Мајка ние сме 4 месеци и цело време досега денски спие во раце, инаку лесно се буди, прета со рачињата... навечер спие на спална ама пак мора да сум до него. Едноставно премногу се мали и сакаат близина. Моето спие и во количка па сега на убаво време кога доаѓа време за дремка излегуваме.
Околу првиот роденден некаде. Ама мислам дека имаше влијание што тргна на градинка од 8+ месеци. Таму имаат една дремка во 12 ч, па на почеток дремнуваше уште малку дома околу 17:30 ч. Со тек на време дремката во 12 ја зголемуваше, и дома престана да дремнува после градинка. Сега е 1 год и 5 месеци, веќе долг период има само во 12 ч дремка, околу 2 часа во просек.
13 месеци сме, во градинка спијат во 12 и дома му се приспива околу 16:30-17:00. Затерува многу со спиење пример вчера до 19:30. Дали да му ја тргнам втората дремка или што е паметно..
Да ја тргнеш, пробај заспивај го во 18, 18;30 поместувај секој ден по малце. . Секое дете различно ама и мојава е 13 месеци и сме со една дремка, префрли баш неколку дена пред роденденот. Имаше по некој ден со по 2 дремки ако ептен и била кратка едната ама ретко. Чим затерува до 19:30 тоа веќе како за ноќно спиење ми делува
И кај нас е вака еве ја заспа сега во 18 и да сакам не можам да и го третирам ова како ноќно зошто за саат време ќе се разбуди а ако пробам да ја презаспијам и ако за некое чудо заспие ќе стане во 3 свежа за играње ко да е 7 сабајле. Ептен ме буни со дремкиве и спиењево.
Мајки хелп! Малиот е 5 и пол месеци. Ај што почна војна да води за заспивање, ноќе почна да се буди и да не можам да го презаспијам..си гуга си зборува, врти лево десно низ креветче (сеуште не може од грб на стомаче). Така саат и пол обавезно...гледав да не е гладен, да го фатам со време.. џабе..он ококорени очи и почнува! Како прегазена сум секој ден.. Некаде грешам?
Сите ги поминуваме … фази се 4тиот и 5тиот скок се тој период кај нас 5тиот беше поразителен за ноќното спиење сум нишкала со саати во сред ноќ таман ќе заспие ќе ја ставам во креветче и ќе ми се разбуди за 3мин па одново
Лелеее... Се тешев дека барем ноќите ги преспива. И се будеше 2 пати за цицање.. Сега како прегазена сум затоа што и детските дремки едвај ги спие, со сто пати презаспивање и да сум до него.
Имате ли некоја финта за спиењето, кога бебе спие ама прета, грофта, фрчи, се врти, заспано? Како да се смири пошто мајката не може да заспие? Цуцла не е опција пошто устето е затворено.... Нишкање помага се додека е во раце, во креветче почнува одново фрштењето
Кај нас помогна откако почнавме да спиеме заедно. Во почетокот спиеше во гнездо бидејќи ми беше страв да не го повредам и исто вака преташе во сонот, мафташе со рачињата, всушност мене ме бараше, бараат близина, топлина. Некаде на 2 месеци се префрливме на спална, спие до мене, јас понаспана во живот не сум била Едит: во креветче една ноќ нема спиено, ете ни служи за играчките
И ние така почнавме и супер теравме, сем што се укочив Па се решив да инсистирам да ја научам во креветче и супер испадна. Ама, овој 4тиов скок....оф леле мајко.
Креветче до спална споено, ем во креветче си спие, ем е до мене и чувствува близина. Ако прета така, само раката му ја ставам на меше, и се смирува.
Син ми има скоро 3 месеци Кога спие го успивам во раце, е после настанува проб. Ако го ставам може супер да го наместам ама за 2 мин отвара очи. И додека го ставам можи да отвори очи Не можаж повеќе в раце
А зошто не можеш? Ти тежи или те уморува? Моево е 8,5 месеци и уште во раце заспива и спие. Малку да те утешам дека не си сама. Ќе помине сè, издржи ја првата година.