Ќе треба во 19ч да ја легнам. Обично заспуваме од 20 до 20:30 А и нели е многу малку 1ч и 20 мин вкупен денски сон
Малку се, ама во моментот веројатно поминувате низ регресија (има уште една во 8ми месец), и подобро е да ја легнеш порано за да си ги надокнади саатите, отколку да чекаш кога би и било времето за спиење според тебе и да биде преморена веројатно ќе менува и во две дремки ама ќе се стабилизира со време
Јас со второво дете ја сменив перцепцијата за денското спиење, нема малку (има многу ), битно е да се стигне до некое пристојно време за заспивање. 19 часот е сосема прифатливо, не мора да значи дека ќе се разбуди многу рано (може и да, ама ќе се средите). Еве ќерка ми од 8 ипол месеци некои денови е со една дремка (најчесто од саат), затоа што за втора дремка и се приспива околу 18ч. и ако ја оставам да спие тогаш ќе ми седи будна до 23ч. Вака ја држам будна уште некое време, почнувам ноќна рутина и ја заспивам порано.
Нит се тера нит се води и мојата е 8ипол / еден ден со две еден ден со три зависи колку ќе поврзе. Денес имаше една утринска саат и 15мин, па попладневна саат ипол и еве сега ја успав пред 10мин пак
Колку време трае sleep regression? 4 ипол месеци е малото,еве веќе 3 ипол недели спиењето е крш,навечер се буди на саат ипол,преку ден спие 45 мин. Навечер без млеко не заспива,а не смеам да давам на помалку од 3 саати дека има рефлукс. Што да давам измеѓу да пие,и дали ќе се стабилизира спиењево или да си се помириме :/
Моево бебе направи 7 месеци, од кога ќе почне да спие повеќе од 30 минути, стварно не знам. Уште имаме 4 дремки. Распоредот е вака:станува од 05-06 часот, прва дремка 08:00 до 08:30, втора дремка 11:00-11:30, трета дремка 14:00 до 14:30 и мора да има четврта дремка за да заспие во некое разумно време. При ваков распоред имаме проблем и со дохраната - треба да има 2 оброка и тешко ги вклопувам со вакво спиење.
Знам дека треба, но некако рано ми е да ја заспивам во 17:30 ако последната дремка и е до 14:30. Уште тераме 4 дремки.
Кратко ти спие, затоа три дремки и се малку. Пробај да спиеш и ти со неа подолго ќе спие, или излезете на прошетка ќе спие подолго во количка
Ох верувај секако имам пробано. Еве прееска возам со колчичка не смеам да застанам, ако видам некој познат бегам да не треба да застанам и еве пак спиеше пола саат. Многу многу ретко да згреши да спие подолго една дремка.
продолжи и ги прозорите будност секој по малку за да ја отфрлиш последната. и мојата спиеше по пола саат 4 дремки до кај 7 месеци и после како и продолжував прозори будност ја исфрливме четвртата дремка (тешкичко) ама одма по неколку дена и третата дремка и префрли на 2 долги дремки нешто пред 8 месеци. Имаше денови со презаспивања за да и се продолжат ама се исплатеше, многу ми олесна одкога смени на 2 дремки
Исто и мене препородена сум, две недели веќе сме со 2дремки / негде на 8+ почна да се нечка две или три и сега конечно е на две па денот може да си го организирам асално и да прошетаме и да средиме и се иначе претходно со 4 беше мн долго и мојата до 7ипол … 3 имаше најкратко можда ни неполн месец и сега со две е супер, плус втората е долга да легнам и ја до неа да поспијам кога веќе навечер станувам 100пати
Колку пати се буди навечер ? Не гледам светла точка јас за навечер, си велам кузнај до кога ќе се буди, нема знаци дека ќе се смени нешто.
Истото ни се случува и на нас сега. За една недела ќе прави 8 месеци и еве оваа недела ја гледам ја исфрла сама третата дремка, и ги зголемува дремките по час и половина. А до пред 2 недели беше со 4 дремки од по половина час. Со 3 дремки мнооогу кратко време. Е сега будните периоди и се со различно времетраење. Првиот е 2 часа, вториот 3 часа, а третиот 4 часа.
На час ипол/два се провртува бара цице и презаспива … спие со мене на спална а креветчето и е залепено до спална со извадена страница па некогаш си оди и натака а некогаш до мене кога како ама нема разлика се вртка навечер секако и јас не гледам дека ќе оди на подобро скоро … ќе стиснам заби уште летово, решена сум да дојам ќе спијам кога ќе порасне
Едвај чекам малку да се среди, малку да одморам па за кратко и на работа, ќе биде весело. Второто дете ептен не спијач се погоди. Не е како мене.
Ние уште малку 7 месеци, утринската дремка кај 9 почна ептен кратко да спие или ја исфрла, ќе дремне 5 минути и спремна е за акција, дури кај 11:30, 12:00 е следна дремка, па кај 15-16ч следна и порано легнува за ноќно спиење кај 19:30-20ч најкасно е сега проблем почна да се буди во незгодно време 4, 5 наутро и дреме будна саат време најмалку, па ќе презаспие еден саат до 7, а претхдно си спиеше цела ноќ и си се будеше некаде околу 7 како програмирана.
И мојата станува во околу 4 во последно време. Чатџбт вели ако не презаспие сама за 20 минути, да не ја оставам да заспива барем до 6:00. Потоа може да заспие. Демек ако заспие сама пример во 5:00 и ќе стане во 05:30-06:00 и тоа ќе се смета како дремка и така ќе си створи навика да станува рано. Не знам дали добро објаснив. Се преоптоварив со ова неспиење болна тема ми е
Неколку дена пред да наполни 6 месеци, почна сам да се врти на меше. Сега се врти и во спиење и си продолжува да спие на меше Иако ми е пресладок така, цело време му го проверувам носето дали му е слободно за дишење.