Дека станува многу рано, никако да си фатиме ред… покасно да стане, барем 6 часот да е… ќе пробам да зголемам будниот прозорец
Јас кога ја легнував во 19ч стануваше во 5, толку им се спие, нема тука што да се прави, добро е ако си спие цела ноќ, од 19ч легната до 5 наутро тоа е добро спиење 10 часа, плус дремките преку ден 12-13часа спие во 24ч.
Валјда така треба да гледам на работите. Дека толку и се спие. Негде ќе прочитам дека спијат по 12 саата и си мислам дека и моето толку треба да спие. Инаку станува за цицање 1-2 ви текот на ноќта. Ти благодарам
10 ипол месеци се буди околу 5, ретко да тера до 6 ама и тогаш станува во 5 па се гушка залепена до мене до 6. Пробував да ја заспивам покасно и џабе. Ако заспие во 18 или да заспие во 19 или 20 исто ќе се разбуди околу 5…
Исто и кај нас , и во колку да ја заспијам пак рано станува . Некоаш си велам пак да почнам во 18-18:30 да ја успивам, секако рано станува…
Ние 7 месеци ќе правиме и навечер се буди сеуште често, веќе навикнав, под будење мислам за цицање, не се разбудва ама си бара цице. Секоја вечер е различна ама ретко да се успиеме 4 часа, обично дури да фати длабок сон се буди до кај 23 на секој два часа а некогаш и порано, некогаш се буди оти му паднало цуце ама некогаш бара цице. 3-4 часа макс врзан сон имаме, во 6 се буди давам формула 120 мл плус цице и презаспива до кај 8-9 зависи. Во денот имаме после две дремки од кои едната е два часа додека сме излезени, после дома уште еден час ама ако легнам до него или во раце да го држи некој иначе повеќе од 15 мин пола час не тера. Рано легнуваме, 19-20 најкасно сме легнати. Не будни сати, не прозори ништо од тоа, со се пробав и се помирив дека имам неспијач, а денски е премирен, глас не му се слуша, ептен кротко бебе, кај сите оди во раце, само се смее, сам си лежи на спална на подлога си игра си се смешка ама навечер се буди некое ѓаолче во него, ми надохнадува. Инаку откако почна да се врти од грб на меше деновиве насекое само тоа го прави, по цел ден, и навечер се врти, де на едната де на другата страна. Лудило сме ноќите
Леле исто со вртењево на меше, навечер цело време се врти, се буди и плаче оти неможе да се врати назад. Исто и преку ден, неможе да потера да спие, ако ја оставам 5 минути, се враќам, свртена на меше ја гледам и толку од спиењето.
Во врска со вртењето во тек на спиење, мојата тој период спиеше со перницата за доење, ја гушкаше, и така спиеше. Инаку сама во креветче веднаш се будеше.
Хахахах ме изнасмеа сеа пошто низ истово пројдовме во 10 месец со ќерка ми, кога научи да стои, 2 недели се будеше ноќе на секој саат исправена во креветче со плачење пошо не знаеше да си седне пак назад Почнавме да ја учиме денски да седнува од стоење и кога тоа совлада, почна пак да спие нормално.
Денеска на маил ми стигна 70% попуст на некои си курсеви и материјали за спиење од некоја консултантка за спиење што сум ја заследила кога ќерка ми беше 3 месеци. Не знам дали смеам да споделам линк па ако некој сака да разгледа пишете ми ќе ви пратам. Ништо јас не продавам, ништо не е мое туку ми стигна на маил како распродажба.
Секоја чест на тие што успеале некако да го средат спиењето со тие будни часа, дремки и слично. Ние се испробавме и бебе како сака така спие, некогаш имаме мирни ноќи некогаш се буди на секој час, два, три максимум, а декој ден ни е иста рутина Јас се помирив Сега милион консултанти излегоа, буквално за се и сешто, можеби на некој помогнале ама јас лично не верувам во тие бајки, ама пак ќе речам мое лично мислење е тоа.
Има сешто, јас не сум користела консултанти ама првата година (не)спиењето ме уништи, па сега посакувам да имав помош Кај нас се среди спиењето околу 11 месец.
Искрено се изначитав за спиењето кај бебињата последниве месеци зошто цело време пробував да најдам начин да ја научам да спие -кај нас 4ти и 5ти скок беше плачење во сон на два саати некогаш и пократко. Мн лошо спиеше ама јас се помирив дека е бебе и дека тоа ми е работа да ја смирувам и да чекам да научи да врзува циклуси. Сега е 8ипол месеци при крај на 6ти скок спие мн помирно но се буди за цице или ако и падне цуцето на 2-3часа, не плаче, закенкува или се врти - од се што прочитав тренинзи за спиење се тотално не ок метод за справување на овој период. На крај краева една година е и ич да не спијам тоа е, не се умира од тоа а тренинзи прирачници итн нејзе ќе и створат трауми, нелагодност и недоверба. Мн нови истражувања викаат категорично не за било какви тренинзи за спиење - природа е, дел од развитокот, ќе издржиме да научат да спијат, ќе спиеме и ние еден ден пак
Во право сте за многу работи, единствено што од неспиење итекако се умира, не е џабе метода за тортура Шала мала. Секако од метод до метод има разлика, cry it out и слични се апсолутно не во никој случај, на памет не ми паднале. Мојот метод беше многу нежен зашто моето бебе без да ја нишаш сто саати не заспиваше, а стануваше преку ноќ 5-7 пати, рацете ми отпаднаа Па таму околу 7-8 месец моравме да почнеме да ја учиме полека сама да се успива со тоа што влагавме во соба да види дека сме тука дури и најминимално да почнеше да плаче, значи ниеднаш не беше оставена да плаче со минути или саати. Фала богу, ова ни успеа, конечно почна сама да се успива да спојува циклуси, па сите почнавме да спиеме и фунцкионираме многу подобро од претходно. Сите бебиња се различни, а и сите мајки. Некои можат да функционираат ненаспани, некои ич не можат. Капа доле на тие што можат, јас не сум од тие
Да се надоврзам и воедно да се пофалам дека кај мене има напредок во спиењето, врзува сега по три часа сон, е сега знае да се сврти да скемчи ако му падни цуце ама ништо не е тоа. Плус самиот се научи да заспива на спална, еден период го нишкав во раце, петти месец некаде. Сега му давам шише пред спиење, малце цице, ќе се погалиме ќе погуга, ќе ме корни за очи, за нос онака ќе се гали и ќе ми го сврти газето, се научи прдлето да се врти и сега само на другата страна заспива, мм се зафркава ми вика како ти шо му се вртеше така сега тој ти прави Исто и денски сам си заспива, и ги зголеми дремките, спие по два часа сега од дремка, шо е супер, инаку по 15 мин спиевме пола час Уште ноќе да намалиме со будење и ќе нема како нас
Браво! Ние на ќерка ми и ставивме вишок цуцли во креветче сама да си ги зема ноќе, не да плаче по нас да и ги дадеме
Колку денски дремки имате на 8ипол месеци. До сега бевме со 3 од кои првите 2 по 1ч и 15 мин и последната пола час. Последните 2 дена спие две дремки по 40 мин и за последната плаче не сака да заспа а многу и е 5 часа буден прозорец до нокен сон