Моево е 5++ имаме 4 дремки кои траат кратко за жал.. се мачиме со успивање како и дење така и ноќе моментално. Почна да станува многу во текот на ноќта,мислам дека повеќе е буден отколку што спие. Буден прозор имаме околу 1:45 минути,макс два сати повеќе од тоа ретко успева. Рано се успива кај 7 часот ама борба имаме со спиењето.
Од бебе што си спиеше стана проблематично. Дали е од промена на саатот, дали преминува од две дремки на една не знам ама знам дека ќе се мрднам. Се буди накај 7:30-8 сабајле и прва дремка му беше 10:30-11 без проблем си заспиваше во раце го ставав во креветче и продолжуваше. Сега не бе брате. Заспива во раце ама што го спуштам одма се врти се буди и плаче. 11 месеци. Кажете совет нешто што да се прави вака веќе полудев. Вчера станат од 7:30 заспа фино во 11 и спиеше до 12:30 и толку попладне неќе да заспие во креветче и неќе, во раце да во кревет не. И до 19ч го оставив па го заспав конечно
Ништо чудно да ти преминува на една дремка. И моето бебе има 11 месеци, оди во градинка. Кога е во градинка спие само еднаш од 12:30 до кај 14 часот некаде. После тоа дома не дремнува, заспива накај 19:30, 20 часот. За викенди исто ми тера најчесто како во градинка, дали некој ритам со спиење фатил незнам. Денес стана во 6:00 дали дремнал накај 9,10 незнам, не го земав од градинка за да прашам. Ќе видам викендов како ќе тера со спиење дали ќе има една или две дремки.
Моево е 10месеци и спиењето ни е хаос, навечер се буди 3-4пати цица, не се презаспива поинаку. Се врти шушка заплакува. Преку ден има супер дремки распоред и добро траат баш по книга ама ноќното заспивање ептен му е доооолго, касно често заспива, а и кога ќе заспие во нормално време се буди во сред ноќ игра буден по саат време, вака е од 4ти месец, само трет месец беше добро. хронично ненаспана
Ист проблем. Моето е 10++ Од пред една недела ноќното заспивање ни е крш! Борба да не речам. Си имаше убаво 2 дремки по саат, саат и пол и заспиваше кон 21-21.30. Сега со таа втората дремка кога и да стане, колку и да е кратка до 23ч не можам да го успијам Не знам дали да пробам со таа една дремка, да го оставам да спие (затоа што обично саат и пол кога поминува го будам, ако го оставам можда и 2-3 саати би спиел, па да му е доволно тоа само). Стварно не знам..веќе измирена сум затоа што одам и на работа и заспивам додека го чекам да доигра
Јас еве 2 дена го оставам со една дремка. Вчера заспа во 12:45 спиеше до 15ч. а вечерта го легнав во 19:30ч а заспа во 20:30. Баш ќе видам денес да го успијам со две дремки како ќе сака да заспие
Дефинитивно кога ќе легнеме рано на кај 19 часот бебе се буди по сто пати во ноќта и наспан е за игра. Од дете до дете има разлика ама кај нас се покажа дека 19 часот најмалку ни одговара, станува во зори наспан и мака мачам да го презаспијам
Јас од тоа се плашам. Кога префрлаше од 3 на 2 дремки ми се будеше мн во текот на ноќта или прерано стануваше. Ама и ова веќе е неиздржливо. Синоќа 23.45 заспа, премногу е. Преморени сме сите, а он полн енергија за игра
Моево 9+++,уште е со 3 дремки. Рика за спиење и готово, не знам кога ќе почне да намалува дремки. А дремките се 30/40 мин во раце. Не е со мене, откако тргнав на работа не спие повеќе од пола саат на дремка, и си ги бара три дремки да се. Ноќите станува два пати, ама презаспива брзо, па се навикнав веќе. Иако би ми одговарало да преспива цела ноќ. Не сум психички спремна да и откажувам цице ноќе, нема да спиеме ич така.
Мојот се има случено да заспие на кај 23 и спие како топ, ама дотогаш борба е, премногу е тоа за дете мало. Ама до кај 21 21:30 мислам идеално е кај нас. Проблемот е што премина на една дремка, ретко две да имаме и дремката му е кај 11 и трае час и пол до два и пол максимум, тоа се многу видни сати за толку мало дете и не издржува. Ама кога дремката ни е поместена и ако стани подоцна или ако имаме две дремки тогаш супер е, му доаѓа 21:21:30 таман.
Бебе 6+ цица бетер од новороденче. Се трудам калориите преку ден да ги внесе ама не иде баш сјајно. Вади заби и некако целиот процес со спиењево не иде. Не плаче ама доволно кенка за да мора да цица
Здраво, Дали имате искуство со индивидуалните програмите за спиење од dr.goodnight? Дали е подобрено спиењето после направениот тренинг ?
Ние сме 6++ и после скокот во 5ти месец, нас ноќното спиење ни е хаос. Пречесто се буди, презаспива само со доење. Почна и да седи буден по саат, два и да се мачи да презаспие. Преку ден сме со три дремки, и тие се со презаспивање за отспие подолго, инаку е станат после 30 минути и плаче дека е нодонаспан.
Исто. Ама вчера дадов вечера подоцна, заспа со доење и синоќа само два пати побара да цица, спиеше како топ. Ќе видам дали и денес ќе проработи тас финта или било само исклучок