Упорност Моево во странатво присака во количка да седи. Сега везден надвор сме и си спие без проблем (со мал напор некогаш ) А може и такво е. некој функционира со малку сон, а некои се спанковци и како возрасни.
И моево веќе месец лази и се исправа на се што стигне. Дури кога мојам садови, доаѓа и ми се исправува на нозете, пресладок Можеби "пожилавиве" се потемпераментни и помалку послушни. Веќе на 9 месеци преспива само еднаш дневно едвај 2 часа, навечер спие 10 часа ама станува по 4-5 пати за цицање. Заспива исклучиво со малку нишкање (барем 5минути) а во седиште во кола седи само одреден период, кога ќе му се здосади ништо живо не го задржува да доседи до нрајот на возењето :/
Мојава во раце не сака да спие, одма се буни. Ја ставам на креветот и легнам до неа, почне да ме гребе, да ме штипе и ќе си заспие. Ама во последно време многу време и треба да заспие, ќе се врти лево десно, ќе си трие очиња и никако да заспие. И конечно ќе заспие се буди после пола час до час. Некогаш повеќе време ни одзема процесот на заспивање отколку спиењето. Ретки се моментите кога спие околу 2 часа .
Заспивавме ние сами или со цицање до скокот 12 недела, тогаш се ни се поремети. После заспивавме само со нишкање втранспортер никако поинаку, ми цице ништооо. Сега пак заспиваме со цицање и понекогаш ја нишкам. Почнавме кон 23 да заспиваме зошто госпоѓичево дури не се извртит неколку пати меѓу мене и татко и и дури не се испрајт на мене, него или на спалната не си легвиме никако. Будење исто 4-5 пати. Денски два пати, некогаш три по сааѕ, саат и пол, остатокот е турбо по неа . Ќе се научат, и мене ме нишкале па сега сама заспивам
И јас му пуштам една апликација Моцарт и има 8песни и само тие верглаат и до сега е ок заспива ама сака да го повозам малце или на релаксатор да го понишкам...Еве сабајлево ручна кашиче и јас занесена на моб.оп цуцлата и за 5мин.заспа без урлање па втора дремка во количка на тараса исто ама има денови се потам од мака што го нишкам ќе менува но стравувам да не сака да го нишкам до 2год.како на другарка ми 3год.во градинка заспива сам а дома на количка иначе не спие до ниедно време...а музичево ќе си го терам за заспивање дури има денови кога си ги потпевнувам и си викам леле Пилееее
Јас ги сонувам патките. Има денови и моето знае око да склопи, ама тоа на прсти се брои и не вреди да се спомне. Претежно е со стимулација заспивањето.
@kukla21 Наскоро ќе бараш нова песна. Мојата исто ја заспивав со една иста песна. Ја заспивам со нишање ама и пејам една иста песна (ако ви кажам која е ќе ме мислите за луда ). Знаеше штом почнам со таа песна ја навалуваше главата на мене. Сега веќе две недели имаме проблем. Бидејќи имаме мака со заспивање, скрати една дремка, воопшто не сака да спие се ја интересира, сега штом ја заспивам ако почнам да и ја пејам песната почнува уште повеќе да плачи, се трга од мене, клоца. Па сега пејам други песни
Ова со музиката ти е добра идеа. Ќе почнам да го применувам па се надевам ќе се навикне да заспива така. Едно време применувавме со музика да го заспиваме. Ни сама незнам зошто престанавме
Хаха е тоа си во право. Син ми едно време а го однесев во спална знаеше, цицаме, навалува главче и заспан е за 5мин...па почна а влеземе во спална да пишти и плаче, нема шанси да цица, знае што следува, а се го интересира и не сака да спие... Инаку сега си се присеќам, кога веше мало, до кај 4 месеци, цицаше, го навалував на мене и веќе беше заспан без да станам да нишкам, пуст мерак да фо држам на себе...така си го научив.....може да го оставав во креветче после цицање ќе си се научеше само да се успива Ајде сите ќе пораснат, само да се живи и здрави викам
Така е за некој месец сами ќе се тргаат од нас. Преуморна сум од нишање и носење в раце, ама па краток е овај период. По некоја година и вратата ќе ни ја затвораат да бидат сами
Јас се стремам да го истренирам бебо мој како Сара @mariz Значи ќе се најаде, во креветче, гасам светло, излагам од соба, ќе си попее сам, ќе си позборува, повртка и ќе заспие девојчето ни е идол Сум пишала, да не се повторувам, го преморувам и го успивам или со нишкање или сам се успива на града, скрос сам да се успие искрено не сум ни пробала ај вечер баш ќе пробам по теркот на Сара да се успиеме (пази да не успееме ама ај ). @Igle а кој спомна дека доседува во седиште Мојов не баш, кога-како уствари, ако е термин за дремка ќе заспие и ќе се разбуди во некој Мол, ама ако не ние си знаеме, неколку пати сафра го фати, вришти, пишти, ништо не го смирува ^^такви ни се децата, најдобри, наши си се
Синко или јас со нишање на пилатес топка го заспивам најчесто додека јаде или мм го шета да гледа па полека спушта глава. Оваа недела е невозможен вчера вриштеше кога примети дека се спремаме за спиење. Спуштивме ролетни тивко светло кога му дадовме да јаде тоа беше вриштење, се смири кога запалиме светло. Заспавме саат подоцна. Така веќе недела дена. Ама да не го подречам ноќите спие подобро како почнавме во креветче да го спуштаме спие од 8-9 до 2-3 се буди за јадење и тешко презаспива му треба скоро саат и спие до 7. Што за сега е супер само да трае ддне се буди многу па ќе нишкам не е проблем.
Не се успива така веќе хахахаха Има омилено меко кебенце и се покрива преку лице, се открива, се покрива, се отскрива и така дур не заспие Пред некој ден на перење беше и немаше шанса да заспие сама со друго кебе, па мама на спална ке ја заспиеше (легната до неа и ме чепкаше), па кога заспа ја префрлав. Треба да си купам уште едно такво кебе
Леле ова подарок ми е, не е истото од Џамбо (дека има слично таму).. преубаво меко е како едно од Дормео, да ви го сликам, да не сте виделе кај го има.. Ептен е мекано, памучно... тоа во Џамбо е некако потенко и поразличен материјал..
Памук Пале имаш (Беверли или Ново Лисиче) вакво ние имаме многу е меко ептен затоа Сара си го бендисала
@mariz хммм мекано ќебе викаш, имам слично малечко ќе пробам и со тоа Иако моево, а види ќебе се склетисува, само памук да е, така да може подобро некое крпче, пелена да дадам и да стане омилена, а заправо и давам во очај со нешто да се залаже на 5минутки