Не знам каков тренинг ќе го натера бебето да спие, измишљотини за пари. Шо не пробав со моето, ама буквално се, од исхрана, од спиење од легнување рано, легнување покасно, па една дремка пробав, ама буквално сееее и бебе едноставно кога му се спие спие кога не му се спие се буди по двеста пати ноќе. Имаше период неколку дена ноќта ќе преспиеше пет часа со прво будење во 5 часот ама никогаш никогаш ја нема цела ноќ преспано, ниту еднаш. Кога го легнувам во 20:00 дури да фати длабок сум два три пати се врти за цице, после тоа ниту се сеќавам дали се буди или не Јас стварно не знам како има некои деца што легнуваат во 21 и му се будат дури наутро, мислам дека мојот на училиште кога ќе почни тоа ќе се деси 13 месеци сме и уште се буди, се мислам дека заради доењето, полуден е по цицето овој месец, вади горни заби плус никако не сака вода со сила давам и затоа ми е залепен за града
Се будеше и ќерка ми премногу, особено кога вадеше заби и само со цицање презаспиваше. Откако ја одбив на 13.5 месеци почна да врзува ноќ, не е секоја ноќ но сепак лесно презаспива обично со галење, гушкање.
Знам дека тоа е лекот, ама нека цица уште малку, па кога ќе почни во градинка се надевам полека полека ќе се одвикнуваме
Кога обично преминуваат бебињата од 4 на 3 дремки и како изгледаше тоа? Некоја мајка да сподели искувство?
Кај мене некако спонтано. До душа никогаш не беше голем спијач преку ден, ама почнаа да и се зголемуваат будните периоди, од 1.5 саат на 2 (2.5 некогаш), и сабајле почна покасно да ми станува. Сега па (5м), се случува и по 2 дремки да има ако поспие сабајле до 8, и мислам дека полека одиме кон кратење на третата.
Каков ви е дневниот распоред на 5 месеци? Колку вкупно саато отприлика спие преку ден и како му е ноќниот сон? Имам и јас 5 месечно бебе, ама како да сме заглавени на 4 дремки, со вкупно по 4-4.5 саати дневен сон, и многу будења ноќе
Станува обично меѓу 7-8, легнува накај 8 навечер +/- пола саат. Прва дремка е 2 часа по станување, наредните два будни прозорци се по 2.5 до 3 часа. Спие некогаш 30 минути, некогаш 45 и некогаш знае да затера една дремка од 2 саати. Последниве неколку дена ми го продолжува последниот буден прозорец до 4 часа или повеќе… Пример од еден ден: Будење 8:00 Прва дремка 10:00-10:30 Втора дремка 13:00-13:45 Трета дремка 16:30-17:15 Конечно заспивање 20:00 Навечер спие до мене, не се буди ама закенкува и се размрдува и ја ставам на града за да се смири. Тоа знае да се случи 2-3-4 пати во ноќта. Еднаш во тек на ноќта и давам и шише бидејќи сме на комбинирана исхрана. Знам дека спиење заедно не е безбедно, ама само така можеме да функционираме засега.
Значи јас дефинитивно треба да го чувам повеќе буден. Ама мислам дека се разбудува на 2 саати навечер, денски многу брзо му се приспива, некогаш и на саат и пол Фала ти за инфово, ќе го пробам ова и со моево бебе