Од што може бебе да е поспано? Денес цел ден цица и заспива на цице после неколку тргања. Еве сега ја разбудив, ја преслеков, ја ставив да цица, поцица малку и одма заспа и тоа цврсто си спие, не реагира. Може да е гладна и заради тоа да е поспана или ако е гладна не ќе може да заспие? Веќе немам памет не знам што да мислам, скренав овие два дена.
Колкави сте? Да не влијае времето? Моево овие 2,3 дена ко "пијано" ,едвај го будам ќе стане и сам се враќа да продужи
2 месеци. И јас си помислив да не е од времето, ама голем паничар сум и прво мислам на полошото, па после друго.
Јас случајно така го научив. Му ја пуштав музиката од релаксаторот за спиење уште од старт. Ама без никаква намера може дека јас спиев до лани со музука. И сега кога "потпорасна" сфатив дека штом ја пуштам музиката го асоцира на спиење И заспива. Којзнае дали фативме ред, заспива кај 20-21h, до сабајле 7-8, со едно станување за јадење. А денски има две дремки кај 11h и 15h.Претходно заспиваше и во 18h па после дури кај 23h. Од кога решив тој период да го играм повеќе, не заспива. Битно знае дека пред 20h се бања и кога ќе го види коритото многу се радува. Некогаш може и до детето е, јас реално никогаш не сум знаела да си воспоставам ред за мене
Бебка е 3+ Преку ден си преспива по 30мин до саат измеѓу секое млеко и спие во релаксатор. Меѓу 8 и 9 млеко во креветче во спална заспива и спие до кај 7 сабајле. Со едно будење за млеко ( не се ни буди него почнува да мрда и клоца), инцидентно но многу ретко се буди 2 пати у тек на ноќта. Се надевам ќе си продолжи вака, па за скоро ќе укинуваме ноќно млекце.
Прашање е сега да го будам мали или не!? Вчера со куп луѓе низ куќа, од рака во рака како штафета и бебе нормално се возбуди, плус заби го мачат, плус топло му беше (а жив гол беше ама се поти ли поти), плус не знам ти што и резултат не играше и ни пееше до 12.15ч Стана во 8.30 и заспа во 9.30 и уште спие Ќе го успивав како Сара, пази да не, јас ќе бев пресреќна било како да се успиеше, а му се спие, очиња му се вцрвениле и со вриштење заспа, па во 3ч кога па се ококири ми се плачеше, ама ОК за 10тина минути презаспа, ипак не беше така ОК мене ме одмина сонот и до 4.30ч будна бев, Кенди краш играв Последниве 2недели многу менува, ама многу, секој ден ни е лотарија, иако вчерашниот беше врв
Јас ептен се плашам од вакви промени може малку спие преку ден дунде, па ноќе надоместува. Си се тешам де
Го разбудив сабајле, 3ч спиеше и будев, па едно 2ч и повеќе го играв, а за право едвај помина 1час пак сакаше да спие, па пак го будев за 3ч инаку ќе спиеше уште, па се дружевме уште 3ч го преморив, а богами и изнервирав, па со плачки успеав некако да го успијам, нишкав, он станува јас го враќам, он вика, јас погласно пеам и бидна спие од 20.30ч
Јас колку сум чувствителна кога плаче, срце ми се пара, ама што можам Ама ова плачење му е со викање, не е од она со солзи