Нормално е тоа. Прочитај за "слип регрешн" во 4ти месец на чичко гугл Еве мене што совети ми дадоа да го научиш детето да презаспива по циклусот од 45 мин: - спиење во темна просторија - бели/розеви звуци - околу 10/15 мин пред очекуваното време за будење го закачнуваш бебе колку да се размрда, ама да не се разбуди. Така го продолжува сонот. Ако во оваа постапка се разбуди, следниот пат пробуваш порано истото да го направиш. Јас едноставно решив да не ја успивам. Ја оставам будна дур сама "не побара" да спие. Вака од саботата. И дете спие подобро. Исто ко тебе живци кинев да ја успијам. Она се нервира, јас препотена. Дури и во количка почна да ми заспива, а тоа мисловна именка ми беше.
^^ јас бебе не заспивам дур не клапне, го играм, го шетам и го следам, почне ли да трља очиња, кенка, цуце на уста, на нога, нишкам 1мин и бебе спие Прееска се пожалив дека последни 4ри дена легнува околу 23ч, денес го ,,будев,, на секоја дремка, односно надвор го оставав да спие, а тоа бучно и се будеше, ниту нишкав, ниту се трудев да презаспие, плус баба беше па во термин за дремка го играше и еве заспа нешто пред 21ч, па вањда нема да ми се ококори Ама спие до мене, море добро е последниве денови спиеше во раце пола ноќ или на цицка
Кај нас незнам што е ама имаме измешан ред. Сепак е ред. Скоро секоја вечер заспива 8:00-8:30 и спие до 00:00-00:30 е после тоа измешано се буди јаде и еден ден спие до 05, или се биди на не цели два саати и јаде, побав да го презаспивам без млеко ама неиде. Јаде исто секоја вечер, припремите исти стално зашто еднаш се буди еднаш не незнам. Може има врска со дневноот ред, сега учиме спиење сами дење па пократки дремки има зошто не секогаш успевам да го презаспивам.
Денес ние пак истиот проблем. Од 7:30 сме будни,дали само 20минути спиел. Незнам дали е нормално за бебе од месец дена ова..Само на града сака да седи,не цица,и многу ама многу прета со ноџињата и рацете...Ми плаче по малку,ама повеќе кенкав ми е.. Да не има проблеми со гасови? Чајот од Бекутан од анасон ефикасен ли е? .....
Ако витка ноџиња грчеви се во прашање. На града бара утеха нормално е. Чај Бекутан јас давам повремено. Полн бил шеќери ама мојот го сака. Не давам редовно за да кажам дали на тоа се должи што до сега немал грчеви. Пробај Бекутан, Хип, повеќе ги има.
10 месеци имаме. И последниве денови ќе се разбуди во 5 сабајле и цело време прета, се врти, немирно спие. Горните единици ја мачат. Дали од тоа не спие или не знам што може да е? Преморена сум.
Овој мојот пак забушава. Таман почна да спие сам и јас почнав да се спремам да го ставам во креветче од следната недела. Еве веќе втор ден повторно се буди чим се тргнам малце од него. Спиеме гушнати. Веќе пукнав јадам еднаш дневно, дома ми е лом, ако спие не одам во вц да не се разбуди. Беше супер две недели и сега повторно стара песна. Пробувам да се тргнам 5 пати потоа се откажувам или ако е многу долго неспиен не ни пробувам. Инаку добитна комбинација да спие сам беше да го легнам на страна зошто на грб се будеше сега и на страна почна. Се надевам дека е само фаза и ќе продолжи сам.
Не знам дали е за тука или за во доење постов ама ајде нека го. Синчево последниов период се буди апсолутно на саатипол за да цица. И си цица убаво некои 5-10мин, па го нишкам пак да го презаспијам. Таман сум заспала тој пак буден бара цица. Има 4 заби, сега ги извади горните две единици, мислам не е до заби, а да цица толку често никогаш не се случило. Преку ден цица околу 3 пати веќе, воврдов вечера од пред една недела, го чувствував дека сака да јаде... можно ли е да снемувам млеко? Тоа ми се врти само со овие чести цицања, и преку ден после цицање не издржува долго сит...не знам како да проверам, на 9 месеци контрола за некој дрн па ќе мерам подој кај педијатарот....
Не сме стигнати до 9 месеци за искуство да ти пишам ,ама мене ми личит на скок во развој. Млеко си имаш, не се сомневај. Ние на 6 месеци бевме такви,на саат, пола саат будење. Муабети слушав дека млекото мое не и држело- глупости!! Сега дека на скоро 8 и држит а тогаш не. Не се сомневај во млекото, едноставно е период, ќе помине. Трпеливо и со лесно мајка.
Сите се исти, како растат, се почесто ќе се будат, зборам за доени деца. Не е само скокот во развој, ниту пак е гладно, ниту пак снемуваш млеко. Додека цица ќе имаш. Забите им се голем проблем, особено кога ќе почнат поголемите заби да растат. Еве го моево, 20 месеци е за некој ден, има ноќи кога одвај еднаш се буди за цицање (а е многу ретко тоа), а почесто се буди ептен често. Ноќеска на пример, воопшто не ја пушти градата од уста, ептен е нервозен поради тројките. Затоа и решив да го одбивам веќе, ме истоштува целосно.
Ние имавме фаза некаде од кај 10ти до 11ти месец скоро секоја вечер стануваше во 3 по полноќ и сакаше да си игра/да биде буден дури до 7 сабајле. Значи месец дена ќе побудалев, ама ете фаза беше помина. После тоа од 11ти до 12ти месец спиеше по 7-8 саати без да се разбуди, значи се изнаспав Еве сега сме 13 месеци вади 3ки и пак се буди навечер накај 4, 5 саат ама го нишкам и презаспива. Трпение е одговорот, а за премор да не разговараме
Имаме вкупно 8 заби, горе и доле кецовите и двојките. Сега излегува тројка горе негово десно. За 4ките нели е рано? Јас мислам прво 3ки излегуваат па 4ки, или?
Прво четворки се, па тројки. По книга, иако нема правила. Сепак 13 месеци е рано за тројки. Четворки може.
Се сложив со твојот одговор и ме смири малку кога вечерва заспа во 10 со цицање, два пати го презаспивав бидејќи се будеше со плачење, третиот пат понудив и да цица, цицаше некои 5 минути, почна да плаче и се разбуди...се убив од презаспивање не презаспа и не. Во 12 и пол го носам пак да спие, му давам да цица, поцица и пак плаче...направив адаптирано и испи дури 150мл :/ не знам што да мислам...инаку уште не е заспан...умирам за спиење а он гајле нема....
Моето прво синче беше од раѓање така , и како здрвена седев 3 саати со бебе во скут да спие и не се ни помрднував , а ако ми се идеше во веце трпев кутрата јадењето ми беше еднаш на ден и тоа неколку залчиња , од 60 кг ослабев на 52 кг (коска и кожа се сторив) а навечер ми спиеше како јагне па најдов чарето и јас да живнам , го легнував на кревет кога беше време за спиење и јас до него легнував цице паркирано во усте и одма заспиваше исто и музика пуштав онака ни тивко ни гласно , просторијата затемнета и бебе спиеше раат , а јас одмарав додека спие и од 5 месеци во дубак го ставав за да соработувам нешто . Пробај и ти да го заспиваш така на кревет со музиче (обични песни) и затемнета соба , ќе ти успее ќе видиш