Може ли да ми пишете тие што ги шетате бебињата во количка, како ги успивате / презаспивате? мора да е легнато заспано или и будно може само од движењето да заспие? моето има два месеци и до сега за шетање излегуваме само во слинг, таму може да заспие и ако ја ставам будна со малку нишкање и шшкање или пеење, надвор и само со одење, и си спие по саат два три. Само сега со жешкото не е толку удобно.. Во количка сум пробала само дома и на тераса, ама скоро веднаш се разбудува и после ни нишкање ни возење не ја заспива.. можеби не сум чекала доволно долго? не плачи ама само седи со ококорени очи а многу ако чекам секогаш ми е мисла дека малку ќе и се фати спиење, а и дека колку е побудна толку повеќе ќе кенка и плаче на крај мачејќи се за да заспие. Друг проблем ми е што денски многу ретко заспива на доење, и ако треба да ја легнам во количка заспана прво треба да смислам како да заспие.. Како правите вие?
Ја местам во транспортер. Рамот од количката на рамо. Пред влез ја монтирам. Тогаш или во следните 10 минути е заспана. По 1,2, или повеќе саати.
Моето бебе од новороденче го шетав со количка. Ќе го наранев дома и излегувавме. 3 сати го возев и толку и си спиеше во корпата, како ќе влезевме дома одма се разбудуваше. Уживаше да спија во корпата. Сега сме големи.
jaсно.. можеби е до детето или сака и гајле нема или нема многу што да направиш.. јас читав да чекаш 20 тина минути во раце цврсто да заспие, да не ја тргаш раката веднаш кога го ставаш, да ја топлиш претходно количката внатре, да ставиш твоја блуза.. мислев такво нешто ќе ми кажевте од ова се ми е испробано а пак не сработува(
Се од ова пробав, плус топлев шише со вода и ставав до него, џабе. Јас оддамна се откажав да го успивам во количка, а уште помалку да го ,,терам,, да спие во неа и да правам стави/вади. Едноставно нашиве не се за тој сон Како преку ноќ се навикна да спие во креветче пред полни 4месеци, така еве пред 5 месеци преку ден се навикна од секогаш спиење во раце, да спие во креветче или на кревет. Количка не ни нудам, уште помалку учам да спие со возикање. Успивам со нишкање ама дур заспие
Бебе вечерва за прв пат заспа на меше Мислев дека никогаш нема да сака да лежи или спија на меше. Од новороденче не сакаше, како ќе го наместев на меше одма плачеше. 8+ сме.
@kukla21 знам дека сум досадна но сакав само како на претходната членка да ми пишеш колку часа преку ден а колку преку ноќ да спие на 11-12 месеци но ок. Сега ако може да го пишеш линкот да ја купам книгата и сама да си прочитам.
Ние исто мака мачиме со седење на меше. Последнава недел поуспешно му задржувам внимание на земја со колички и една негова слика. Незнам што толку го фасцинира, ама се додека му задржува внимание нека ја гледа. Мрзливко е малку, а наредна недела сме на ортопед па да видиме колку ќе не искара
Моево е многу мрзливо. До скоро не се превртуваше. Сега се превртува од грб ма меше а обратно незнаи па плачки има. На под не сака да биди на меше можеби бидејќи му е тврдо. Само малку на кревет и одма се буни.
Исто, од грб на меше се врти, иако уште не му е јасно со долната рака што да прави, како да ја извлече. А од меше на грб никако и плачки се. Ќе се научат има време. Ние сега малку поупорно и го залажуваме со играчки за да вежба.
Уф проблем гоолем е раката и как нас, не знај кај да ја стави, па пробува така да се заврти ама ја превиткува раката и плачки уште толку, и јас го учам се надевам ќе научи за брзо.
^наеднаш ќе научат и сфатат. Мојов во последниве три дена, од никаде, наеднаш почна да се превртува и во сон. До сега спиеше само на стомак, деновиве се превртува и на страна и на грб и така спие. Кога се врти на грб малку се буни и кенка зошто се свртел, па си се враќа назад или ме расонува мене да го вратам : ) Мислам дека клучно беше што му избија и горните два заби, па како ослободен од тоа се фокусираше на вртењево наоколу. Од стомак кога си игра почна и да седнува со кревање на раце, се крева на комодата, плус почна и да лази ама затоа мислам е најслаб од сите врсничиња, точно 8кг има на 8 месеци. Црвче ♡ И да уште станува пречесто, барем 3-4 пати
Да да, не му се секирам, таман си е. Правев споредба само со другите на негова возраст тука што читам по форумов
@Ano @orhideea И мојава до скоро не се вртеше од меше на грб, јас дури и засекирана бев, одеднаш почна да се врти, беше многу смешна кога пробуваше додека не успеа да се сврти. Сега е како рингишпил низ цела соба се врти. Под масата ја најдов пред некој ден. Ставајте им играчки пред нив и околу кога се на меше за да им го задржете вниманието. Ќе научат одеднаш и после нема да смеете сами да ги оставете на кревет.
Nie sme 7 nedeli I bebus. Samo.mi spie vo race ili.kolicka..taka ako go spustam posle 2min stanhva.. nemozam nisto da fatam?? I koga e buden vo race.sovetI?