Здраво мајки, повеќе пати имам пишувано во оваа тема. Но никако да го подбиѓе спиењето. Бебе е 11,5 месеци. Катастрофа е нокното спиење повеќе од 1 месец. Многу време е бака не е нормално. Станува на секој 2 саата, цица и после не може да презаспие. Или ќе се разбуди скроз и ќе седиме по 2-3 саата или некогаш успевам со нишкање да ја презаспијам. Значи ноќе по 3-4 пати ка нишкам. Јас речеиси и да не спијам ноќе. А треба и да одам на работа… преку ден пак слабо спие. Ми треба совет дали ако ка одвијам од цицање ќе почне поубаво да спие? Дали треба нешто да испитувам Д3 или железо?
Слична мака имав со ќерка ми, не знам како функционирав со тој расцепкан сон искрено како зомби бев. Не значи дека мораш да ја одбиеш туку можеш и само да и ја смениш асоцијацијата за презаспивање со цицање ако се уште не сакаш да ја одбиваш. Ќерка ми беше 13.5м и секако веќе супер јадеше и не цицаше дење па јас лично решив да ја одбијам скроз. Кај нас многу позитивно влијаеше на сонот одбивањето, не дека е идеално и спие цело време по цела ноќ но драстично подобро е. Некогаш знае да преспие цела ноќ, некогаш да стане 1 макс 2 пати. Дури и кога вади заби не станува на секој саат како што знаеше да прави дур цицаше. Некогаш ја презаспиваме со галење но тоа е реткост, обично бара млеко или чај и без тоа не презаспива.
Дали имате искуство со бебе кое што му се спие и пробувам да ја заспијам малце замижува и за кратко отвара очи како да не ни заспала, или пак нервозно ги истегнува нозете на назад плаче. Скоро 2 м сме да напоменам.
Стане и јас и дадам да цица и не може да презаспие, сака а не може да заспие. Па станам нишкам и ја држам до дека убаво не заспие и ќе ја оставам. И после 2 часа пак така. Значи ни со цицање не презаспива. Баш како зомби сум.
има регресија тој период, особено ако почнала да се исправа и да пробува да стои, да оди... Знаеше ќерка ми да си шета низ креветче или ако е на спална да се пентари по нас како мајмун и да не сака да спие. Траеше тоа неколку дена и пројде откога почна убаво да може да стои сама па си се врати на заспивање со цицнување
Бебе 4 месеци и две недели Последниве два дена почнува да е се понервозно, да заплакува и не се смирува со ништо, одбива да цица, спие по 15 минути после половина час пак сака да спие, почнува да вика си го слуша сопствениот глас, нон стоп раце во уста и се лигави ,играчки става во уста... до кога трае овој скок и регресијата
Дали вашите бебиња спијат на стомак или на страна ? За некој ден полниме 5 месеци. Последнава недела спие само на стомак, ќе заспие на грб цицајќи и после одма се врти на лева страна но левото раче му останува под него, ми е страв рака да лежи цело време ,го враќам назад но пак исто....
Знае само да се врати назад? Убаво го држи вратот? И моето исто, ама ја оставам. Се враќа назад кога сака, а убаво го држи главчето на страна.
Не, знае само да се врти на меше а назад незнае. Главчето е на страна кога спие а штом почне да мрда и неможе да се сврти се буди и почнува да се лути. Баш сега спие со главче на страна а рацете спуштени и двете покрај телото и на меше. Преку ден цело време сака да се врти на меше и седи така си игра но некогаш знае пдма да се налути ,незнам како полесно да научи да се врати пробував со играчки и викање но не е заинтересиран да се врти до тој степен за да може да се сврти
Ќе си научи само. Јас не ја враќав назад, бидејќи ако не и е добро, ќе си протестира сама. Како и ти што викаш
Мајки дали имате искуство со одвикнување на бебе да заспива со нишање во количка. Пробано е се но не успева на крај пак завршува во колица. Бебе е 4ипол месеци.
