хехехе еее и јас памтам хехехе после твојот пост за малку во депресија ќе паднев, не ме фаќајте буквално за збор ама така е хехехе. Инаетчика сум и јас по природа хехех ама само три недели сте биле тогаш, сега Блек грл не потсети, а речиси сите бебиња тогаш спијат, некои имаат жолтица, некои се помалечки, едноставно скоро сите спијат толку, па некои дури и повеќе од твоето, после почнува и неспиењето и редот хехех да не се фаќаме за кусо
Бацкии до сите сите имате МНОГУ ПОВЕЌЕ ВАКВИ ПОСТОВИ ИНАКУ ПРВАТА РЕЧЕНИЦА БЕШЕ ВО ЗНАК НА ВООДУШЕВУВАЊЕ ОД ПОСТОТ ОД ШТО ГО КОМЕНТИРАВ.. од општа култура пошто и не сум по природа инаетчиња ќе ве игнорирам... И малку битно ми е вие шо мислење имате битно ми ејас да си го изгледам детето како шо треба и да си воспоставам ред онаков каков што си мисламдека е исправен така да ајД здраво!!!
Ту бреее одма се лутиш. Тука сме да споделиме мислења и да си помагаме и @Вереничка и јас и многу други сме се жалеле дека не ни иде нешто по план и замисла.. Никој не ти се помеша во воспитување за ваков одбрамбен став
Не сум ни лутка искрено да ти кажам и многу брзо заборавам секаква глупост.. Така даа.... Можеби треба да бидиш поупорна во замислата....!!
Има да си го држам и гмечам колку сакам. Мислиш цел живот во раце ќе ни бидат, па тоа е едвај првата година, после сами бегаат.
Јас на 2ипол месеци кога пишав дека имаме ред ме нападнаа. Па со првите запчиња од 7ипол месеци па навака немаме ни ред ни поредок. Може да се има ред но има периоди кога се прават отстапки од тој ред. Кога излегуваат забчиња, за време на слип регресион околу 4ти месец и после нз кога имаше... и се ова погоре зависи од бебе до бебе. Некое бебе само си има ред. Некое треба да се доведе во ред. На некое едноставно не може да де воспостави ред. За спиењето битен е и дневниот распоред и ред други работи туку доста пишувам не сум наспана па може да не пишам нешто точно па да ме испотепате хеххе.
И јас овде пишував дека е невозможно да ставам ред на 2 месечно бебе колку што имаше тогаш малата, ама фрчеа коментари како можело. На поголемо можеби да, ама на 2м не можеш и колку сакајте инатете се. Тогаш самата си створи ред за цицање во 2 и 5 ноќеска, преку ден на саат и пол. Како што растеше повеќе време имаше од еден до друг подој. Секогаш сабајле е станувала околу 10ч, ама легнуваше околу 22-23. Потоа самата почна порано да легнува и да станува порано. Мене ми боде очи тоа што на некои децата им легнуваат во 7, 8ч и солат памет како тогаш требало сите деца да бидат во кревет. Мислам малку осет не е на одмет. На другарка 2м бебе заспива во 11,12 ноќеска и што и да праве не може да го успие порано, а станува во 9 и има само една дремка од 2ч преку ден. И што сега таа да прави? Да паѓа во депресија заради тоа што нечие друго дете заспива во 8?
Два ипол месеци сме и немаме ред на спиење. Спанка е, и воглавном денот го минува во спиење ама навечер касно заспива (после полноќ) а дење до 12 спие,па се буди па пак спие и се така. Кај нас маката е вечерното заспивање, се измачува и плаче додека да заспие, па се буди па пак се заспиваме... Ова е измачување и за мене и за беба. И зошто не ми палат техниките на заспивање навечер? Дење лесно ја заспивам а навечер тешко. Сепак сум среќна што откако ќе зацврсти сон спие она а спијам и јас. Се надевам после 4 месец и ние ќе имаме ред на спиење.
