаѓања:
    15.112
    Пол:
    Женски
    Кога станува сабајле?
     
  20. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.411
    Допаѓања:
    4.872
    Пол:
    Женски
    Во период од 7.30 до 9.00ч. Различно е секој ден.
    Еве, денес уште си спие бидејќи синоќа околу 23.00ч заспа.