Моето дете не се научи да спие еве веќе една година. Ноќите се малку подобрени, има ноќи само еднаш два пати ќе се разбуди ама додека да влези во длабок сон пет пати ќе се залепи на цицка. Знае и да се разбуди и после пола час да скока да игра. Денски дремките хаос, две дремки имаме а веќе некогаш и една ако стани подоцна, еве го денес пола час спиеше, и тоа не памтам јас да го ставам да спие и да не се разбуди по 20 минути за цицка, ама секогаш така прави, нема ич длабок сон ама ич, по пет пати се врти за да цица и така продолжува со спиење. Не можам да го оставам на чување поготово навечер затоа што ќе се разбуди и нема да презаспие без цицка освен можеби со нишање во раце.. Дали и кај некоја друга мајка има ваков случај или мојот е вампир ?
Има и друг , моето преку ден е океј ама ноќе немирно спие и милион пати станува, јас сум веќе зомби ама веќе се навикнав и помирив дека вака ќе тераме. Пробав се и прозори на будност и подобра вечера, порано и подоцна легнување и хаос е мал збор да се каже.
Јас ноќе осеќам дека е подобрен, ама дури да фати длабок сон пет пати ќе се сврти за цице. Е сега вади и заби и тоа тешко ги вади, само два има долу и еве горе излегуваат можеби затоа. Мене ме чуди она будењето после 20 мин откако ќе заспие, како навиен аларм да има, среќа одма заспива со цицањето
Феминки, бебе од 4 и пол месеци имам. До 3 месеци успеваше да си спие од 9 до 3 саатот. Од тогаш почна да се буди се порано и порано и моментално е стигнат да спие од 8 и пол до 11, па го презаспивам во раце, и се буди уште 2 пати до 12, 12 и пол, за тогаш да се разбуди веќе со плачење и не презаспива. Па цица, ама тогаш брзо се рассонува па заспива 1 - 2. И оттогаш се буди на 2 саати.. пример 3, па 5.. и цица и двата пати, со тоа што во 3 успевам да го вратам во креветче, во 5 го земам до мене, па се буди во 6 и во 6 и пол,7 веќе е скроз разбуден. Веќе сум скроз ненаспана и не функцнионирам, заборавам ноќе и што се случува, а имам и девојче 3 години кое што исто така се буди ноќе, зборува во сон.. всушност затоа и шочнав на секое будење негово да го земам во раце и да цица, за да не ја разбуди неа со плачење. Не знам дали да се обратам до др гуднајт.. некоја со слична ситуација?
Мајка и јас сум скроз како тебе со тоа што моето е скоро 4м. Среќа големиот спие сам во детска па не се будиме. За жал е регресија, учат нови вештини, конкретно моето се учи да се превртува и само со нозете во вис. Мора да почекаме да помиат 4 и 5 скок за да се стабилизира ситуацијата. Пробувам јас да не дојам ма секое станување, кога спие бебе на страна спие поцврсто. Со тоа што кај мене не плаче него само кенка и испушта звуци ама секако ме буди…
Здраво мајки, направивме 1 година но спиењето не се подобрува. Сега некое време станува ноќе и плаче во сон . Некогаш тоа трае и по 2 часа. А некогаш и морам да ја разбудам од што веќе не знам што да и правам. Е кога ја разбудам си седиме будни по 3-4 часа. Сите дома сме не наспиени, кога плаче и поголемото дете станува од што не може да спие. Некој совет?
Да, на страна спие поцврсто. Прбите разбудувања се кенкања, па подавам рака, се галиме, цуца цуцла и се смирува, до следните 10 минути..и пак така.. ама па на крај кога ќе стане со плачење - после потешко презаспива. И мојот е со нозете во вис. Ќе помине, ама мислев дека е помината и регресијата и 4ти скок, очигледно не. Поголемата беше на шише со мајчино млеко и цуцча, немаше вакви моменти, или па сум заборавила