Се обидов да го бањам во 19часот, во 19:30 да биде во кревет. Не правеше проблем, ќе заспа ама ми се будеше во 01 часот свеж. Па мака мачевме да го презаспијам. Го заспивавме по повеќе од еден час. Или не се потрудив доволно не знам , ама не успеавме со толку рано заспивање. Па преместив еден час напред. Гледам до 20:30 , најкасно 20:45 да е во кревет и подобро е . Тоа прво преспивање после бања му е најдолго и најмирно. После се буди на 2-3часа. Педијатарот ме предупреди до 3м да не очекувам некој ред. И преку ден е различен. Се буди во 9 , па преспива прва дремка околу 10-10:30 , некој си 15м пола час колку да јадам. После во 13часот, па во 15, па околу 18 часот и доаѓа време за бања. Ама и тоа не е континуирано. Знае и целосно да е пораметено. Засега и не очекувам нешто друго. Премногу е мал, тек ги осознава ноќта и денот.
Па нема баш грчеви, нити тоа виење од мака, болно плачење. Некако вознемирена ми е навечер, плаче за сон, очите црвени сами се затвараат ама никако цврсто да заспие. Не знам што и е! Небе секој ден исти, некогаш повеќе спиена а некогаш помалку. А ете ја денес спиеше до 10, па од 12 до 15, па од 17 пак заспа и уште спие... очекувам околу 20 да се разбуди и окплу 22 ќе сака пак да спие Почнува да кемка, па поплачува , па дремка во раце, цица и дремнува па се буди, нервозна станува и се така до 1 пополноќ. Тогаш заспива убаво и продолжува да се буди на 3 часа (цица и заспива) Ама и многу ми спие дента, а ми нема логика да ја будам.
Ред толку рано немав ни јас. Многу се мали за ред. Цело време на цице беше, не па да има ред за спиење. Wonder weeks вика дека од 15та недела станува извесно кои навики ги имаат.
Ред до 4 -5 месеци баш и неможат да воспостават, ама вие од рагање што се вели држете се до истата вечерна рутина и легнувајте дете во исто време секој ден...со тек на време ќе настапи и целоноќното спиење без будење
@snegulkata и мојот истото го прави ако не заспие после бања. Кенка вознемирано додека не заспие. Ни се случува веќе неколку пати . @kukla21 ја пратам и јас вондер викс. Ми вика оти минуваме прв скок. Ама уште толку ја немам прочешлано.
Моево до 3м, до кога и беа грчевите беше исто вознемирен навечер, исто ништо посебно не беа изразени, да виел од мака никогаш, едвај се успивавме, ама само неколку пати не држеше будни до кај 23/24ч. Па може и тоа и е мака и и предизвикува нервоза навечер. Сум кажала мојов е спанко, уште спие турбо, не му пречат воопшто денските дремки, за ноќното спиење, му пречи ако му ги скршиш и му се измести редот. Јас не би будела, мала е, почекај како ќе е по грчевите, како ќе е по 3от месец каде спијат поцврсто, барем мојов има поцврст сон.. Мислев да не помешала ден/ноќ, имам блиска која имаше таква мака, едвај се преорентираа, но нејзиното не беше кенкаво, плачливо, туку спремна за игра
Ние сме една недела, незнам дали јас неможам да фатам ред или е сеуште прерано. Се буди на секој час и половина до два на вечер и бара да цица, а преку ден спие повеќе и по два три часа. Можеби на вечер немам толку млеко па можеби му е малку. Да пробам после цицање со дохрана. Незнам како да постапам збунета сум сакам да му фатам некој ред и за него и за мене подобро и полесно
Сама ништо да не пробуваш, дохрана не се дава без препорака од педијатар.. Малечко е ептен, така сите бебиња стануваат, немаат ред, па тек ке фатат и грчеви.. ке се буди. Дохрана само ако не напредува убаво, а тоа на контролите ке се види... Ете малку и редот е помешан, спие повеќе преку ден... овие 40 дена се такви, ке си фатите ред, само трпение