Малата спие на спална со нас. Кога ја заспијам цицајќи и ја ставам во креветче одма се буде. Некогаш ја нишкам за да заспие и кога заспие ја ставам во креветче и тогаш продолжува да си спие. Ама многу често не можам да ја нишкам па ја ставам до мене и така си заспие. Пробав да ја оставам во креветче сама да презаспие ама не сака, постојано се ѕвере некај нас и ми е жал така да ја гледам. А преку ден во дневна си спие на кревет или на спалната, ќе легнам до неа и ни нишкање ни ништо сама си заспие
@mariz не ни помислив дека лажеш, знам дека има такви бебчиња/дечиња. Моево фала богу што поседува чат пат некаде сега кога пркна, инаку на почеток абе тлото не го допрел вришти Инаку пее и моево и гуга се повеќе од ден на ден, некогаш мислиш муабет прави, а да и многу писка Фала богу веќе не ржи, заминаа грчевите, замина и тоа, како кученце беше
Така реков зашто повеќе луѓе се чудат... дури и јас се чудам, ама фала му на господ што ми даде вака мирни, умни, спанковци, млада сум, ми требаат живците, да не поулавам понатака Инаку преку ден не е во темница, но пак си ја оставам будна во креветче и заспива.. или пак ке заспие во релаксаторот и одма ја носам во креветче зашто батко и почна да ја закачка, па а види дека она спие, оди до неа и аааааааааа се дере, сирота очињата ке ги отвори китка матка и почнува жално да плаче, обавезно ја кријам од батко и додека спие во последно време
има ли некој бебе од месец и пол или памтите ли по колку ви спиеја тогаш малите? јас почнав многу да се секирам дека малку ни спие со грчевите ама не знам дали ќе се подобри.. навечер (од полноќ до кај 7) спие обично по два пати по 2-3 саати, тоа е таман си велам, ама дење спие уште 4 пати отприлика, ама од нив например два пати 2-3 саати а два само по саат време, многу често ќе задреми па ќе се разбуди од грчеви, почна да не спие ни во раце, и додека пробуваме да ја успиеме ќе дојде време и за второ преслекување и подој.. не плаче многу само така си гледа со очите широко отворени, мм вика нека си седи дај ми ја, а мене не ми се дава викам треба да спие не знам колку сум во право дали си создавам непотребен стрес, или сепак да се трудиме да спие повеќе.. инаку навечер спие со нас во кревет, а дење моментално само во слинг или ретко во раце и на града.. се друго никако не успева
@KidA мојот е 22 дена и уште менува нема ред никаков. Навечер ми се буди на два часа, ретко 3-3,5. Цица и веднаш презаспива. Вака знае да тера и до 10часот. Ама има денови ми седи буден цел ден, заспива дури кај 18часот и го будам за бањање. Денес обратно. Ми спие цел ден. Стана кај 16:30 и сега се мачи пак да заспа. Различни се. Секое дете е индивидуално.
Среќни и одморени мајки сте вие чие деца така лесно заспиваат и спијат цела ноќ. Јас веќе изгубив надеж дека до 2 - 3 години ќе преспивам навечер по цела вечер, а и се навикнав па не ми е ни тешко (се тешам ) нишкањето по 10-30мин пред заспивање и станувањето на 2 часа за цицање. @eli25 како го научи да заспива сам? Мојов да го оставам сам да заспие ја крева целаааааа зграда во воздух. Пробав еднаш, липа неутешно нема шанси да го смирам без да го земам и кога го земам липа уште 5мин минимум и се жали дека бил оставен Срце не ми дава да го тренирам сам да заспива, ќе издржам година две и ќе со го гушкам додека сака. Според мене не може да се истренира, или такво е самото бебе или не е и тоа е тоа.
@Igle не го научив сам се научил Синоќа стана и одам до тоалет се враќам тој заспал Или ќе се допре до мојата перница ќе му ставам цуце го галам и заспива. али еев 2,3 пати сам како лежи си затвара очиња
Темава ми е "болна" точка Како што кажа Игле, среќни сте вие мајки чии деца спијат цела ноќ. Имавме еден ред околу вториот и третиот месец заспиваше кај 8 ипол 9ч до 2 ипол и после на два саати се будеше. Јас мислев тоа не чини После смени на многу лошо(се жалев баш тука) две три недели се будеше по цела ноќ на саат, на пола саат, мрдаше, ќе се расплаче, цело време нишкав, бдеев, грбот и вратот укочени, стомакот преладен, не знаев за себе и после тоа го измести и времето за спиење, некогаш има дремка кај 7-8ч како на Форумче малата и нема шанси до 10-11ч да ја заспијам. И се буди за три саати. Одамна веќе не врзува по 5-6 часа сон. И после пак на два саати или на саат ипол и сабајле во 6 најкасно 7 се буди и толку. Секоја вечер во различно време заспива, секоја ноќ различно се буди нема никаков ред и мајки многу ми е тешко поради тоа И јас се тешам тоа е, не се сите деца исти, ќе помине и слично ама мака ми е. И дење спие неколку пати по пола саат само. И мене ме интересира тоа Кукла што го пиша по колку како треба да спијат, дали е за одредена возраст, од-до или како? Мојата не исполнува услов сигурно
Мислам помалку беше. 6 месеци е баткото? Инаку за само заспивање, книжево не вика да го оставиш дете да рика и плачејќи да заспие. Идејата е да го оставиш смирено и да најдеш што го заспива, цуцле на пример или да му помогнеш ти да заспие со галкање по меше, грпче, ама со тек на време оваа "помош" да намалува. Ако плаче, го смируваш и пак тераш заспивање постапка. До 6 минути било нормално да се успие
Е тие 2 часа на пладне ни се поделени во две-три по 30-45 минути. . Ако е во раце може и ќе ги врзе, ама не практикувам да го држам во раце освен ако не цица. Може ќе реши да ги поспие додека е надвор, зошто и надвор сега се е интересно па само дремнува.
Моево тогаш спијач стана. А имаше период кога не спиеше по цел ден. Има тајминг значи буден е саат и пол два и после заспива. Денес рекорд буден остана 3ипол часа. Има дремка од 3 часа, таа е попладневната, од еден час е првата сабајлечки и другите по 45 мин.Изгледа надокнадува зошто не спиеше
Точно е ова со циклусот на 45 минути. Кога беше помал точно на 45 минути се будеше при денското спиење, ако има некој до него до го погали и занишка продолжуваше уште 45 минути. Го научив и таман ќе дојдеше време за будење легнував до него и го презаспивав.
Моето бебе си спија на спална меѓу нас и поубаво ми е така. Си спијаше и сам В креветче ама ние си го зедовме меѓу нас да си спија. Дури веќе и не клоца
Малку да упростиме 30-45 мин една дремка или колку? 2,5 часа е една дремка. И 10-15 мин мала дремка пред вечерното заспивање? Така? Ако е така мојата има 3-4 дремки од пола саат само и тоа последната кога не треба А тек за тие два ипол часа срце ме боли
Тоа се се учело вика. По 45 мин да ги презаспиваме, па за некое време ќе научат сами. Наводно 1 месец инвестиција на нерви и време било