Мојот порано на пладне спиеше секогаш точно ама точно 45мин. Читав и јас циклус дека е и ако може да го помине и продолжи ќе спие и 2 часа, па почнав да бидам до него на 45мин, почнуваше да кенка и не дозволував да се расони, а почне да се буди одма на града или нишкање и продолжуваше со спиење. Сега сам си врзува еднаш во денот дремка од саат ипол два и една од 45 мин. Не знам дали толку е за 7+ бебе ама мене ми се чини таман и не го форсирам и втората да е подолга..
И јас не се замарам што спие толку. Порано па не спиеше по цел ден. Си знаат што и колку им е доволно
Мојот е 6+ и на секои 2часа денски бара да спие и си поспива од 45мин до 1ч, ретко да сврзи и повеќе . Единствено сабајле кога ќе се разбуди во 7ипол во 8ипол пак заспива и 9ипол стануваме. Спие исклучиво во креветче, помегу нас го ставам само кога ќе се разбуди сабајле а потоа пак во креветче го ставам. Инаку алал да ви е на тие што сами ви заспиваат бебчињата. Ние само гушнати во раце и со пеење песничка. @eli25 бравооо баш убава навика си фатил
45 мин е еден циклус спиење. И јас се чудев како може така да спие и ми беше чудно. Затоа ја зедов книгава. Мислев не спие доволно. Читајќи ве тука колку ви спијат децата мислев моево недоволно спие
Уште кога бев трудна другарките кои ми се со деца сите се водат по една книга baby wishperer и знам баш им викав аман бе зар порано некакви методи имале нашите. Но стварно се воспостави дека ако не воведеш ред, мака е и за дете и за мама. Од кога ни завршија грчевите а кратко беа околу 40 дена, почнав да ја учам на креветче, претходно во раце релаксатор количка и до мене спиеше. 2 недели се бунтуваше и на вреќичка неќеше во неа и сакаше во раце. Ептен ми беше мака дури си викав абе бебе си бара мајчина прегратка и таман да се откажам, бебе фати ред. Сега само ја оставам во креветче редам цуцла галам по главче и заспива. Секоја вечер ја легнувам во 9,станува 6 сабајле, до 8 имаме појадок после пак спие до 12, станува јаде играме накај 13часот пак легнува до 15.пак станува јаде и во 16 до кај 17:30 спие. После е будна до 9. Толку и е веќе рутина што на пример имам проблем кога патуваме и не спие во нејзино креветче, или кога шетаме може да дремне 45мин во количка ама повеќе не. Ама бар кога сме дома, имам време и ручек спремам и да исчистам со другарки кафе да пијам а богами и кас некогаш легнувам со неа да дремнам.
@eli.karameli Колкави сте? Од која возраст успеа да и воведиш ред? За нас е научна фантастика ред да имаме, а сме 2 месеци. Спие кога и се спие и колку и се спие, уствари да бидам искрена почесто спие и по цели денови, се буди за цицкање, будна е пола час и пак нанка. Најлесто е будна од 18 до 22 оти тој период е најбучно дома кај нас, па мислам ми се вознемирува бебето. Ама денес е чудото - заспа сама во креветче! Ако продолжи да спие и не ми се расони тогаш ова дефинитивно ќе биде првата ноќ кога во нормално време ми заспало бебето!
Сега сме 6 мес, а редот го фатив околу 2 месец со тоа што тогаш ми стануваше ноќно време 2 пати за јадење, па после и скратив еден оброк остана само со 1 а од пред 5ти месец спие цела ноќ. Нормално е да спие подолго уште сте мали ама учи ја да спие во креветче, не по троседи или релаксатор. Води се по тебе така да темпираш бебе, и постепено пробувај барем 1 дремка на ден да биде ти кога ќе ја легнеш.
мислам дека бебињата хранети со формула многу полесно и побрзо фаќаат ред и почнуваат да ја преспиваат ноќта отколку оние на доење. Ако цица кога сака и колку сака како да му истемпирам оброк после бањањето кое сум настојувала да е секој ден во исто време пример? Важно е отрпилика да се запази некоја временска рамка и тоа да се смета за некој ред до кој би требало да се држиме @snegulkata