Мало е за ред. Всушност нема ред толку мало. Моево се на цице беше. Така и спиеше Гледав само навечер секогаш во исто време, исти работи да правам за да и створам асоцијација за спиење. До ден денес исто терам. Со тек на време ќе фатите ред. Млеко не давај ако не сте мерени и не знаеш како напредува. Лесно е млекце да се даде, проблем може да е на цице да се врати.
Моево преку ден си спие по 3 саати. Си цица и си заспива. Во меѓувреме преслекување, капење, надвор на воздух и не фаќа саат, саат и пол будни. Некогаш и на цице заспива. Ко ќе се разбуди во 17-18 часот не спие до 22-23. Тоа време изгледа ја мачат грчеви и никако не можам да ја смирам. Штом дојде 22h си заспива. Навечер се буди во 1:30-2:00, после во 4:30-5:00. После 5 се буди на секој час и така до 7-8 сабајле кога си заспива.
Кога не испишуваа од болница ни рекоа можи и дохрана доколку имаме потреба. Утре ќе одиме на педијатар. Ајде ќе се привикниме злато мајкино фала на советите
Епа таман утре ке ви кажат. Инаку како пркнуваат така побудни се преку ден дека денот е побучен, посветло, ке почне да разгледува наоколу и ке седи побудно. Ноќта тивка, темно, ке си спие повеќе. А сега го нема тој ред бидејки ептен е мало, ни погледот дури не им е бистар... Нека си нанка само сега, кога сака тогаш, нека си расте
Од кога почнаа вашоте бебиња да спијат на страна и дали ги оставате. Синко е 7+ и од пред некој ден ноќе сам се врти на страна. Незнам дали да го оставам или да го враќам на грпче.
Јас по препорака од ортопедот во старт го ставам на страна да спие (главчето му беше налегнато на едната страна). Сеуште спие најчесто на страна, кога не сака сам легнува на грб, а кога самиот сака да се сврти на страна најчесто иде тоа на меше Вие до сега 7м само на грбче спиете?? ОК му е главчето?? Блиска се така ја ставале ќеркичката и ептен и го сплеска, па накнадно едвај и го оправи..
Јас пак само на страна ја ставам да спие. Само наизменично, еднаш на лева страна, еднаш на десна. Многу ретко на грб.
Mojata od koga pocna sama da se vrti na strana 5+mislam deka bese togas i ja ostavav taka da spie,sega veke na stomak samo spie i nema problem sama si ja vrti glavata i se isprava koga ke se razbudi..inaku sme 7+ i nie..
Мојот оти си блуцка,па се дави се засркнува од старт е на страна. Сам се врти на грпче. Па некогаш и со перниче го потпирам. @Naturel ептен сте мали за ред, мојот на почеток на 15мин се будеше, пола час.
Исто и синко кога направи 7 м почна рингишпил да прави В кревет, постојано се врти и не спие на грб. А до тогаш само на грб спијаше, јас го ставав на страна ама тој одма на грб си се превртуваше. На меше уште не сака да стои многу а и не спие на меше. Остави го да си спие на страна, веќе си се местат како што им е убаво.
Веќе 1 месец почна прво сам, сега јас го местам и приметив дека откако спие така се буди само еднаш и брзо презаспива
Мојава спие само на грб од раѓање, ја ставав на страна се враќаше на грб, ке ставев перница кенкаше за да се заврти. Главчето и е океј, иако спие на грб она си врти лево десно со главата
Да не се разбереме погрешно, не е дека ако спијат само на грб ќе им се деформира главчето. Најчесто си ги вртат самите иако не спијат странично. И моево кога спие на грб знае да сврти глава. Што за жал со блискава не беше така, статично и било девојчето, па со перници, плачки потоа ја ставаа исклучиво на страна да спие, па голема беше па се бунеше, уф големи маки видоа
Јас знам па мајка која често и беше бебе во релаксаторот (дури таму спиеше некогаш) и главчето се сплеска, таму мислам потешко им е да се завртат лево и десно, баш позади беше рамна сплескана главата... Синчево ко жапче со нозете до 2години на грб спиеше, исто глава вртеше лево и десно сам, океј му е главчето. Сега како спие мајко мила Шета низ цел кревет, уште на глава што не спиел
Моево нема убава форма на глава, се трудам да му ја ,,средам,, вртејќи го на сите страни, ама некако тешко ми иде Едно време како ,,алијант,, беше, сега барем како порна ми стои да му е Ќе видиме друга недела ортопед што ќе каже, по мене ќе не ,,кара,, Педијатарот вика кога ќе почне да седи ќе му се оформела поубаво
И моево беше така. Дури смешен во главатаДо 5 месеци спиеше само на десно. До година ортопедот рече ништо. Од 5 мес почна сам да си се врти и сега е супер
Викаш Јас ептен се нервирам, налегната му е на десно, има напредок од раѓање ама не е тоа тоа. Па и издолжена нагоре некако, абе ванземаљац