Друштво, не сум ве заборавила, ама текстот не можам да го ископирам. изгледа заштитена е книгата. да најдам начин да го префрлам во нешто друго или крајно ќе ви пратам принт скрин од некој дел.
Како да се успие бебе што не сака никако да се успие, а му се спие? Запчињата го мачат, таман ќе заспие се буди со плачки.
Јас мачкав од гелчето за заби на фризидерм. Мометално ќе му ја стиши болката таман додека нишам за да заспие, после нема мака.
И моето на почетокот со истите звуци заспиваше Инаку шшшшшш ти е телевизор без антена, да си знаеш Сега не заспива така (Читај без "така")
Јас после јадење му мачкам, ама ќе пробам и пред спиење Хаха моево инатче е, ама ете ноќеска убаво си спиеше во креветчето со музиката од релаксаторот
Ааа ш'шкач Богами и тоа треба да биде професија, или барем занимање Ние сме евровизиски расположени... ееееее... оооооо.....аааааааа.... ооооо....ммммм
Ако му се спие и упорно го заспиваш а не заспива престано го да успиваш. Изнеси го на тераса, во двор, на улица. Понуди вода. Во никој случај немој да се изнервираш. Осигурај се дека не е гладно. Мачкај заби. Ако премн плаче далерон/ парацетамол со дозвола од педијатар. Овие неколку дена би требало почесто да плачат во сон поради полната месечина ( ова е мое мислење не знам дали е научно докажано). Но месечината како што ја крева водата нагоре така влијае и на растот на забите и на нашиот сон/ несон.
Мојава вчера изненади. Заспа во 8 се разбуди во 2:30 за млекце па во 6. Цела ноќ во креветче ја преспа. После си заспа пак па едно 45 мин мање више спиеше. И сега спие Денес правиме полни три месеци. Да почнам да се радувам дека ќе фаќа ритам на спиење или ова било само моментално нешто?
После 4 месеци децата прават навики за спиење. Така вика моето книже, а истото го гледав на тв ао една девојка која е лиценциран тренер за спиење (и такво чудо имало!).
Забележав дека не треба да пијам кафе особено не во ноќните часови само едно на утро.. На цицање сме неколку дена со ред имав многу гости и му праев на сите друштво со кафето и некогаш ми идеше 2-3 кафиња во денот ми се збираа и бебушот до 3 сатот после нема спијање сега еве неколку дена пијам само по 1 кафе на утро и бебево ноќе си спија без проблем го заспивам кај 10 станува кај 1 за цицање после кај 4 па после дури до 7-8 се буди.. Се надевам дека вака ќе продолжи...
Да да. И јас еднаш пиев по 3 и бебе вриштеше не можеше да заспие. Тоа кога беше само на доење. Сега пијам по едно само.
Хеххехе леле како памтите се и како за кусо одма се фаќате хехе.. Да ама пишав забележав дека кога испив повеќе од 2 кафиња бебето не ми спијаше.. Инаку предходно да си спијаше само заредив со кафињата повече од 3-4 дена.. Инаку предходно го заспивав во 10и30 си спијаше до 3 и пол стануваше за цицање и после дури во 6 ипол стануваше..
Ние сме со шшшшшшш, пшт пшт пшт, оооооо, нани, нани Ама веќе влеговме во шема и му ги научив дремките и како програмиран е, а куцне час мора да спие, па не ретко почна пак да се успива на цице И во право е @gjoker4e успивање со сила или па баш дека мора тогаш никако. Порано или не погаѓав термин, или преморен беше па ќе нишкам на нозе до недоглед, да го играш кенка, се тегне, вришти, па го мотав во ќебе (за јакна нема време нели) и на тераса, на клацкалката едвај сум успеала удобно да се сместам тој веќе заспал
Па ептен самоуверен пост имаше и некако фалбаџиски и ми останал во сеќавање Затоа велат рипни, па кажи оп
За среќа можам сеуште да се пофалам.. ама не и да се инатам ако си забележала ќе ти текнеше дека ми беше постот сепак не се инатам можно е и да е период така и имав на една членка коментирано а тоа ете баш дека може да се воведе ред на бебе сеуште стојам на тоа а коментарот стрикно ми беше за креветчето оти сите ме убедуваа дека неможи бебе да спија во креветче еве го сеуште си спија... И за среќа не беше само период.... само ова со кафината беше баш период.. Јас па искрено не забележувам многу постови со ничии коментари едноставно не ме интересира толку многу колку што некои луѓе ги интересира баш се... И можи поубо си го живеам така животот без мемирирање на нечии туѓи проблеми.. Фала многу поздрав..
Браво, ОВА Е ЗА СИТЕ ИНАЕТЧИИ ШО МИ СЕ ИНАЕТАТ ДЕКА НЕМОЖИШ ДА МУ ВОВЕДИШ РЕД НА БЕБУШОТ И ТЕК КАКО МОЖИ... и ние не се нишаме и вкреветче си спијаме цицаме на 3 3ипол сати некогаш фазла а кога сме капени по 5 сати спијаме цицаме и го легнувам само си заспива вкреветче и ич не го земам ниту со мене ниту па го држам да го шетам низ соба враце иако сите ми велеа дека ќе го правам тоа оти бебето ќе плачи еве воопшто не плачи и се чудат комшите велат да не немате вие бебе дома 3 недели сме само само ко ќе стани за јадење тро прокемкува ако не му дадам одма Не сум пребарувала никогаш постови, ама за твојава прва реченица немам коменар.